Седам на работа со колега и ручаме. Правиме муабет за духови, гробишта, паѓаат заебанции, спрдња... Наеднаш ни се уклучува микробрановата печка и две минути си загрева напразно. Се погледнуваме, се смееме и заклучуваме дека има некоја грешка со струјата. Завршуваме со јадење, овој станува и ме прашува дали сакам чај, одговарам потврдно и додека човеков се упатува кон апаратот за загревање на вода, апаратов се уклучува сам(копчето на него се притисна само).
Инаку работиме во објект каде умирале, умираат и ќе умираат илјадници лица.
Ама не, ќе најдам логично објаснување. Кога се работи за технологија, не препишувам грешка на некакви виши сили.