- Член од
- 16 декември 2012
- Мислења
- 2.744
- Поени од реакции
- 7.259
Редовно известувај за состојбата!Ни се имаат десено повеќе работи на цела фамилија..дедо ми ни има кажвано дека како многу мал една вечер кога спиел нешто црно како сенка дошло до него и го кренало, среќа брат му се разбудил и избегало шо и да било (не вервам дека не лажат за такво нешто,нема потреба),слично и на вујко ми нешто му се десило, се качвал по скали да си легни да спие и по скалите се стркалало нешто црно така како сенка, а и мајка ми пред 2 години беше сама дома и со плачење ми се јави..спиела и нешто како да се качило врз неа и слушала како се смеј иронично и и викало сеа ке видиш шо ќе ти напрам и кога се разбудила видела нешто црно како излегва низ вратата (можно е да е сон ама сепак е creepy).Во истата куќа кај шо му се деси на вујко ми то исто мене и на брат ми ни се имат десено неколку работи зошто често одиме таму на поседок да речам.Брат ми една вечер кога се враќал од излегвање во дворот течела чешмата и ја затворил и влегол дома и само шо влегол слушнал чешмата кај шо течи пак и си рекол океј можи не ја затворив убо и се вратил пак ја затворил и пак влегол дома и чешмата пак почнала да течи и се преплашил ги разбудил сите дома и никој не му верваше нормално..после то друг пат слушнал како го вика некој по име тивко и мислел дека сум јас и сабајлето ми вика шо се заебаваше вчера со мене, му викам шо тие бе и ми кажа шо се десило..а нема врска јас спиев тој период.Исто така друг пат јас и брат ми гледавме филм нешо на телевизија и слушаме како од другата соба ролетната се крева а таму никој не спие во собата празна е и ја слушаме баба ми се качва одоздола и ја прашваме баба ти да не ја креваше ролетната во другата соба и ни вика не бе јас долу бев and we were like fuckkkkkkkkkkk.Друго ко бев помала една друкарка си имаше остаено некој работи кај мене а тој период умре дедо и и спиевме јас и баба ми и едно време слушаме в соба крцка паркетот како да оди некој по него и баба ми,дека јас мала бев за да не се плашам веројатно, ми вика као демек не се плаши дедо и е на Марија дојде по работите нејзини.И уште две работи ми се имат десено..јадев смоки јас пред да си легнам и го остајв то паковчето тука над креветот и неможев да заспијам и слушам по некое време шушка нешто ко да си игра некој со паковчето од смоките и дека темница не се гледа ништо мислев баба ми се има разбудено па шо знам можи таја го чепкаше и ја прашвам сабајлето и ми вика не бе демек спиев јас цело време...океј океј...и другата случка исто во истата соба пред спиење..имаше на рафтот нешо парфмен мој остаено и едно време падна парфемот ко да го турна некој со сета сила..а нема шанси да паднал сам пошо веќе неколку дена седеше на исто место и не ни беше на крај на рафтот туку баш беше повнатре остаен.И еве веќе неколку години фала богу се нема ништо десено.