Здраво, дали може информација дали е нормално од надворешната единица воопшто да не испушта вода и дали е нормален дефрост на овие температури да прави?Дали треба да се исклучи истата за време на дефрост? Инаку се работи за Daikin FTXB50 ја имам два месеци ама последните два дена ми го појавува ова.
Конкретно за овие 2 изминати дена кои беа суви Нормално е да нема вода.
Tоа што климата од 44кг и огромен изменувач прекинува со дување погрешно се спојува со дефрост (без вода ), тоа нешто што се вика Overheat Protection на компресорот во твојот случај. Грееш од 15 до 00 со зададена 24Ц колку што ни даде информации....или инаку кажано просторот не го греете 15саата од 00:15.
Кога во информацијата би влегла и внатрешната температура vo 15h одговорот ке ти произлезе самиот. Фали и информацијата како е подесен фанот на која брзина.
Во слабо изолира куќа, негреење од 00 do 15 часот резултира со пад на температура од колку степена ? 5 ? 10 ? Мерите воопшто температура внатре ?
Во 15часот кога ке ја пуштите климата на 24 внатре е сигурно под 20Ц.....климата ке залауфа на максимум за да ја достигне таа разлика задаена/внатрешна, ке троши можеби и 2KW саат/два и ке се умори....ке прегрее....ке изгаси да се олади....затоа нема вода надвор оти не е дефрост.
Како што ти кажаа...климата оставај ја на намалена температура наместо на ОФФ....за кога ке ја пуштите во 15:00 нема 5 или 10Ц пониска температура во просторот.
Климата не е кјумбе да за 5минути накачи 10степена, за 5минути да го постигне тоа ке и треба можеби издув од 200Ц а кај климите тој е максимално 60Ц....разликата во температурата кога не сте дома и кога сте дома тодржувајте ја да биде најмногу 3 степена а не 10, и пак нема да потроши ни цел кубик дрва за цел месец со такво работење 21~24C.