Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.349

Зошто упорно се форсира ова Северна Македонија по порталите, вклучително и Кајгана?
Зарем има законски казни ако се користи Македонија?
Немам впечаток дека некој го „форсира“, иако, можеби ти го перцепираш како форсирање затоа што го читаш се' почесто. Според некоја логика, верувам дека „Северна Македонија“ се користи затоа што тоа е официјалното име на земјата. Исто како што се користеше „Македонија“ кога тоа беше официјалното име.

За мене лично, секогаш ќе биде „Македонија“. И тоа име го користам во секоја (неформална) комуникација.
Сепак, доколку би комуницирал со јавноста како новинар (или друга официјална позиција), би го користел и официјалното име на земјата. Затоа, во ситуација кога името не е само „мое“ или „твое“ (па да одлучиме самите која „верзија“ ќе ја користиме во официјална комуникација) најдобро е да се користи официјалната верзија.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Официјалното користете го кога имате интервју со владини или други официјални лица/институции, пример „Владата на Северна Македонија донесе нов закон за увоз на автомобили“ и слично, али овој наслов и редица други се лејм за мене. :toe:
Сами си ги бркате читателите заради некоја неизнудена политичка коректност, не знам како да објаснам без да го сватиш лично како сопственик на порталот.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.349
As if користењето Македонија наместо Серверна Македонија нема да предизвика па реакции кај тие што го прифаќаат новото име? :)
Како и да се свртиш, поделбите помеѓу напалените од едната и напалените од другата страна секогаш ќе си останат. И секогаш некоја страна ќе биде „навредена“ или „обесправена“. Токму затоа и не импровизираме, туку го користиме тоа што е официјално.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Официјалното користете го кога имате интервју со владини или други официјални лица/институции, пример „Владата на Северна Македонија донесе нов закон за увоз на автомобили“ и слично, али овој наслов и редица други се лејм за мене. :toe:
Сами си ги бркате читателите заради некоја неизнудена политичка коректност, не знам како да објаснам без да го сватиш лично како сопственик на порталот.
Ова во поново време е прилично осетлива тема..Јас сум во приватна фирма и сите приватни фирми сменија податоци на web страни, теркови на дописи (без оглед дали се работи за преписка кон министерства или трети фирми). Официјаното име е тоа, колку и да не ни се свиѓа. Независно кој и да е газда има официјална терминологија која се следи. Во случајот треба да се прави дистинкција помеѓу професионализам и лични чувства, барем ако се работи за сериозен портал.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Најголема актуелност за оваа година е 5Г технологијата, лани и оломнани биткоинот и криптовалутите, 2008 проектот на ЦЕРН (црна дупка ќе ја проголтало земјата), 2011 и 2012 за крајот на светот, 2000 беше то со милениумската бубачка (крахот на компјутерските системи поради промена на бројката од 1 во 2)...
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
As if користењето Македонија наместо Серверна Македонија нема да предизвика па реакции кај тие што го прифаќаат новото име? :)
Како и да се свртиш, поделбите помеѓу напалените од едната и напалените од другата страна секогаш ќе си останат. И секогаш некоја страна ќе биде „навредена“ или „обесправена“. Токму затоа и не импровизираме, туку го користиме тоа што е официјално.

bar ni e jasno koj na koja strana e :icon_mrgr:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Сметам дека како новинарски портал треба да се користи Македонија, освен кога цитирате официјални документи. Забавен сајт сте, не офицјална институција. Скоро ниедна држава вон офицјален карактер не го користи своето уставно име. На пример порталите и весниците во Британија и во Германија не пишуваат офицјалното име на своите земји.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Не порталите и весниците, туку и куп фирми на своите веб страни сеуште си стојат со West Germany :pos:, а ние се утепавме да бидеме поголеми католици од папата:tapp:,ама ајт што не прошло преку наша глава?
Јас на пример, секогаш во комуникација со странски фирми си користам Macedonia или Republic of Macedonia, па дури и со грчки фирми ;). Никој нема изреагирано.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Јас уште не сфатив на која страна сме, ако растумачиш ти, просветли ме :D
kajgana? severdzani so tapija.

forumot e taka administriran, na politickava tema prilicno ubavo moze da se vidi adminite cij stavovi zastapuvaat i koja strana uglavno e banirana. voopsto ne se slagam so tvojata "logika" za oficijalnoto ime posto ne se sekavam predhodno vo statiite da ja oslovuvase makedonija so firom taka da uzivaj, se e jasno.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.901
As if користењето Македонија наместо Серверна Македонија нема да предизвика па реакции кај тие што го прифаќаат новото име?
Нам кои не го прифаќаме новото име многу нормално ни смета „Северна“.

