- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.854
Одлични совети, околу топлотните загуби и изолација, немам замерка, но кога се работи за клима-инвертер 5,5ка од така реномиран производител за греење на 40м2 (како вели изолиран простор) секако треба да вика сервис...Ги разгледав фотките. Не е страшна ситуацијата со монтажата, за жал тие се стандардите кај нас во Македонија. Се е медиокритетски одработено од почеток до крај, како кај 90% од другите корисници на клими. Жалосно ама тоа е...
За утеха, далеку си од ова почетно разочарување:
Прегледај го приврзокот 183769
Грееш 45 м2 неизолиран простор, добро е што климата сега те грее без да уклучуваш панелка. Прашање за милион долари би било колкави се твоите топлински загуби?
Се повеќе сум убеден дека климата работи релативно нормално според се презентирано од твоја страна.
Совети од мене би биле:
1. Пробај нешто да направиш околу изолацијата. Ако си во куќа, 10 цм стаклена волна или тервол на таванот многу ќе променат, а тоа е релативно евтина инвестиција. Топлиот воздух секогаш "бега" нагоре.
2. Пробај да се грееш на 23-24C наместо 26-27C. Секој степен дополнително ја оптеретува климата (и потрошувачката). Свесен сум дека тоа е субјективно, но пробај бар на ден, два и види колку често ќе прави дифрости дајкинот. Ако мрзнењето на надворешната се намали, со тоа и дифростите, ќе знаеш дали климата е во ред или треба да викаш сервис.
уште една работа, нема да замери Дида што ќе употребам нејзина фотка...
секако неможе кај неа да влијае толку многу на перформансите, ниту поради ова да прави чести дефрости.... но волку многу (претпоставувам повеќе од 10 цм) неизолирана бакарна цевка дали е добро извршена монтажа, та нели можеле мануелно да го доизолираат остатокот и да си завршат работа поштено.... дали ваква ситуација може било како да влијае на климата (негативно)... или можеби на нејзиниот капацитет...
прашувам и за мене


.