Premier League - Season 2018/2019

Шампион за 2018/2019 во ЕПЛ?


  • Вкупно гласачи
    264
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2012
Мислења
203
Поени од реакции
188
Клајн е втора опција, Трент е пред него, Робертсон беше донесен како замена за Морено но после неколку киксеви Клоп му даде шанса на Робертсон и овој испадна дека е еден од најдобрите леви бекови, Морено е цепеница, он да игра промаја ќе дува од таа страна.
Робертсон и беше замена за Морено, пред да се повреди овој.. Морено пред повредата играше солидно, а дали ќе продолжеше така не се знае.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.942
Поени од реакции
42.661
Робертсон и беше замена за Морено, пред да се повреди овој.. Морено пред повредата играше солидно, а дали ќе продолжеше така не се знае.
Како и да е, поентата ми беше дека Морено е нестабилен играч, не можеш да се ослониш на него, една утакмица ќе изигра добро и гол ќе даде после го поминуваат како да е невидлив.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Ме изненади Ливерпул, очекував да паднат со оглед на тоа што едвај се провлекуваа до пред некое коло, со резултати од бинарен систем и неколку среќни победи, особено против Евертон, што мислам беше пресвртница за нив и од тогаш играат доста подобро.

Од друга страна Сити кој што играше десет пати подобар фудбал и ги решаваа утскмиците како против аматери, паднаа, тоа ти е фудбалот. Одбраната ќе му пресуди на Сити, од секој втор напад примаат гол, експертизата на Пеп со факинг Делф на лев бек му е неверојатно глуп потег.

Ливерпул ако ја зачува или ја зголеми предноста од 7 бодови после утакмиците со Арсенал и Сити, има перфектна ситуација, шут од пет метри на празен гол :D
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Ако Ливерпул ја пропушти и оваа шанса веќе не гледам како би ја освоиле ПЛ во догледно време. Се’ до сега е на нивна страна. Несфатливи се вакви киксови за екипа како Сити. Мислев дека оваа сезона ќе ги елиминираат сите пречки и слабости и ќе бидат конечно можеби и најдобра екипа во Европа. А испаѓа дека воопшто не е така. За мене уште се најквалитетна екипа во ПЛ ама седум бодови веќе е ептен солидна разлика.

Од друга страна Ливерпул покажува за сега дека научија многу од грешките од прошлите сезони. Мина времето кога губеа бодови од бош екипи. А богами и онаа среќна победа со Евертон им беше ветар во грб. Ептен голема самодоверба добија некако после тоа. Иако никогаш не сум бил нивен фан (а не сум ни хејтер, секогаш сум бил неутрален према нив) ќе ми биде ќеф ако освојат, посебно поради Клоп, ептен го почитувам типот.

Тотенхем ќе испадне дека стално ги хејтам ама колку сакаат да се приближуваат за мене уште не се кандидат за титулата. Послаби се со квалитет од Пул и Сити а и го знаеме добро тој нивен лузерски менталитет. Очекувам до крајот да загубат чекор па да водат борба за трето или четврто место. Тие ја имаа шансата пред три сезони кога го гонеа Лестер ама на крајот успеаа да завршат дури трети.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.588
Поени од реакции
115.006
Ќе видиме и за Тотенхем, точно е тоа дека важеа за лузери до оваа година али сезонава освен мечот со Арсенал битните утакмици ги добиваат, или барем не губат бодови од добиени утакмици. Ете и во ЛШ успеаа да се извлечат од скоро невозможна ситуација, Челзи го прегазија, фатија горе доле добра форма. Да не се разбереме погрешно, и јас сметам дека немаат квалитет колку Сити и Ливерпул и дека третото место им е реален дострел, али којзнае што може да се случи уз сплет на околности... Али според мене некупувањето на играчи летоска ќе пресуди на крајот и ќе завршат на третата позиција.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.746
Поени од реакции
19.050
Тотенхем го игра најубавиот фудбал моментално во ПЛ, Сон е играчиште а не се крева толку фама за него.
Од друга страна Јунајтед можи и му се погодија натпреварите на Оле ама се гледа дека владее позитивна атмосфера во тимот.
Челзи е Челзи ако им се повреди Хазард ни ЛЕ нема да фатат, мора да купат некое крило и асален напаѓач.
Од другите екипи за топ 4 кажано е претходно.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.599
Поени од реакции
6.370
Тотенхем имаат опција од продолжување на една година на договорот на Алдервајрелд но со активирање на истата има летото клаузула од 25м. Ќе се офајди некој со квалитетен штопер за малку пари.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.365
Поени од реакции
12.786
Знаеш и сам дека не постои можност да се деси тоа и не беше глума во стил да не го допре играчот, контакт имаше, односно го фати за рака е сеа, работа е што театрално си падна а и држењето не беше до толку страшно да мора да паѓа, само што да не паднеше, немаше никад да биде свирнат пенал.
Па нормално нема да го казнат, единствени кои јадат казни се некои што ни од дома не ги знаат дека играат фудбал, освен тој Умар Ниасе од Евертон друг никој нема добиено казна за глума.Веќе 3 години поминаа од кога го воведоа ова правило, а бројот на дајвери во ПЛ е зголемен, што е доста иронично.
Иначе според правилата ова од Салах е калсична глума, дури и сам во постот имаш опишано зошто е глума, го преувеличи контактот и се фрли на земја со тоа го измами судијата.

To identify whether an act of simulation has occurred, the following should be considered:
  1. Is there contact between the players involved? Simulation is more likely in cases where a player attempts to deceive the referee when no contact occurred between the players.
  2. Is there fair/normal contact between the players, resulting in no offence being committed?
  3. Is a player legitimately avoiding contact with his opponent to prevent injury?
  4. Has the player initiated the contact between his opponent and himself in order to deceive the referee?
  5. Does the player exaggerate the effect of a normal contact challenge in order to deceive the referee?
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Ме изненади Ливерпул, очекував да паднат со оглед на тоа што едвај се провлекуваа до пред некое коло, со резултати од бинарен систем и неколку среќни победи, особено против Евертон, што мислам беше пресвртница за нив и од тогаш играат доста подобро.

Од друга страна Сити кој што играше десет пати подобар фудбал и ги решаваа утскмиците како против аматери, паднаа, тоа ти е фудбалот. Одбраната ќе му пресуди на Сити, од секој втор напад примаат гол, експертизата на Пеп со факинг Делф на лев бек му е неверојатно глуп потег.

Ливерпул ако ја зачува или ја зголеми предноста од 7 бодови после утакмиците со Арсенал и Сити, има перфектна ситуација, шут од пет метри на празен гол :D
Не се секирај пред време:D
Далеку е Лузерпул од титулата, како и Шити и они ќе почнат да трипаат некој период, победник ќе биде на кого трипот ќе му трае пократко!
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Па нормално нема да го казнат, единствени кои јадат казни се некои што ни од дома не ги знаат дека играат фудбал, освен тој Умар Ниасе од Евертон друг никој нема добиено казна за глума.Веќе 3 години поминаа од кога го воведоа ова правило, а бројот на дајвери во ПЛ е зголемен, што е доста иронично.
Иначе според правилата ова од Салах е калсична глума, дури и сам во постот имаш опишано зошто е глума, го преувеличи контактот и се фрли на земја со тоа го измами судијата.

To identify whether an act of simulation has occurred, the following should be considered:
  1. Is there contact between the players involved? Simulation is more likely in cases where a player attempts to deceive the referee when no contact occurred between the players.
  2. Is there fair/normal contact between the players, resulting in no offence being committed?
  3. Is a player legitimately avoiding contact with his opponent to prevent injury?
  4. Has the player initiated the contact between his opponent and himself in order to deceive the referee?
  5. Does the player exaggerate the effect of a normal contact challenge in order to deceive the referee?
Се слагам дека играч ко Салах нема да биде казнет, ко што не би го казниле Азар, Погба, Оба, Сане или некој друг од тој калибар.
Иначе, не знаев за правилава кои ги имаш набројано и според нив, да, треба да биде казнет зошто претера со реакцијата.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Тотенхем имаат опција од продолжување на една година на договорот на Алдервајрелд но со активирање на истата има летото клаузула од 25м. Ќе се офајди некој со квалитетен штопер за малку пари.
Освен во Сити, можи да игра стартер во сите други клубови. Можи да си преговара за повисока плата оти ќе му дојди бесплатно. Ван Дајк - Алдервајрелд. :rolleyes: Ем да си ги шитнат Матип и Ловрен и да си ќарат 20-30 милки.:icon_mrgr:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom