Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.181
- Поени од реакции
- 34.395
Немам впечаток дека некој го „форсира“, иако, можеби ти го перцепираш како форсирање затоа што го читаш се' почесто. Според некоја логика, верувам дека „Северна Македонија“ се користи затоа што тоа е официјалното име на земјата. Исто како што се користеше „Македонија“ кога тоа беше официјалното име.Македонец гугла - најпребарувани поими во Северна Македонија во 2019
Технолошкиот гигант Google на крајот на секоја година објавува листа со најчесто пребарувани поими на интернет. Граѓаните на Република Северна Македонија во изминатата 2019 година најмногу се интересирале за мерката Мој ДДВ, а меѓу најпребаруваните поими се и „земјотрес“ и „неработни денови...kajgana.com
Зошто упорно се форсира ова Северна Македонија по порталите, вклучително и Кајгана?
Зарем има законски казни ако се користи Македонија?
За мене лично, секогаш ќе биде „Македонија“. И тоа име го користам во секоја (неформална) комуникација.
Сепак, доколку би комуницирал со јавноста како новинар (или друга официјална позиција), би го користел и официјалното име на земјата. Затоа, во ситуација кога името не е само „мое“ или „твое“ (па да одлучиме самите која „верзија“ ќе ја користиме во официјална комуникација) најдобро е да се користи официјалната верзија.