Ако земеме во предвид дека имаме подмладена репрезентација(со 23-24 годишни играчи),1 место во групава е супер.
На почеток целта беше да се пласираме на Европско,тоа го остваривме,еве успеавме и подобар шешир да фатиме(најверојатно во 2 шешир сме).
За нас е супер успех ова,меѓутоа со ваква игра јас стварно незнам што ќе правиме на Европско...
Министерот спиеше овие 2 утакмици,сериозно треба Брестовац да размисли дали треба да биде во голманите што ќе одат на Европско,со оглед на тоа што Томовски ќе брани во Бундеслига од следна сезона,мислам дека ако напредува малку ќе биде и подобар од Борко,плус 37 години е веќе треба да си гледа пензија,можеби и сам да си се повлече.
Митревски одличен,што да се каже не извади на двете утакмици,стварно ми е ептен криво за човеков што не успеа да направи подобра кариера,нема везе зборен е тој муабет.
Мислам дека треба да биде прв голман на Европсково,кога и да му се даде шанса ја користи максимално.
На лево крило мислам дека не сме во проблеми,Манасков има уште многу за играње,еве и Маџовски покажува дека има квалитет,сега во Работник оди под палка на Алушевски,можеби ќе научи нешто повеќе,плус Сеха и ЛШ ќе игра,мислам дека е печен за едно големо натпреварување.
Пикерите исто се одлични,слободно може да кажеме дека имаме еден од најдобрите пикерски парови,Пешевски-Столе.
Пешевски ептен напредна во последниве години,еден од најзаслужните за победите во овие квалификации,одлично се гради,прима топка,сега во Бундес може и уште подобар ќе биде,мислам дека ако има некој среден бек да му дели топки ќе се истури од голови.
Е сега десно крило ни е една од најпроблематичните позиции,Џомба ептен неконстантен многу падна во формата,неможе да се ослониме само на него,Поповски 3 крило во Вардар,Костески па ептен млад ќе видиме како ќе се снајде во Загреб сега.
Искрено јас би му дал шанса на Никола Костески од Татран,треба да се проба мислам дека боље ќе игра од Поповски,треба да размисли Брестовац за ова,нека го следи активно во новава сезона па ќе видиме.
За Кире нема зима,нема старост,сепак мора полека да го заменуваме 39 години има,најверојатно последно првенство ќе му биде ова,мислам дека чека да пројдат квалификациите за Олимпијада,има голема желба да се избори за да играме таму.
За негова замена стварно незнам што мислиме,Велковски го видовме неколку пати,нема ни предиспозиции,ни глава за да игра на големи натпреварување,цела сезона повреден беше незнам колку може да сметаме на него во иднина.Јагуриновски мислам дека е далеку од вакво нешто,единствено надеж дава Серафимов,меѓутоа којзнае како ќе се развива,ситуацијата во Металург е катастрофа,во младински категории покажува дека може нешто да биде од него ама сепак друго е тоа друго е да играш со ѕверови,двометраши итн.
Лев и среден бек што да се каже 5 години чекаме да созреат "децава" и ништо пак не добиваме.
Талески топло ладно ќе даде некој гол,таман ќе речеш дека добро игра него топката ќе му падне од раце или ќе направи некој глуп потег што неможеш ни да го замислиш.
Во одбрана кога игра дува промаја...
Кузмановски нема потреба да се коментира,сам си ја сјеба кариерата што отиде во Работник,мислам дека пред 2-3 години беше подобар него сега.
Тогаш барем желба имаше се бореше,сега како да му е сеедно,само ќе ја подаде до Кире и толку.
Незнам што мисли да прави во Магдебург со ваков пристап,или ќе дава пешкири и вода на колегите.
Јас искрено од Танкоски повеќе очекував,мислев дека може да пружи нешто подобро,да пробие еден на еден некако како да нема слобода во играта ми делува,ама ајде за него да речеме дека ова му се први настапи па во иднина ќе биде подобар.
Крстевски незнам искрено,јас не гледам некој потенцијал во него мислам дека ова му е максимумот,дај боже да грешам.
Одбраната слабо на Велко му дошло преку глава од ракомет мислам дека треба Димитриевски да игра повеќе.
Искрено не сум оптимист дека може да направиме на првенствово,освен да се повампират некои "млади" играчи,па во сплет на околности некако да ни се наредат коцките за да стигнеме до Олимпијада.
Ќе видиме сега и групите како ќе бидат да се надеваме на нешто полесно.
[DOUBLEPOST=1560717701][/DOUBLEPOST]1 шешир: Шпанија, Шведска, Германија, Франција, Хрватска, Унгарија
2 шешир: Норвешка, Македонија, Данска, Белорусија, Словенија, Русија
3 шешир: Австрија, Црна Гора, Летонија, Исланд, Португалија, Чешка
4 шешир: Босна и Херцеговина, Полска, Швајцарија, Украина, Холандија, Србија
Во која група ја посакувате Македеонија и со кои репрезентации?