Решив да ја скратам дискусијава и да ви дадам уште малку материјал за сеир на моја сметка. Brace yourself, мистеријата е разрешена
Вечерва решив конечно да го прашам комшијата до мене дали има слушнато дека нешто горе на кров се случува вечерно време. Ме погледна во очи, во секој момент спремен да прсне од смеа ( подоцна се испостави дека од мака) и ми вели дека со години мака си мачи со истата работа. Вели не само он, туку и комшиите од подолниот спрат и од другата вертикала го приметиле истото. Значи веќе имало дебата за тоа меѓу комшиите, само јас не сум знаел за тоа
Имено, под него во станот живеат Индијанци. Големиот поглавар има 4 мали Индијанчиња, три сина и една ќерка. Едниот син е осмо одделение, вториот шесто, третиот петто. Два сина тренирале џудо, третиот карате и дечкиве редовно си прават тренинг во станот (едната соба дури била пренаменета за тоа, со поставен посебен под за џудо, не ми текнува како се викаше тоа). Да, во ниедно време, навечер. Работата стигнала и до полиција викање, но залудно и вели се откажал веќе.
Вели дека ништо не е чудно што се слуша како да доаѓа од горе, од заедничка тераса, затоа што зградата е доста акустична и звукот се пренесува преку ѕидот. Вели да пробам дома да ги затворам сите прозори и некој да се качи горе- за да се уверам, вели се се слуша, дури и бастунот од татко му го слушал кога се качувал стариот горе понекогаш. Во право беше
@lazar31.
Ај сеа можете да ме реметите