Колку може да акумулира енергија радијатор со десетина еве петнаесет нека бидат ребра, кога ќе се излади за 15-тина минути?[DOUBLEPOST=1511524026][/DOUBLEPOST]Панел и маслен радијатор имаат скоро иста моќност. А гледам никој не ја спомна единствената предност на маслениот радијатор. Тоа е термоакумулација. И тоа е и поентата на маслен радијатор. https://en.wikipedia.org/wiki/Oil_heater
Значи доколку се впари со добар неделен термостат и тајмер маслениот радијатор може да се користи малку поефикасно од панел. На пример со термостатот да се подеси максимална термоакумулација во часовите пред почеток на скапа тарифа. Конкретно од 5-7ч изутрина, и 14-16ч попладне. Со тоа што дел од таа акумулирана топлина ќе ја оддаде во наредниот час кога е скапа струја. Со што привидно би работел повеќе KWh на ефтина струја. Нешто слично на термоакумулациона печка.
Сепак темата е Најекономично греење, а овие начини на греење се 2-3 пати понеефикасни од топлински пумпи и инвертери - така што дискусијата е само од информативен карактер, без да се споменува дека се ефикасни уреди.
Немам вршено мерења кој колку троши (не мислам дека има разлика ако се работи за иста моќност) ама џабе ми и да е поекономичен кога го чекав саат-ипол да се осети дека е затоплена собата која патем беше 12кв.За разлика од него конвекторот речиси инстантно грееше и за многу краток период(15-20мин.) ја загреваше собата.Маслен радијатор, дефинитивно ! Имам 4 маслени радијатори и 2 ѓубриња панелни конектори демек од скапите Atlantic i Thermor од по 2.5KW со прецизни електронски термостати бла бла бла , кои во реалноста се само една лимена лесна тенекија со минијатурен грејач !
Маслениот радијатор, brand, тежок, со мрсни 13-14 ребра грее споро ама сигурно и квалитетно. Има „1“ еден грејач (најчесто 800w-1kw),„ 2“ вториот грејач(1.2kw-1.5kw) и двата заедно (2.5 - 3KW). Некои радијатори имаат и додатен вентилатор од 400w кој брзо откажува при постојано користење. Нема никаква потреба да го исклучуваш затоа што си има термостат ! Маслото во радијаторот има голем топлински капацитет, грее и неколку минути откако термостатот ќе го исклучи радијаторот, за разлика од ѓубрињата панелен конвектор кое истата секунда кога ќе се исклучи станува мраз ладно. Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1
Последно уредено: