16 години од бомбардирањето на Србија од НАТО

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Забегавте од темата, ако вака продолжи ќе ја затворам на одредено време.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Eден интересен настан (навидум небитен) кој дури сега излезе во јавност.Луѓишта!

LET KROZ KIŠU 200 NATO LOVACA: Piloti JAT-a herojski spasli avione 1999. godine!
DRUŠTVO20:30, 29.03.2015.

Gotovo cela flota prevezena je na sigurno do rumunskih aerodroma, gde su avioni ostali do kraja agresije

Tačno u podne, na današnji dan, pre 16 godina, poleteo je sa surčinskog aerodroma avion "boing 727" nacionalne avio-kompanije - "Jugoslovenski aerotransport".
Prkos, bes zbog bombardovanja jedne male zemlje, želja da se sačuvaju letelice i posle agresije nastavi život nacionalnog avio-prevoznika, nadvladali su strah. Za komandama kapetani piloti Stevan Ignjatović i Sava Ostojin. Bili su u tom "boingu" i flajt inženjer Mihajlo Rodić i avio-mehaničar Boban Živanić. Oko 12 minuta leta delilo ih je od bezbednog vazdušnog prostora Rumunije. I 12 minuta najdužih u životima članova ove posade, pišu Večernje novosti.

- Tadašnji generalni direktor JAT-a Žika Petrović sve je organizovao i dogovorio sa Rumunima i našom komandom ratnog vazduhoplovstva - seća se Stevan Ignjatović. - Doneta je odluka da se JAT-ova flota od devet aviona, među kojima je bio i čuveni DC 10, prebace u prijateljsku Rumuniju. Jer, prvih dana bombardovanja padale su granate na prostor beogradskog aerodroma, uništen je policijski hangar i oštećen veliki hangar "JAT tehnike" u kojem su, osim aviona JAT, bila skrivena i dva "miga 29". Na sastanku pre poletanja, pilotima, a bilo nas je 20, koji su odabrani i pristali da učestvuju u ovoj operaciji, rečeno je da niko ne garantuje da nećemo biti oboreni.

Целосно: http://www.kurir.rs/vesti/drustvo/let-kroz-kisu-200-nato-lovaca-piloti-jat-a-herojski-spasli-avione-1999-godine-clanak-1716883
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Денеска пред 20 години почна бомбардирањето на Ср Југославија.

Бомбардирањето почна откако србите вршеа злосторства врз цивилнито албанско население и откако пропаднаа сите обиди за мировен договор помеѓу страните.

Бомбардирањето го даде својот резултат и српската страна капитулираше, со што се отвори патот за враќање на околу 1 милион протерани албанци и обновување на Косово кое беше во најголем дел разрушено.

Денеска на Косово владее мир, а во исчекување сме Србија и Косово да се помират.

Никогаш да не се повтори.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.960
Бомбардирањето отвори пат на етничко чистење на Косово, кое беше исчистено од српските цивили со толерирано насилство и константен притисок. Особено значајни беа настаните од 17 март, кога илјадници Срби и православни храмови беа цел на координирани религијски и етнички мотивирани напади на Албанците, лицемерно толерирани од меѓународната заедница.
Резултат на ова е уште поголемо етничко чистење, слично на истото кое го спроведоа муслиманите на Блискиот Исток.

Косово од почетокот на својата независност до сега стана главен извозник на исламситичкиот тероризам, со најголем број на борци за ИСИС по глава на жител во Европа (129).

Како извозник на нестабилност, самата "држава", неколку пати подржуваше и упатуваше терористички групи во Македонија. (последен пример - Диво Насеље, оние терористи кои погинаа таму, беа со државни почести погребани на Косово)

Сето тоа наголемо придонесе Косово да се оддалечи од потполното признавање и независност, па така денес имаме наместо зголемување, намалување на признавањата и неуспех во интеграциите за ООН и др. Доколку пред неколку години, не ни можеше да се помисли на цепење на територијата на Косово, денес тоа е нормален дел од разговорите во кулоарите на висока политика, заедно со екстериторијалноста на црквите и тн. Инфантилната дипломатија на косовските политичари исто така не помогна многу околу овој надолен тренд.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.751
Поени од реакции
7.929

