Воопшто не сум разочаран од резултатот вчера. Да, испуштена е шанса за +7, но за очекување е некаде Ливерпул да киксира. Се случи вчера, во момент кога Ливерпул е далеку од својата најдобра форма, кога има еден тон повредени играчи и игра против солидна екипа како Лестер. Баш напротив, Сити е тој кој треба да жали за колово, бидејќи прашање е уште колку вакви утакмици Ливерпул ќе киксира до крајот.
Околу перформансот, Ливерпул изигра катастрофално. Убедливо најслаба партија сезонава. Па уште биле под притисок. Епа титула не се освојува лесно, нормално е да имаш притисок на утакмиците, ако сношти имале притисок, што останува кога ќе дојдат последните натпревари? Мора да играат, да ја вратат формата од декември месец (јануари традиционално ни се случува потоп, а и покрај ваков месец во февруари влегуваме со 5 бода предност), ако успеат да ја вратат и одржат формата од декември до крај на сезона, гарантирам титула во мај.
Еткинсон вчера доживеа тешка бламажа. Од чистиот црвен картон на Мегваер (не ми е јасно како не го исклучи кога јасно беше дека Мане излегуваше еден на еден со Шмајхел и немаше играч кој го покриваше Мегваер позади), чистиот пенал над Кеита, евидентниот офсајд на пола тим на Лестер после еден прекин во второ после кој Фирмино за малку не си даде гол,непостоечкиот офсајд на Мане во второ кога беше во многу изгледна позиција...катастрофа од судење, се надевам до крај на сезона нема да суди ни една утакмица на Ливерпул.
Нема простор за паника, Ливерпул се уште има се во свои раце и ја зголеми предноста над Сити за уште еден голем бод, а Сити да бидам искрен не е ни бледа сенка од ланскиот Сити.