ВAР е најглупавото нешто што е воведено во светот на фудбалот последниве години.
Поништен е гол за еден миниметар "офсајд"
Додека се дешава ова, гарантирам дека постојат 20+ фаули, офсајди и што ти уште знам што нема да бидат сменети како одлука поради тоа што..што има бе ВАР тогаш да се користи нели?
Одзема 3 минути од играта, се губи жарот, и да му ебам мајката, ако дојде време за БУКВАЛНО ПОЛА МИЛИМЕТАР да се поништи гол, прашање на време е кога за секој мал фаул ќе има пауза од 2-3 минути за да се провери од повеќе страни дали е нешто пенал или не.
Исто така, да не зборуваме за тоа колку не се конзистентни одлуките и колку пати работи што се гледаат и БЕЗ ВАР не биле сменети како одлука и покрај тоа што постои овој маестрален систем.
Радува и фактот што ова се случи на меч меѓу очаен Тотенхем и Шефилд Јунајтед, за да не излезат некои со
"hehe taka treba, samo vi smeta koga e protiv vas heheehhe i pola milimetar e biten prashaj ja zhena ti haahha", па може сите фанови да се спојат и да кажат дека ВАР е по непотребен од политички партии во БЈРМ
Во Сериа А, Примера и ЛШ, вакви скандалозни одлуки после консултирање со ВАР, практично и нема.
Во Премиер Лига, ВАР-от е најлошото нешто што може да му се случи на фудбалот.
Заебете ,,два милиметри, два милиметри, офсајд е офсајд". Поентата на ВАР-от е сосема поинаква и замислата на творците сигурно не им била ваква. Употребата на истиот е нејасна, честопати тенденциозна и служи во функција на заштита на главниот арбитар. Судиите во собата прават се што можат за да му го зачуваат угледот на колегата на терен.
И тоа е само во Англија. И тоа се само Англичаните, кои по навика уништуваат се што е добро и вредно на светот и кои успеаја за три месеци да ја обесмислат една од најреволуционерните новини во историјата на играта.
Патем, на Сон против Лестер му поништија скоро идентичен гол.
Како и да е, не постои компјутер и луѓе (болдирано) што ќе ме натераат да верувам во офсајдов и веродостојноста на геометријава.