Зошто не бараше да се бомбардира Косово после ова:

upload_2019-3-24_19-16-11.png

https://www.hrw.org/report/2004/07/25/failure-protect/anti-minority-violence-kosovo-march-2004

Или после ова:

https://www.businessinsider.com/afp-kosovans-mourn-rebels-killed-in-macedonia-shootout-2015-5

Или после ова:

https://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/kosovo/11818659/Inside-Kacanik-Kosovos-jihadist-capital.html
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Бомбардирањето отвори пат на етничко чистење на Косово, кое беше исчистено од српските цивили со толерирано насилство и константен притисок. Особено значајни беа настаните од 17 март, кога илјадници Срби и православни храмови беа цел на координирани религијски и етнички мотивирани напади на Албанците, лицемерно толерирани од меѓународната заедница.
Резултат на ова е уште поголемо етничко чистење, слично на истото кое го спроведоа муслиманите на Блискиот Исток.

Косово од почетокот на својата независност до сега стана главен извозник на исламситичкиот тероризам, со најголем број на борци за ИСИС по глава на жител во Европа (129).

Како извозник на нестабилност, самата "држава", неколку пати подржуваше и упатуваше терористички групи во Македонија. (последен пример - Диво Насеље, оние терористи кои погинаа таму, беа со државни почести погребани на Косово)

Сето тоа наголемо придонесе Косово да се оддалечи од потполното признавање и независност, па така денес имаме наместо зголемување, намалување на признавањата и неуспех во интеграциите за ООН и др. Доколку пред неколку години, не ни можеше да се помисли на цепење на територијата на Косово, денес тоа е нормален дел од разговорите во кулоарите на висока политика, заедно со екстериторијалноста на црквите и тн. Инфантилната дипломатија на косовските политичари исто така не помогна многу околу овој надолен тренд.
Србите побегнаа од Косово заедно со српските војници и парамилитарци.
Од Косово има помеѓу 60.000-80.000 српски бегалци.
Од тие бегалци, има луѓе со крвави раце, има многу сведоштва дека првите соседи биле учесници во масакри, други во палење и плачкосување на имот.

Таа снимка што си ја поставил е од 2004 кога се удавија 3 албански дечиња во река, за што албанците ги обвинуваа србите.

Но нема црква што не е обновена на Косово.
А за џамиите знаеш ли дека беа уништени стотина?

Меѓу албанците има секакви, и такви што војуваат во Сирија, имаме и пеачки познати за цел свет, имаме и порно глумици, спортисти и уметници.

Како што има меѓу србите четници што војуваат во Украина, и политичари што велат дека Косово не е Србија и лгбт што парадираат во Београд.

Тие од диво населје не беа пратени со државна почест, туку ветерани на Учк во униформа.

Ако србите до пред некоја година велеа дека Косово е срцето на Србија, сега се сведе на северот е срцето на србија.[DOUBLEPOST=1553453975][/DOUBLEPOST]
Бомбардирање за што, за нешто што се смири за еден ден?
Најголем дел од убиените и повредените се албанци.

Побегнатите се вратија пак, и тие неколку цркви се обновија.

Само во селото Голема Круша се убиени 243 албанци и запалени сите куќи. А севкупно во конфликтот загинаа околу 12.000 цивили.
1 милион протерани. 120.000 уништени куќи и објекти.
Малку ли причини за бомбардирање на еден налудничав крволочен режим и систем, кој што веќе ја имаше прелиено чашата уште од Хрватска и Босна.

Жал ви е за Милошевиќ и неговите подржувачи? Не сте во ред тогаш.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.960
Жал ви е за Милошевиќ и неговите подржувачи? Не сте во ред тогаш.
Убивањето и тепањето Срби, со палење и рушење цркви е еднакво на борбата против Слободан Милошевиќ.
Веројатно и убивањето деца на Велигден кај Смилковско ви е еднакво на борбата против Груевски. Затоа ли ги браневте убијците?[DOUBLEPOST=1553460155][/DOUBLEPOST]Бомбардирањето на Србија беше непромислен потег, кој денес ја усложни позицијата на НАТО кон оваа земја и ја втурна во руски прегратки. Српските политичари денес, колку и да се сервилни и евроинтегративно ориентирани нема никаква шанса да се приклучат кон сојузот. Бомбардирањето е сериозен (историски) багаж. Ни Џинџиќ, ни Тадиќ, ни било кој политичар, колку и да е Заев, во Србија, денес не може ни да размислува за НАТО-интеграции. И на западните политичари тоа им е јасно и не ни притискаат нешто посебно околу ова. Но, земјата не може да се остави на безбедносна ветрометина. Русија беше и остана логичниот безбедносен одговор за Србија, кој добива на квалитет во последнава деценија, со Руската дипломатско-безбедносна експанзија.
Оваа состојба во која се наоѓа Србија на безбедносен план, посебно е негативна за НАТО, кога ќе се земат в предвид глобалните напори за консолидирање на Јужното Крило.
 
Баш му е гајле на Нато, нек му ја мислат србите, опколени се од НАТО.
Едно Косово им постави такси па кукаат секој ден, замисли некоја организирана изолација да им се деси.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.640
Поени од реакции
81.618
30.000 проектили со осиромашен ураниум фрлени само врз Косово, 2.500 во Србија, и мал дел во Република Српска... безброј заболени од рак и тумори во Косово, Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија.

За се друго постои Мастеркард... :toe:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.960
Само каурите да ги истребат и ракови и све што треба ќе прифатат.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Само каурите да ги истребат и ракови и све што треба ќе прифатат.
Кога ќе размисливаш подобро рак отколку смрт, масакар, силување итн.
Ама поважно е што се уништени неколку православни цркви... everybody should lose their minds...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.960
Кога ќе размисливаш подобро рак отколку смрт, масакар, силување итн.
Ама поважно е што се уништени неколку православни цркви... everybody should lose their minds...
Знам дека никаков проблем не ти е уништувањето на цркви, ама 17-мартовските настани имаа за резултат и протерување на повеќе српски семејства од разни области на Косово. Координирана и системски изведена акција на напади. Кристал нахт.
Но и тоа знам дека не ве тангира, така да сеедно е што ќе кажеш ти или другион вана би Арап.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Србите побегнаа од Косово заедно со српските војници и парамилитарци.
Од Косово има помеѓу 60.000-80.000 српски бегалци.
Од тие бегалци, има луѓе со крвави раце, има многу сведоштва дека првите соседи биле учесници во масакри, други во палење и плачкосување на имот.

Таа снимка што си ја поставил е од 2004 кога се удавија 3 албански дечиња во река, за што албанците ги обвинуваа србите.

Но нема црква што не е обновена на Косово.
А за џамиите знаеш ли дека беа уништени стотина?

Меѓу албанците има секакви, и такви што војуваат во Сирија, имаме и пеачки познати за цел свет, имаме и порно глумици, спортисти и уметници.

Како што има меѓу србите четници што војуваат во Украина, и политичари што велат дека Косово не е Србија и лгбт што парадираат во Београд.

Тие од диво населје не беа пратени со државна почест, туку ветерани на Учк во униформа.

Ако србите до пред некоја година велеа дека Косово е срцето на Србија, сега се сведе на северот е срцето на србија.[DOUBLEPOST=1553453975][/DOUBLEPOST]

Бомбардирање за што, за нешто што се смири за еден ден?
Најголем дел од убиените и повредените се албанци.

Побегнатите се вратија пак, и тие неколку цркви се обновија.

Само во селото Голема Круша се убиени 243 албанци и запалени сите куќи. А севкупно во конфликтот загинаа околу 12.000 цивили.
1 милион протерани. 120.000 уништени куќи и објекти.
Малку ли причини за бомбардирање на еден налудничав крволочен режим и систем, кој што веќе ја имаше прелиено чашата уште од Хрватска и Босна.

Жал ви е за Милошевиќ и неговите подржувачи? Не сте во ред тогаш.
Малце повеке за плановите на Милошевич за етничкото прочистване на Косово и ролата на Бугариja и неjните служби за предаване на този план на западниот свет.

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Знам дека никаков проблем не ти е уништувањето на цркви, ама 17-мартовските настани имаа за резултат и протерување на повеќе српски семејства од разни области на Косово. Координирана и системски изведена акција на напади. Кристал нахт.
Но и тоа знам дека не ве тангира, така да сеедно е што ќе кажеш ти или другион вана би Арап.
Не било координиран напад, пошто на албанците не им одговараше, беше излив на револт на поголема група граѓани во едно поствоено општество.

Во ноќта на 3/4 февруари 2000 (после војната), се случи напад на северниот дел на Митровица, кога неочекувано српски вооружени формации почнаа да ги нападнат албанците на тој дел од градот, како резултат на тоа имаше 10 убиени албански цивили и многумина повредени,како и 1500 албански семејства протерани, за да и ден денеска не можат да се вратат во своите домови.

На 16 март 2004 во селото Чабер, на северно Косово, во српско опкружување, беа удавени 3 албански момчиња, за што се веруваше дека е дело на срби, по што следуваа настаните од 17 март.

Значи не се работи за напад од страна на полицијата, војската, туку револтирани граѓани, кои не можеа да се помират со тоа дека и после војната србите и понатаму ќе убијат и протерат апротерат албанви.

Во тие немири загинаа 20 лица, од кои 14 албанци и 6 срби.
Просечната возраст на убиените срби беше околу 60 години.

Беа раселени 4100 срби, роми и други.
Веќе после некој месец беа вратени половина од нив.

После настаните кривично се гонеа над 400 албанци, на возраст од 15 до 77 години.
Веќе по година и пол беа завршени околу 230 предмети, и речиси толку осудени албанци, само 12 ослободени.

Сите куќи и цркви се обновени.

Правиш ли разлика сега.

Како можеш да бараш бомбардирање на една држава која функсионира?

Настанот од 2004 по тежина не е ни колку еден настан во едно просечно село на Косово во 1999.
Голема Круша, 243 убиени албанци, од деца па до старци, сотрени сите машки селани што им паднале во раце, и тоа од кого? Од организирана државна воена формација.

Кажи ми ти мене како да се постапи со една ваква држава како Србија? Како да ја спречиш да врши таков вид терор?

Како да се постапи со една држава чија што полиција наредува на сите селани да се соберат, потоа им бараат пари и злато за да не им ги убијат децата, и на крај повторно ги убиваат откако ги плачкосуваат.

Како да се постапи со една држава која убиените цивили ги товари во камиони ладилници, ги носат во северна Србија, дел ги копаат на масовни гробници, дел по реките со све камиони, дел ги горат во печки?

Како да се постапи со држава чија полиција и војска ги брка граѓаните, околу 1 милион, а останатите внатрешно раселени се криеле по планини.

Како да се постапи содржава што не почитува никакви меѓународни конвенции.

И сега ти се осмелуваш да изедначиш еден настан како тој од 2004 со 1998/99.

Еве читај за делата на една српска бригада во само неколку косовски општини.

https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=http://www.hlc-rdc.org/wp-content/uploads/2013/03/Dosijea-549.-Motorizovana-brigada-Vojske-Jugoslavije.pdf&ved=2ahUKEwiXubn3053hAhUFCewKHY9kDg4QFjARegQIAhAB&usg=AOvVaw1nJGtVbChVnd-s0S0-FYNy

А сакаш да збориме и за пред 1998/99?
За 1989 кога албанците беа исклучени од системот? Кога се укина автономијата?
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.960
Една од разликите меѓу мене и вас е тоа што јас во ниту еден пост не ги негирав српските злодела на Косово. Вие сметате дека албанските злодела се оправдани, етничкото чистење и уништувањето на црквите. Не може баш некаков разумен дијалог да се води со некој таков. Тоа е системска разлика во начинот на размислување.

Низ призма на тоа размислување, има доста неточности во постот на Dardan-ia. Толку многу, што не знам од кај да почнам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom