Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Краткометражниот „Види ја ти неа“ на Горан Столевски во официјална селекција на краток филм на Санденс.
Претходно ја освои наградата „Мала Камера 300“ за најдобар краткометражен филм на овогодишното издание на Манаки.
Повеќе инфо овде.

Се снима и краткометражниот Вампир односно „Сонот за крвта и душата“ на Игор Алексов, за кој се одобрени пари уште пред 4 години.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Не знам само дали е отворена премиера или само за оние од екипа и кога ќе може обичните смртници да го погледнат филмот? Во репертоарот на Милениум за жал го нема, освен проекција на 9ти од 20 ч., а Синеплекс не ни слушнале. Во секој случај, вака не се промовира филм другари.
1.JPG
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Не ми е јасно како досега не сфатиле дека маркетингот има клучна улога во успеxот на филмот, темата е добра и интересна , А и актерите добро е големи ѕвезди како Бруно Ганц да играат во наша кинематографија
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Во недостиг на професионалци што ќе напишат статија за изминатава година на домашен филмски план како што тоа го имаат направено и на сајтот на босанскиот и српскиот филмски фонд, (претпоставувам и хрватскиот ќе напише - немам отворено, може веќе и напишале), аматерски од моја страна ќе ја претставам не толку успешната македонска филмска година.

Годинава помина со турбуленции на секој план, па така беше и во филмот. Годинава излегоа четири долгометражни остварувања (три поддржани од филмскиот фонд и еден независен филм).
Годината почна со веста дека „Кога денот немаше име“ на Теона, ќе игра во селекцијата Панорама на Берлинскиот филмски фестивал. Филмот шетна на неколку фестивалчиња, ништо звучно или уау и зема награда во Мостар и Белград и некој италијански фестивал (демек СинЕуропа награда), али со оглед на помпата со која беше најавуван не успеа да направи ништо. Важно пари беа фрлени за него.

Во април, на Скопскиот филмски фестивал следеше и премиерата на новото остварување на Коле Ангеловски „Ах, љубов моја“. По 20-30 години, Коле доби повторно шанса да режира игран филм, ама за жал целиот проект помина катастрофално. Филмот се појави на неколку безначајни филмски фестивалчиња во регионот, а во Косово доби и награда за најдобар филм.

Во јуни своја премиера имаше и независниот филм „Јавачи на коњи“ - прво долгометражно остварување на Марјан Гавриловски. Режисерот за разлика од поголемиот дел проекти за кои беа фрлени пари, со мал буџет од свој џеб направи солидно деби, иако има уште многу работа за одличен филм.

И како јаготка на шлагот беше дебито на Ѓорче Ставрески „Исцелител“ - црна комедија за уште поцрното ни општество што барем малку ја разубави годинава што за некој ден ќе измине. Прво, па машко, во сред Солун се закити со награда за најдобар филм од публиката во Балканската програма, шетна до Естонија каде исполни три проекции, имаше свои претставувања во Индија (втор фестивал од А-категорија за месец дена по Талин) и Белгија и веќе 5-6 недели е на редовен репертоар во македонските кина, а доби одлични критики од сите домашни критичари, но и од критичарите на реномираните списанија Холивуд Рипортер, Варајети...

To be continued...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Краткометражните филмови пак се приказна сами по себе. Не се многу застапени по медиумите, не се достапни ко долгометражните во кино или платформа за гледање, а за голем дел и нема никаква информација дека се снимале само ќе ги видиме на некој фестивал. Не знам точна бројка, али сигурно има дваесетина годинава што имале премиера.

Годинава започна со Ќе дојдат децата на Ана Јакимска. Премиера мислам имаше во Италија, шеткаше нешто низ фестивали.. Потоа следеа: Кога не` нема на Стефан Палитов, Последните камбани на Никола Поповски (зема награда на фестивалот во Монтреал), Железната приказна на Калениковски (раб. наслов Старо железо), Долорес на некое типче што студира на штипскиот универзитет, Човекот што не беше тука на Гоце Цветановски, 48 на Владимир Митревски - Ѓуле, Амби (раб. наслов Два) на Марија Апчевска, Види ја ти неа на Горан Столевски (пријатно изненадување со „Мала камера 300“ за краткометражен филм на Манаки и престојните проекции на Санденс во САД и Клермон-Феран во Франција), Доаѓаат од центарот на светот на Дина Дума, Коливо на Андреј Волкашин и Награда раб. наслов мислам беше Патики) на Лидија Мојсовска.

На Синедејс премиера имаа и Минатиот пат беше убаво на некој наш студент во Хрватска, Живот на Јане Спасиќ (македонско-чешка ко-продукција).

Кракометражни филмови за кои има информација дека се снимале во 2017 г., но немале премиера:
Сонот за крвта и душата“ (раб. наслов Вампир) на Игор Алексов
„Обид за среќна приказна“ на Лавинија Софрониевска
„Магнолија“ на Ана Опачиќ
„Судир“ на Дина Дума
„Баскет“ на Димитар Банов
„Црно-бело“ на Сандра Ѓорѓиева (прв македонски мјузикл)

To be continued...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Третиот дел од годишниов извештај го посветувам на играните долгометражни филмови кои се снимаа годинава.

Годинава се снимаа три долгометражни филмови и тоа сите дебитантски (поддржани од Филмскиот фонд).

1. Дедо и внук - современа драма во режија на Илија Пиперкоски. Лик што студирал во Романија, па оттука и доаѓа првата македонско-романска соработка во која Македонија влегува со мнозински удел. Филмот се снимаше мислам април-мај. Целиот е сниман во Охрид. Главните улоги ги имаат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал и Даниела Иваноска. Според продуцентот треба да бидат готови до февруари 2018.

Не знам колку ќе успеат да завршат според предвидениот рок, ама очекувам доста од филмов.

2. Здивот на ангелот - драма со поствоени нишки во режија на Јани Бојаџи. Филмов почна со снимање во септември и мислам дека се снимаше до ноември. Се снимаше во Велес, Скопје, Париз и Грција, а во филмот покрај македонски играат и грчки и француски актери. Главните улоги во филмот ги играат: Младен Крстевски, Мето Јовановски, Љупчо Тодоровски - Упа, а се појавуваат и Јоана Попоска, Биљана Танески, Ирена Илиевска, грчката актерка Јана Пилиу и француската актерка Јана Клеин Рајнер. Предвидениот рок за завршување на филмот е пролет 2018.

За филмов со оглед на штурите информации низ медиумите не се знае многу и не очекувам ништо од него.

3. Ефектот на среќата - филм што се спремаше доста долго, требаше да почне со снимање уште лани, па се одложуваше и конечно годинава октомври-ноември се сними. Режисер е Борјан Зафировски. Главните улоги ги играат: Дејана Поповска (студентка на филмска академија во Париз), Ана Стојановска и Сашко Коцев, а во споредните улоги се појавуваат и Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Мими Таневска и Петре Арсовски.
Се снимаше во Скопје и Охрид.
Филмот започна да се снима ко македонско-албанско-косовска ко-продукција, но откако се сними доби поддршка и од Србија, а од вчера и од црногорскиот филмски фонд од каде што со доста фалби велат дека ова е универзален, ефектен и атрактивен проект што би требало да има голем успех.

Од филмов, лично, очекувам многу.

Покрај овие три проекти се снимаа и две независни, нискобуџетни филмчиња. (Барем само за овие два сум слушнал).

1. Копање - долгометражен нискобуџетен филм правен по претставата „Копање“ што се игра во МНТ. Режисер на проектот е Ивица Димитријевиќ, а главните улоги ги имаат истите ликови од претставата: Гораст Цветковски, Ивица Димитријевиќ и Александар Ѓорѓиески. Филмот се снимаше во јуни.

2. ТМ - долгометражен филм исто така во режија на Ивица Димитријевиќ, овој пат негово е и сценариото. Главните улоги ги имаат Гораст Цветковски и Димитрија Доксевски. Сниман е во август.

За жал за нискобуџетниве нема повеќе информации, а единствените информации кои ги пишав се од влоговите на Гораст.

To be continued...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.285
1. Дедо и внук - современа драма во режија на Илија Пиперкоски. Лик што студирал во Романија, па оттука и доаѓа првата македонско-романска соработка во која Македонија влегува со мнозински удел. Филмот се снимаше мислам април-мај. Целиот е сниман во Охрид. Главните улоги ги имаат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал и Даниела Иваноска. Според продуцентот треба да бидат готови до февруари 2018.

Не знам колку ќе успеат да завршат според предвидениот рок, ама очекувам доста од филмов.
И овој главниот лик од Исцелител глумеше малечка улога, и Горан Стојаноски една епизодна исто. Се надевам дека ќе биде добар (визуелно сум сигурен дека ќе биде, имаше одличен камерман од Романија). Лично мене ми остана како супер позитивно искуство, цела екипа беше топ, 22 дена се снимаше, се буквално во стариот дел на Охрид, лепота :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.984
Поени од реакции
8.320
Последно уредено:
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
@Shawn Spencer во статиите не го спомна Сведок од Митко Панов, ама и јас дури сега се сетив, знае некој што се случи со филмот? го гледаше некој?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Некој ќе успее да го capture-не Исцелител и да го стави на trackermk точка com?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
И последниот дел од овој извештај го посветив на филмовите кои би требало да имаат премиера во 2018 година, а се снимени пред една-две па и повеќе години.

1. Сведок/ Чекај ме е филмот кој најрано се снимаше од овие проекти. Снимањето беше во октомври-ноември 2014 на повеќе локации низ Македонија, Хрватска и Ирска. Филмот е акциона драма финансирана од Македонија, Швајцарија, Ирска и Хрватска, а е режирана од Митко Панов (наш режисер кој живее и работи во Швајцарија, оттука и поддршката и познатиот актер Бруно Ганц.) Игра меѓународна екипа составена од швајцарскиот актер Бруно Ганц, ирските актери Гари Вилан и Падрејк Делејни, Босанците Велимир Топич и Емир Хаџихафизбегович, косовскиот актер Армонг Морина и домашните актери: Митко Апостоловски, Јоана Поповска, Наташа Петровиќ, Симеон Дамевски и Рефет Абази. Филмот е сниман на англиски јазик.

П.С. @filip-bt пред 2-3 недели имаше некоја проекција во Милениум, ама претпоставувам некоја пробна проекција или проекција за екипата, а официјално би требало да го пуштат на некој фестивал во 2018.

2. Слобода или смрт/ Годината на мајмунот е најновото остварување на Владимир Блажевски. Филмот е сатирична комедија и се снимаше јуни-август 2016 на преку 80 локации низ Скопје, Битола, Гостивар и Дебар. Работен е како македонско-косовско-српско-словенечка ко-продукција. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а покрај него се појавуваат и актери од Србија, Хрватска и Словенија.
Филмот уште кога се снимаше, Блажевски најавуваше премиера за 2018-та. Колку што знам веќе е завршен и останува да видиме каде и кога ќе има премиера.

3. Жртва е дебитантското остварување на Марија Џиџева. Сценариото е на Огнен Георгиевски, а филмот се снимаше август-септември 2016 г. Филмот е драма која се случува за време на воениот конфликт во Македонија, а покрај од Македонија доби поддршка и од Србија. Една од главните улоги ја толкува српската актерка Мирјана Карановиќ, а во останатите улоги се Данчо Чевревски, Димитар Илиевски, Наталија Теодосиевска, Димитар Георгиевски, Дениз Абдула, Даниела Ивановска и Петар Ѓеоргиевски.
Тогашните очекувања на режисерката беа дека филмот ќе има премиера во 2017-та година, ама тоа не се случи, па останува да чекаме да го прикажат во 2018-та.

И последниот филм што беше сниман лани или полани е Мејкинг Офф (Making Off) - независен филм на режисерот Кузман Кузмановски кој официјално не беше поддржан од македонскиот филмски фонд, а годинава на филмскиот маркет во Кан беше претставуван на штандот на Агенцијата за филм. Што и како и зошто го претставуваат ако не го поддржале и зошто ако го поддржале го нема на списокот на поддржани проекти не знам.

Снимањето било летото 2015 или 2016 г. Главните улоги ги играат Александра Павлова (актерка од Драмски што ќе дебитира со голема улога) и Владо Дојчиновски (брадоњата од новите приказни). Во останатите улоги играат и Ванчо Петрушевски, Дубравка Киселичка, Лазе Манасковски..
Тоа е се` што сум слушнал за филмов.

Се надевам дека во 2018-та ќе гледаме подобри домашни филмови, ќе има подобар избор на идни проекти и ќе носат подобри филмови низ кината и домашните фестивали.
Bye bye 'till next time.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.143
Поени од реакции
37.684
Некој ќе успее да го capture-не Исцелител и да го стави на trackermk точка com?
Сто посто ќе го има, ако не на тракермк, на црнаберза, аренаелите, ексјушер... Ако не, јас ќе ти дадам јузернејм и пасворд од мојот HBO GO само да го гледаш! :angel:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Од 00.00 веќе е достапен Исцелител на HBOGO али треба да имате добра брзина на нет за да гледате. Моите 2мб/с даунлоуд му се премалку очито, па кочи и ме нервира.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Исцелител
Успеав да го гледам на HBO. Многу добар филм дефинитивно најдобар од последните македонски филмови. Сценариото, самата идеја и приказна, дирекоторот на фотографија, кастингот, БРАВО :bravobe::bravobe:

Прочитав дека наводно сакале да направат римејк во Холивуд, ај што не верувам туку и невозможно е да се репродуцира кај нив нема да го има нашиот македонски печат но и реалната подлога и позадина.

Единствена замерка ама незначителна: Не им требал ИГОР АНГЕЛОВ во филмот.
* Овој Пајак само за вакви улоги е наркомански (Ништо лично)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom