Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Tрендо станал патетичен и сиромав. (од пред некое време)
Една од причините е, што у секоја ебана статија за било што, вметнува дневно-политичка домашна агенда.
Трендо е патетичен и ситничав како некоја маалска оговараљка уште од времето кога настапуваше под псевдонимот "Ина многу фина" na fb. Кога ќе земеш и какви кадри се изнедрија под негово менторство (Бетемен серит и ГреФкоски), нема што многу да се додаде. Релативно јак на "перо" (а кој не е деновиве?!), а во живо врзан во јазикот (посведочено во "Милионер").
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Трендо изгуби многу кеш откако дојдоа СДСМ на власт. Ова е начин да ја истури таа нервоза. Скоро цел хејт му е поради кешот, но има мал дел поради кој искрено критикува.
Но, скоро сите работи што ги критикува, со право ги критикува.
Двеве власти последниве да речеме 13 години, иако се реално 30, ја сотреа државава на различни начини.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.943
Дали критикува со право, е друго прашање.
Автоматски споено мислење:

 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.731
Поени од реакции
9.782
Не ме интересира политика на Офф.нет, ги рипам тие стории и вести. Туку една друга работа ме нервира - сајтот е уствари сервис за превод на Редит постови. Милион пати ми се има случено да прочитам нешто на Редит (посебно постови за фудбал во r/soccer), па 2 дена подоцна истото да го прочитам на Офф.нет на македонски. Уствари некој таму седи на Редит, си бира 2-3 постови што му се интересни, си ги преведува на македонски во неколку реченици и ете ти содржина. Ако користиш Редит нема потреба да отвораш Офф.нет. Ебате мрзите, една оригинална мисла во глава да се немало.



Деновиве Квентин Тарантино во едно интервју изјави дека скечот со г-дин Креосот од Монти Пајтон (со дебелиот што повраќа во ресторанот) е единствената филмска цена што некогаш го вознемирила.

Не Офф.нет, деновиве го прочитавте ова на Редит. Интервјуто е сигурно пред една деценија (истава изјава е дискутирана на Редит во 2012).

 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Баш го проверив ова денеска и видов уствари дека изјавата на Тарантино воопшто не е нова.

Како за сајт што се фура дека е нешто интелигентен и оригинален, испаѓа дека е ист како таблоидниве турбофолкерски сајтови само што овие од Оффнетот крадат од друго место, не преведуваат како другите од српски портали.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
И јас имам приметено дека си наоѓаат статии и видеа/гифови на Редит, а исто и вестите од светската сцена ги земаат од r/news или r/worldnews. Единствено ги вади тоа што ставаат извор до оригиналната статија, инаку ќе имаше можност да го јадат за плагијат.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260


Класика Фактор... Па уште и објаснување во првите две реченици, демек ве кликбејтнавме, ама еве оправдување:

Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски ќе предава на Универзитетот во Чикаго.
Но сепак тој нема да се пресели таму, ако помисливте, туку само ќе одржи едно предавање. Објавата ја сподели лично на својот фејсбук профил
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031


Класика Фактор... Па уште и објаснување во првите две реченици, демек ве кликбејтнавме, ама еве оправдување:

Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски ќе предава на Универзитетот во Чикаго.
Но сепак тој нема да се пресели таму, ако помисливте, туку само ќе одржи едно предавање. Објавата ја сподели лично на својот фејсбук профил
А баш помисливме дека имаме нов одлив на големи умови...
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Бомбардирани сме деновиве од некаква свадба кај Цеца, ужас колку им се придава важност, па каков фустан, па што рекла комшивката, па „ова ќе ве остави без зборови“, па „што му рече зетот на старосватот“... до бескрај, „петпарачки“ работи.
Слично беше за некојси Лазиќ (мислам), имаше сообраќајка пред 2-3 г.. И тој е пеач изгледа. Па од час во час известуваа за здравствената состојба со недели, па што рекол по освестувањето, па кое око прво го отворил, па што рекол на бившата... пак до бескрај. Небаре за Тито се работи.
И тоа нема крај. Нивото е длабоко во минус заминато. И секако, Copy-Paste.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не е ни толку проблем што известуваат за овие сељациве, има публика која се пали на тоа, интересно им е тој кичерај, но друга работа цело време се заборава и наши портали можеле барем една статија да одвојат, дека тој луксуз и тие пари, таа вила на Дедиње не е заработка на сељанката од што пеела, туку од пљачкашките походи во викенд војувањата низ Босна и Хрватска на тој мајмунот од маж што и беше, плус црни пари од еден куп други валкани работи што ги вршел за Југословенската служба.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434

Зошто упорно се форсира ова Северна Македонија по порталите, вклучително и Кајгана?
Зарем има законски казни ако се користи Македонија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom