Најекономично греење и ладење

Член од
27 август 2016
Мислења
161
Поени од реакции
155
Панел и маслен радијатор имаат скоро иста моќност. А гледам никој не ја спомна единствената предност на маслениот радијатор. Тоа е термоакумулација. И тоа е и поентата на маслен радијатор. https://en.wikipedia.org/wiki/Oil_heater

Значи доколку се впари со добар неделен термостат и тајмер маслениот радијатор може да се користи малку поефикасно од панел. На пример со термостатот да се подеси максимална термоакумулација во часовите пред почеток на скапа тарифа. Конкретно од 5-7ч изутрина, и 14-16ч попладне. Со тоа што дел од таа акумулирана топлина ќе ја оддаде во наредниот час кога е скапа струја. Со што привидно би работел повеќе KWh на ефтина струја. Нешто слично на термоакумулациона печка.

Сепак темата е Најекономично греење, а овие начини на греење се 2-3 пати понеефикасни од топлински пумпи и инвертери - така што дискусијата е само од информативен карактер, без да се споменува дека се ефикасни уреди.
Колку може да акумулира енергија радијатор со десетина еве петнаесет нека бидат ребра, кога ќе се излади за 15-тина минути?[DOUBLEPOST=1511524026][/DOUBLEPOST]
Маслен радијатор, дефинитивно ! Имам 4 маслени радијатори и 2 ѓубриња панелни конектори демек од скапите Atlantic i Thermor од по 2.5KW со прецизни електронски термостати бла бла бла , кои во реалноста се само една лимена лесна тенекија со минијатурен грејач !
Маслениот радијатор, brand, тежок, со мрсни 13-14 ребра грее споро ама сигурно и квалитетно. Има „1“ еден грејач (најчесто 800w-1kw),„ 2“ вториот грејач(1.2kw-1.5kw) и двата заедно (2.5 - 3KW). Некои радијатори имаат и додатен вентилатор од 400w кој брзо откажува при постојано користење. Нема никаква потреба да го исклучуваш затоа што си има термостат ! Маслото во радијаторот има голем топлински капацитет, грее и неколку минути откако термостатот ќе го исклучи радијаторот, за разлика од ѓубрињата панелен конвектор кое истата секунда кога ќе се исклучи станува мраз ладно. Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1 :D
Немам вршено мерења кој колку троши (не мислам дека има разлика ако се работи за иста моќност) ама џабе ми и да е поекономичен кога го чекав саат-ипол да се осети дека е затоплена собата која патем беше 12кв.За разлика од него конвекторот речиси инстантно грееше и за многу краток период(15-20мин.) ја загреваше собата.
 
Последно уредено:
Член од
25 мај 2017
Мислења
84
Поени од реакции
244
Дечки, да не сте бегале од часови по физика во основно? :)
Енергијата не може да исчезне, може само да го промени својот облик.

Маслени радијатори, панелки, калорифери од Бриколаж за 600 ден., сите имаат COP 1 - 1кв ел. енергија = 1кв топлинска, крај на муабетот.

Маслениот радијатор има инертност, но тоа не го прави подобар/полош. Ќе изгуби 10 мин. да се загрее до работна температура, но ќе оддава топлина 10 мин. откако ќе биде исклучен. На панелката ќе и бидат потребни само 2 мин., а калориферот скоро и да нема инерција.

Тоа што вие субјективно го чувствувате е типот на енергија што е различен кај сите овие грејни тела. Според конструкцијата и начинот на работа, радијаторот освен што го загрева воздухот, голем дел од топлината ја предава како зрачење/радијација (radiant heat). Панелката многу помал дел го испорачува како radiant heat, а највеќе преку затоплување на воздухот (convection). Калориферот го грее само воздухот, нема радијациско греење...

Има и голем број грејни тела што топлината ја предаваат во најголем дел по пат на инфрацрвено зрачење: кварцни греалки, панелни плочи од метал, мермер и т.н.

Секој преферира различни типови на топлина и од таму субјективизмот. Некој сака да го зрачи калиева печка (според мене врв во тој тип на греење), а некој сака да му биде подеднакво топол воздухот во целиот простор (калорифер, клима, панелка)...

Сепак да не забораваме, климата има COP поголем од еден (3.5 - 7) и затоа е економичен начин на греење (не и единствен).

!?
Ако дочитуваш до крај пред да коментираш во последниот ред од мојот пост убаво си пишува ...
„Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1 :D

А што се однесува до "инерцијата" ти го земаш во предвид само почетокот и крајот а не и паузите кои ги прави термостатот за кое време радијаторот грее а панелот и сите други НЕ. Значи, откако ќе постигне работна темп. радијаторот на температури над нула и во добро излолиран стан една релативно мала соба ја одржува без проблем на 24C уклучен на „кец“ и со термостат на 50% и притоа за време од 1h работи (троши струја) помеѓу 30-45мин. Грубо пресметано, со потрошувачка од 400-800W / 1h (тука некаде као полош инвертер) се топли пристојно, нечујно , економично и безбедно.
Зборувам од искуство, проверено и тестирано со години не од рекла казала .. ! Кај мене радијаторите работат 24h. Значи ги користам за константно греење во преоден период. За брзо загревање имам „кварцна“ од 3KW i и „Тајфун“ не со метални бескорисни, туку со керамички(како од термо печка) или како веќе се викат, грејачи од 3KW на монофазна ама ги користам по 15мин- 30мин максимум за брзо постигнување на саканата температура после подолг период негреење 12h, 24h итн. , а потоа продолжува радијаторот нон стоп.
И да, имам инвертер, не еден туку два, од по 5KW, бидеќи станот е голем и има лош распоред за греење така да ми фали трет инвертер здравје натаму . Секој писмен ги знае нивните предности и јас не мислам да додадам ништо тука...но !
Добрата клима е скап уред , 40К нагоре, sky is the limit ! и на жалост во Македонија ретко кој може да си дозволи таков уред (читај ДОБРА клима, не Нео, Тесли, Фаворити и остали клонови), додека маслениот радијатор кошта 4000-5000 ден, brand ако е, ептен е едоставен, нема расипување и одржување и накрај краеви кога /ако цркни после 5 години ќе купиш нов за 5000 ден.
Инвертерите во преодниот период кај мене работат цело време како On-Off клима што е ем неекономично ем не претерано добро и здраво за неа...
Да, знаам, предимензионирани се климите(според просториите), ама само над „нула“, веќе на -5 C и посебно на -10 , -15 си се баш, епптен токму :D . Си работат нон стоп, рамномерно, без гасење и со пристојна, ниска, потрошувачка...
Значи за другите не знам, но за мене најдобар уред за греење не е еден туку е комбинација од набавната цената , животниот век и одржувањето на грејното тело, просторијата, саканата температура на загревање , брзината на загревање, потрошувачката при тоа греење и секако сезоната на загревање...
 
Последно уредено:
Член од
5 октомври 2016
Мислења
95
Поени од реакции
407
Osven na klimite inverter so golem COP na koj drugi uredi mislis deka imaat visok slicen COP so klima inverterite?
Мислам на останатите видови топлински пумпи (климата е една од нив - воздух/воздух). Да не ја забораваме и сончевата енергија, во комбинација со вода. Ти текнува? ;)

@mdeni
Да бараш термоакумулација во радиатор ... ако е за така термоакумулационата печка е барем x 2 подобра и поефикасна (COP 2). Гратис добиваш радијациска топлина, единствено да не ја пушташ на дување, за да не се отруеш. :)

Како и да е, со сегашниве цени на енергенси (во иднина ќе бидат секогаш повисоки), COP 2 е малку. Ни треба што повеќе. Сега за сега со климиве сме на позитивната страна, но ни треба забрзана еволуција и унапредување на истите. Сакам да видам COP 10 и тоа тука во наша Македонија што поскоро, без да продавам бубрег за да си го приуштам тоа. R32 фреон не е решение, потребни се уште иновации и тоа по нормални цени, не "јапонски".
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
!?
Ако дочитуваш до крај пред да коментираш во последниот ред од мојот пост убаво си пишува ...
„Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1 :D

А што се однесува до "инерцијата" ти го земаш во предвид само почетокот и крајот а не и паузите кои ги прави термостатот за кое време радијаторот грее а панелот и сите други НЕ. Значи, откако ќе постигне работна темп. радијаторот на температури над нула и во добро излолиран стан една релативно мала соба ја одржува без проблем на 24C уклучен на „кец“ и со термостат на 50% и притоа за време од 1h работи (троши струја) помеѓу 30-45мин. Грубо пресметано, со потрошувачка од 400-800W / 1h (тука некаде као полош инвертер) се топли пристојно, нечујно , економично и безбедно.
Зборувам од искуство, проверено и тестирано со години не од рекла казала .. ! Кај мене радијаторите работат 24h. Значи ги користам за константно греење во преоден период. За брзо загревање имам „кварцна“ од 3KW i и „Тајфун“ не со метални бескорисни, туку со керамички(како од термо печка) или како веќе се викат, грејачи од 3KW на монофазна ама ги користам по 15мин- 30мин максимум за брзо постигнување на саканата температура после подолг период негреење 12h, 24h итн. , а потоа продолжува радијаторот нон стоп.
И да, имам инвертер, не еден туку два, од по 5KW, бидеќи станот е голем и има лош распоред за греење така да ми фали трет инвертер здравје натаму . Секој писмен ги знае нивните предности и јас не мислам да додадам ништо тука...но !
Добрата клима е скап уред , 40К нагоре, sky is the limit ! и на жалост во Македонија ретко кој може да си дозволи таков уред (читај ДОБРА клима, не Нео, Тесли, Фаворити и остали клонови), додека маслениот радијатор кошта 4000-5000 ден, brand ако е, ептен е едоставен, нема расипување и одржување и накрај краеви кога /ако цркни после 5 години ќе купиш нов за 5000 ден.
Инвертерите во преодниот период кај мене работат цело време како On-Off клима што е ем неекономично ем не претерано добро и здраво за неа...
Да, знаам, предимензионирани се климите(според просториите), ама само над „нула“, веќе на -5 C и посебно на -10 , -15 си се баш, епптен токму :D . Си работат нон стоп, рамномерно, без гасење и со пристојна, ниска, потрошувачка...
Значи за другите не знам, но за мене најдобар уред за греење не е еден туку е комбинација од набавната цената , животниот век и одржувањето на грејното тело, просторијата, саканата температура на загревање , брзината на загревање, потрошувачката при тоа греење и секако сезоната на загревање...
Ова не е точно.

Ако маслен радијатор троши 600W за да одиржи температура во една соба, најлош инвертер ќе троши 300W. Односно барем половина помалку, затоа што има барем 2 COP. И тоа некој катастрофален инвертер.

(И тоа 2 COP на 600W излез е земено за најлошиот возможен инвертор, реално ќе е околу 5COP најмалку)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
@Chicco69 фала ти на одговорот! Да, за стан станува збор.

Извини, да не се работи за стан во Голден арт?

Sent from my Lenovo TB2-X30F using Tapatalk
Не, друга градба.
Дали ќе имаш простор да ја ставиш над прозор?
На тоа воопшто не размислив а сега се пресеков и не гледам друга позиција, каде би ја убацил.
 
Член од
21 октомври 2016
Мислења
527
Поени од реакции
677
Ако е нова градба максмимум 3,5ка, страшна изолација ќе имаш и минимални топлински загуби.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
95
Поени од реакции
407
!?
Ако дочитуваш до крај пред да коментираш во последниот ред од мојот пост убаво си пишува ...
„Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1 :D

А што се однесува до "инерцијата" ти го земаш во предвид само почетокот и крајот а не и паузите кои ги прави термостатот за кое време радијаторот грее а панелот и сите други НЕ. Значи, откако ќе постигне работна темп. радијаторот на температури над нула и во добро излолиран стан една релативно мала соба ја одржува без проблем на 24C уклучен на „кец“ и со термостат на 50% и притоа за време од 1h работи (троши струја) помеѓу 30-45мин. Грубо пресметано, со потрошувачка од 400-800W / 1h (тука некаде као полош инвертер) се топли пристојно, нечујно , економично и безбедно.
Зборувам од искуство, проверено и тестирано со години не од рекла казала .. ! Кај мене радијаторите работат 24h. Значи ги користам за константно греење во преоден период. За брзо загревање имам „кварцна“ од 3KW i и „Тајфун“ не со метални бескорисни, туку со керамички(како од термо печка) или како веќе се викат, грејачи од 3KW на монофазна ама ги користам по 15мин- 30мин максимум за брзо постигнување на саканата температура после подолг период негреење 12h, 24h итн. , а потоа продолжува радијаторот нон стоп.
И да, имам инвертер, не еден туку два, од по 5KW, бидеќи станот е голем и има лош распоред за греење така да ми фали трет инвертер здравје натаму . Секој писмен ги знае нивните предности и јас не мислам да додадам ништо тука...но !
Добрата клима е скап уред , 40К нагоре, sky is the limit ! и на жалост во Македонија ретко кој може да си дозволи таков уред (читај ДОБРА клима, не Нео, Тесли, Фаворити и остали клонови), додека маслениот радијатор кошта 4000-5000 ден, brand ако е, ептен е едоставен, нема расипување и одржување и накрај краеви кога /ако цркни после 5 години ќе купиш нов за 5000 ден.
Инвертерите во преодниот период кај мене работат цело време како On-Off клима што е ем неекономично ем не претерано добро и здраво за неа...
Да, знаам, предимензионирани се климите(според просториите), ама само над „нула“, веќе на -5 C и посебно на -10 , -15 си се баш, епптен токму :D . Си работат нон стоп, рамномерно, без гасење и со пристојна, ниска, потрошувачка...
Значи за другите не знам, но за мене најдобар уред за греење не е еден туку е комбинација од набавната цената , животниот век и одржувањето на грејното тело, просторијата, саканата температура на загревање , брзината на загревање, потрошувачката при тоа греење и секако сезоната на загревање...
Колега, добро прочитав. Но COP 1 e COP1, и енергијата не може магично да исчезне или да се појави од некаде.
Ај објасни како маслениот радијатор ќе потроши 400 - 800 вати, а ќе испорача повеќе од тоа? Со магичниот термостат? Со инерцијата/акумулацијата?
Радијаторот е квалитетно грејно тело од причини што веќе ги кажав: зрачи топлина, а тоа е многу поприроден начин на греење од конвекцискиот ( греење на воздухот). Нема бучава, што е исто така предност...

Во другиов дел си ми малку конфузен (без навреда). Значи загреваш со кварц 3кв + тајфун, а потоа ги пушташ радијаторите на "одржување". Доообро, потоа ги користиш тие два инвертера од по 5 кв што се предимензионирани, ама сакаш да купиш уште еден поради лош распоред во станот... А колкав е станот? Ти имаш сигурно 20KW во грејни тела (свесен сум дека не ги користиш сите одеднаш). :LOL:

Јас од еден пост тешко дека ќе те разберам, ама ништо страшно. Важно ти да си добро згреан и задоволен од сметката за ел. енергија. Сите сме различни, објектите за греење ни се различни, стандардот, желбите, потребите...
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.116
Поени од реакции
1.262
ако е за така термоакумулационата печка е барем x 2 подобра и поефикасна (COP 2). Гратис добиваш радијациска топлина, единствено да не ја пушташ на дување, за да не се отруеш.
Дали може да ми објаниш како ќе се отруеш ако ја пушташ на дување термо печката?
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
95
Поени од реакции
407
Дали може да ми објаниш како ќе се отруеш ако ја пушташ на дување термо печката?
И за ова ли треба објаснување. :(
Секој што мисли дека циглите во термо печките се идеално наместени, не се шират/собираат при температурни промени се лаже. Секој што мисли дека стаклената волна нема никаков допир со воздухот што проаѓа низ термо-печката е во тешка заблуда. Милијарди микро честички (влакна) од стаклената волна може да завршат во нечии бели дробови. Тие не се разградуваат. Причинител се на многу белодробни заболувања. Не сум доктор да го објаснам сето тоа во детали, но се е документирано и одамна јавно познато.

Уште еден момент. Колку од термо печките од моментот на купување до сега, се на истото место каде што првично биле монтирани. Дали некоја во овие 30-50 години се расипала? Дошол комшијата такозван мајстор да ја ѕирне, отварал, затворал, вадел цигли, греачи, менувал изгорени кабли.... На крајот бутни се назад, е сега некоја цигла се скршила, нема врска. Дел од стаклената волна завршил меѓу греачите, пак нема врска...

Мој совет, термо печка никако да не се пушта "на дување", туку да се користи како радијациско (пасивно) грејно тело. Ако во просторијата борават мали деца, треба уште повеќе внимание, за живот и здравје се работи.
 
Член од
25 мај 2017
Мислења
84
Поени од реакции
244
Ова не е точно.

Ако маслен радијатор троши 600W за да одиржи температура во една соба, најлош инвертер ќе троши 300W. Односно барем половина помалку, затоа што има барем 2 COP. И тоа некој катастрофален инвертер.

(И тоа 2 COP на 600W излез е земено за најлошиот возможен инвертор, реално ќе е околу 5COP најмалку)
Ама вие изгледа си имате навика да вадите од контекст само тоа што ви треба за инаетење ;) . Мала шала :) Јас мислам дека убаво напишав све, комплет, сите фактори за и против !
Радијатор 5000 ден a лош инвертер 22.000 ден., добар инвертер 50-60.000 ден !!! Па сега пресметај за колку години (за колку децении ако се расипува) со разлика од како што викаш ти 300w на саат ќе ти се исплати скап инвертер во ооднос на радијатор кој ќе го користиш преоден период месец, два па и три годишно нека е, за греење на мала соба во изолиран стан.... Климата дува и ствара звук па кој сака нека лаже дека тивки биле. Да добар инвертер е 5 пати потивок од лош ама е 100 пати побучен од радијатор ! И промаја има кој сака нека лаже дека нема ! А верувале или не има луѓе на кои им смета промаја и бука и барат апсолутен мир, па дури и саатите зидни ги носат во друга соба. Понатаму филтри се чистат и се менат ( ако ги има, ако не ќе смрди за некоја година нон стоп употреба као мочуриште некое ), и осетлив е на лош напон и фреон може да истече (кај мене од сите две клими на двете истече во првите 30 дена од полуписмени квазимонтери), и во дефрост оди ако има влага многу и кога е многу испод нула итн итн.
Значи јас имам и радијатор и кварцна и панел и тајфун и ТА Печка 6KW и два инвертера од 5KW, све тоа е купувано во еден подолг период едно по друго и користено и правено тестирање. На крај мене лично најисплатливо и најкомфорно греење ми се маслени радијатори во преоден период и инвертер во ладен период и секако различни комбинации помеѓу инвертер, радијатор, тајфун во алпски периоди и ТА Печка 6KW и инвертер во сибирски периоди као ланскиот Јануар :D, при што пунење на ТА печка само на евтина струја цела вечер, разбира се). Не за друго, чисто ради пазење, помагање и зголемување на економичноста, буката и животниот век на инвертерите на кои при ладен старт а ни потоа, не им е сеедно дали внатрешната температура е 5-10 C или 20 C а ако се оставиш само на ТА Печка некаде кај 20h покажува low fuel :). Ова повторувам, само во периоди како ланскиот Јануар...
 
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
Dali nekoj vo mk ima iskustvo ili ima sretnato kade se prodavaat hibridni klima uredi i da ja objasni postapkata kako funkcioniraat hibridnite klima uredi.
 

GT1

Член од
14 февруари 2016
Мислења
1.145
Поени од реакции
1.207
Блиц прашање: Кое од овие две е поефикасно за притоплување?

Маслен радијатор 2KW

VS.
Панелен конвектор 2KW
Маслен радијатор имав не бев нешто посебно задоволен.
А од панелен конвектор имам 1.5кв термор 8год стар од кои 3 сезони работен.-од терморот сум задоволен многу убаво топли и брзо.
Сега ми требаше уште еден панел и случајно купив вивакс 2кв (ист е со st панелите во сетек). врска нема терморот од1.5кв многу посилно грее .
Истиот ден го заменив виваксот со термор.
Термор или Атлантик тоа е едно исто.само името е различно.

Овај панел на сликата е од сетек или Ст ист со виваксот што го зедов и го вратив за ништо не го бива.
 
Последно уредено:
Член од
25 мај 2017
Мислења
84
Поени од реакции
244
Колега, добро прочитав. Но COP 1 e COP1, и енергијата не може магично да исчезне или да се појави од некаде.
Ај објасни како маслениот радијатор ќе потроши 400 - 800 вати, а ќе испорача повеќе од тоа? Со магичниот термостат? Со инерцијата/акумулацијата?
Радијаторот е квалитетно грејно тело од причини што веќе ги кажав: зрачи топлина, а тоа е многу поприроден начин на греење од конвекцискиот ( греење на воздухот). Нема бучава, што е исто така предност...

Во другиов дел си ми малку конфузен (без навреда). Значи загреваш со кварц 3кв + тајфун, а потоа ги пушташ радијаторите на "одржување". Доообро, потоа ги користиш тие два инвертера од по 5 кв што се предимензионирани, ама сакаш да купиш уште еден поради лош распоред во станот... А колкав е станот? Ти имаш сигурно 20KW во грејни тела (свесен сум дека не ги користиш сите одеднаш). :LOL:

Јас од еден пост тешко дека ќе те разберам, ама ништо страшно. Важно ти да си добро згреан и задоволен од сметката за ел. енергија. Сите сме различни, објектите за греење ни се различни, стандардот, желбите, потребите...
Mалку демагогија и пуштање магла као зачин не е лошо за дискусијата, напротив ;)
Кој чита и сака да разбере ќе разбереше...Веќе почнувам да се каам по малку што пишав воопшто било што...Втора мала шала :)
Човекот си праша Радијатор или Панел !? Двајца му одговоривме директно секој според своето искуство и дискусијата требаше таму да запре !
Очекувам следен да ми објасни дека геотермална топлинска пумпа е многу поекономична по Wh/м2 од мојот радијатор !?
Значи јас никаде не кажав дека е магичен уред перпетум мобиле радијаторот. Убаво си напишав ДВАПАТИ дека има COP 1 !!!
Во преодниот период мене не ми требаат повеќе од тие 400-800W. За мојот стан со моите соби и со мојата изолација за минимум 24C во една соба ми се сосема доволни ! Јас имам 5 мали соби и 2 ходника ! Ако некој лажи дека со инвертер грее повеќе соби преку ходници под агли од 90`, слободно да му поверувате ...и да, претходно дефинирајте дали греење е до 18`-20`C или до 24-26-28`C
Климата во тие (преодни)услови се пали, ладен старт, троши некои 1.5-2 КW некое многу кратко време, па постепено брзо намалува докај 300 - 400w и се гаси (немојте сега само со тие глупи фори iFeel , iFollow U и слично оти тоа срање додека не го направат преку вајрлес или блутут или било како освен глупиов инфраред е неупотребливо за различни соби и ходници)...За 2-3 па нека се и 5, 10 мин се пали пак и повторно истиот циклус, што значи дека за 24h тоа го прави 50 -100 пати ! Многу слично на обична Он-Офф клима. Тоа мене после неколку дена почна да ми иде на нерви, непотребна варијабилна бучава и варијабилна промаја со варијабилна температура за многу мала разлика во економија и ептен голема разлика во набавната цена. Едноставно нема комфор, посебно не за таа разлика во цена ! Не е тоа тоа...
Кога е ладно е друга приказна, сосема друга, убаво си напишав све...Околу нула па до -5 и на такозвани сув студ му нема рамен на инвертер добар. Нема дефрости, работи мирно и тивко и економично и постојано без прекини...Нема што да откриваме топла вода сега за топлинските пумпи....Ама не се сите денови такви, нели !?
Напишав дека во преоден период покрај радијатор САМО и САМО за брзо загревање на изладена соба негреена 12h, 24h или повеќе си користам 15мин-30 мин јака кварцна или тајфун а потоа си крцка 24/7 на slow радијаторот кој дава топлина пријатна и константна но никако инстантна :)
А на ептен ладно кога/ако евентуално на инвертерот му треба помош (краткотрајна,ради проветрување поголемо или минусно и влажно утро) тука е пак тајфунот !
На крај ако му треба ради екстремнно ладно и влажно и дефрости поголеми, почести и подолготрајна помош тука е ТА 6 KW полнета цела вечер на евтина ...
А за панелен конвектор не би трошел повеќе зборови, а рингла шпорева а пегла а панел, исто ти е...Топли доволно само ако троши максимално а тоа го прави фала богу нон стоп ! Потврдено и докажано со славниот Energenie... Благодарам ама ако треба да трошам 2.5-3KW на грејно тело со COP1, ќе си го користам нон стоп тајфунот и ќе бидам згреан 3 пати побрзо и 2 пати потопло...
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Инверторите се примарно за преодните периоди каде COP им е 7. Поготово ако не се предимензионирани за просторот.

1.5-2kw троши инвертер на старт? Тоа не е точно. Не троши толку воопшто. Тоа го правеа он-оф климите. За разлика од нив инверторите имаат потполна контрола врз моќноста и ја зголемуваат само онолку колку што е потребно. Не до максимум. Инверторите кога работат со ултра мали побарувања толку е висок COP што не е проблем и да исклучат и да стартуваат пак. Ама тој старт бил проблем на -10 ќе речат лаиците. Не. Не е проблем зошто тој старт е на +10 степени. Неможе на -10 да работи инвертер на минимум и да исклучува. Освен ако не е забегано предимензиониран за просторот.

Едноставно во преодни периоди како Октомври 2017 нема теорија ниедно грејно тело со инвертерите да се мери. Неприкосновени се со 7 COP. Бесплатно гррат тогаш.
 
Член од
21 октомври 2016
Мислења
527
Поени од реакции
677
Маслен радијатор имав не бев нешто посебно задоволен.
А од панелен конвектор имам 1.5кв термор 8год стар од кои 3 сезони работен.-од терморот сум задоволен многу убаво топли и брзо.
Сега ми требаше уште еден панел и случајно купив вивакс 2кв (ист е со st панелите во сетек). врска нема терморот од1.5кв многу посилно грее .
Истиот ден го заменив виваксот со термор.
Термор или Атлантик тоа е едно исто.само името е различно.

Овај панел на сликата е од сетек или Ст ист со виваксот што го зедов и го вратив за ништо не го бива.
На такви страшни клими хансоли ти докупуваш панели?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom