Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
16 мај 2010
Мислења
6.243
Поени од реакции
5.485
Кога клубот е слеп, играчот е оној кој мора да реагира и да си најде средина во која ќе игра. Тиквеш нели се бори за излез во Европа може да отиде таму да игра. Не го мислам ова со лоша намера спрема самиот играч, сега е Павле утре ќе е Кизиќ, кој исто мислам дека направи лош избор, отиде во Пелистер надевајќи се дека ќе брани пак е резерва. И многу случаи така наназад.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.660
На Атанасијевиќ како ќе му легнеше Вардар. Нека си бара друг клуб, нека не седи на клупа.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.670
Поени од реакции
5.803
Павле златен играч 2 години на клупа оставен за 3то класни странци местото да му го држат а со тоа и развојот на самиот играч.
Горан Ѓоргоновски -

Во таква ситуација, Ангеловски повлече принуден потег, поставувајќи го некогашниот ракометен бисер и голем талент на мак ракометот, Павле Атанасиевиќ на фундаментална позиција во одбранбената зона на битолчани, како партнер на Абутовиќ, притоа давајќи му ја диригентската палка во нападот на шампионот. Павле одигра феноменален натпревар, во два правци, „доби“ огромен број дуели со бековите на Алкалоид, покриваше пивот, блокираше, помагаше, одигра храбро и решително во напад, пробиваше низ зоната, „торпедираше“ од дистанца, носејќи го натпреварот во каква-таква неизвесна завршница, каде Пелистер постојано му „дишеше во врат“ на Алкалоид. Неверојатно е како еден играч како Павле комплетно ја промени физиономијата на зоната, даде агресивност и решителност во нападот и покажа дека треба повеќе време да „носи“ екипа, да победува, да губи, да промашува и да погодува. Павле. Не Борзаш. „Норвежанецот“ кој од Елверум, наместо во Бундес лига (ако беше ербап), несреќно заврши во Битола, играч кој две години игра за статистика и веќе размислува кого финансиски ќе „заколи“ до година. И затоа Павле, а не Тајник. Па макар и загубил титулите, ама на нивен автентичен начин. А гледаме дека Борзаш, Тајник и Цикотиќ не се ама баш никаква гаранција за освојување титули.За Европа не сакам муабет да правам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom