Не е работата дека некој тука не смее да иксаже различен став, муабетот е дека исфрли две причини зошто Ливерпул не може до титула а двете ти се исфрлени од рукав, непоткрепени со факт.
Првата ти е дека мора сите дерби да ги играат на гости, што не е вистина, втората дека немаат длабочина во состав, што исто така не е вистина, еве подоле и зошто.
Алисон, Трент, ВВД, Гомез, Робо, Хендо, Џини, Милнер, Момо, Мане и Боби ти се прва 11ка а втора може да ти бидат Мињоле, Клајн, Ловрен, Матип, Морено, Фабињо, Кеита, Лалана, Шакири, Стариџ и Ориги. Никој не вика дека вторава 11ка е квалитетна ко првата, муабетот е дека имаат замена, односно длабочина да ротира, нешто што Клоп и го прави оваа сезона.
Играчи кои не се спомнати а се во ростер али не добиваат шанса се Соланки, Маркович, Еџариа, Окс (повреден) и Нејтан Филипс. Може иам и некој заборавено али нема везе.