Тие што го прифаќаат, ако им смета кога Македонија е напишано без Северна, можеби треба да посетат психијатар?

Со Македонија си во вин-вин ситуација. Ниту прекршуваш закон, ниту пак има кој да се навреди.

Со Северна си пукаш во колено.

Да не ме сфатиш погрешно, порталот си е твој. Твое е како ќе пишуваш, на корисниците е дали да отвораат или не. Те цитирам само затоа што не ти држи вода објаснувањето. Ситуацијата е чувствителна само за оние кои не се согласуваат со промената, не за останатите.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
As if користењето Македонија наместо Серверна Македонија нема да предизвика па реакции кај тие што го прифаќаат новото име? :)
Како и да се свртиш, поделбите помеѓу напалените од едната и напалените од другата страна секогаш ќе си останат. И секогаш некоја страна ќе биде „навредена“ или „обесправена“. Токму затоа и не импровизираме, туку го користиме тоа што е официјално.
Друже нема напалени за Северна, реално да си правиме муабет! Има само некој процент на кому тоа му конвенира и е должен да го застапува тој став. Верувам дека персонално дали 2% македонци се за таа варијанта и тие се со некоја материјална побуда.
Од друга страна сосема те сфаќам, приватен портал, на удар на било кој кого не му се погодил денот! Мораш да одиш, како по јајца да газиш! На овој да не му згрешиш, на оној да не се замериш, ЈБГ кога сме шака народ.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
As if користењето Македонија наместо Серверна Македонија нема да предизвика па реакции кај тие што го прифаќаат новото име? :)
Како и да се свртиш, поделбите помеѓу напалените од едната и напалените од другата страна секогаш ќе си останат. И секогаш некоја страна ќе биде „навредена“ или „обесправена“. Токму затоа и не импровизираме, туку го користиме тоа што е официјално.
секој портал мора да биде финасиран за да опстане, реклама нели?
...пример, скоро сите го осудуваат „новинарското“ пишување на „ ШАШО политико“ барем неколкуте бизнисмени што ете во неврзан разговор со мене го осудуваат, за да јас на тоа ОК е тоа осудување, но зошто токму кај него ви се вашите реклами и го „храните“ таквото пишување што сега пред мене го осудувате? м? ...тишина, нема одговор! по некоја логика изборот на информациите на порталот покрај другото би требало да биде тесно поврзано и со „желбите“ на спонзорите, така да нема љутиш на нешто што Кајгана не би можела да смени на државно ниво, освен да замре ако не ги следи тие текови!... единствена замерка, можеби, треба некоја рамнотежа во модераторството на форумот (во смисол на политичко определување во соодветните политички теми), што на крај краишта и форумот не е толку важен како дел на самиот портал Кајгана!

1576178271434.png

инаку ете ја разгледав цела насловна страна не видов никаде „Северна“ ете напротив најдов „Македонија“ како сопственост на пишувањето на Кајгана, а не пренесувани инфо наслови !
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
kajgana? severdzani so tapija.

forumot e taka administriran, na politickava tema prilicno ubavo moze da se vidi adminite cij stavovi zastapuvaat i koja strana uglavno e banirana. voopsto ne se slagam so tvojata "logika" za oficijalnoto ime posto ne se sekavam predhodno vo statiite da ja oslovuvase makedonija so firom taka da uzivaj, se e jasno.
ФИРОМ никогаш не било име на земјава, тоа е референца под која ни се обраќаа во ООН. ФИРОМ и Северна Македонија не се на исто ниво и затоа споредбава не ти е на место.
Едното е уставно име, другото е референца под која ти се обраќаат во ООН.

СДСМ можат цело време да викаат дека со Северна не спасиле од ФИРОМ, ама ФИРОМ не било официјално име никад.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom