Апсолутно не ја сфаќам опседнатоста (во доба на интернетот) да им кажеш на сите дека некој бенд.артист не ти се допаѓа.
Секоја година без разлика дали е фестивал во Скопје,Дојран, Охрид, Прибилци или каде и да е..секогаш има 20 пати повеќе постови за тоа "Aeeee кој донеле не ми се верува срање бенд, се надевам ќе умрат сите до еден и дека ќе им ги силуваат ќерките пред нивни очи" (во многу кратки случаеви има коментари од типот на "Eх..тапа е бендов, не го слушам не ми се свиѓа ова"...секогаш е "Да станат сите лимари и да баталат музика врска немаат аматери едни неспособни не ми се верува кој ги слуша сигурно се некои ретардирани без грам мозок!!")
Ако не ти се слуша нешто.....НЕ ГО СЛУШАЈ БЕ БРАТУЧЕД! Едноставно е...буквално никој не те натера. Замисли колку е полесно да правиш било што друго освен тоа да земеш да мрчиш како не ти се свиѓа нешто.
И уопште не се ни осеќам допрен од било кој коментар, и не се однесува постов за ниеден конкретен бенд, ди-џеј или пејач. Едноставно не можам да сфатам колку треба да ти е тажен животот за да те нервира тоа што постои некој што тебе не ти се допаѓа а на некој му се свиѓа. Има мал милион познати и не познати музичари
што на многумина им се свиѓаат а мене не ми се свиѓаат. Некои дошле во Скопје. Се додека не ми стават пиштол на глава да одам нити ќе се жалам за нив нити ќе серам на тие што одат. Во ред е да не ти се допаѓа некој, али буквално оваа недела видов 5+ поста за различни артисти сите во стил на "Леле ова е најголемо срање секој што го слуша е ретардиран, ја сум паметен, овие се само за да се уништат, зошто светот е волку злобен и зошто овој постои и уште прави музика??"
На пример колку е глупо тоа што ја одделив пет минути за да пишам за нешто што не ми се допаѓа наместо да земам да дркам за овие пет минути? Многу е лошо. Многу подобро ќе беше да си го изигнорирав ова.....а еден пост е.... замислете дека има луѓе што еднаш месечно минимум кењаат по работи што не им се свиѓаат... очај... освен ако не си Севернокореец што по закон мора да гледа и слуша други работи....малце е ретардирано да се сметаш за супериорен пошто не слушаш нешто што други слушаат..