Драга Кајгана (виртуелен дневник)

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Драга,

Разговор бр. 1 меѓу комшиката со шизофренија и децата во маало (се одвива после пола саат замарање од невоспитаните дечишта):
Теодосиј (или Адам или како и да е убер „фенси“ име): Ти мори колку години имаш?
Комшиката: Колку што сте вие сите глупи, е толку имам.

Разговор бр. 2 :
„Мојсеј“ и брат му мрмљаат нешто неразбирливо,
Комшиката: Како се вика мајка ви?
Мојсеј: -Шодае-
Комшиката: А грда ли е исто како вас?

Лајт мотив ми се изјавите на женава :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.456
И после толку години македонскиот робовладетелски дух живее во мене. Чувствувам вина за многу привилегии што ги имам како работник и човек и ги мразам оние што уживаат во нив затоа што некаде далеку народ страда. Фак ми, рајт?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кај малку ми беа каталина (иста ко Каталина од ГТА) и бијонси да ме пратат по форумов каде постирам, каде лајкам, каде читам, ми стига вчера нотификација со таг од шутракот, дека не сум пишала во некоја тема уште од 2008 година :icon_mrgr:
Сериозно размислувам да ја одинсталирам апликацијава со женски календар од телефон и да им ја препуштам функцијата на триово фантастико :icon_lol:
 
Член од
23 август 2013
Мислења
296
Поени од реакции
640
Ништо не мораше да биде како што бидна.
Или, сепак очигледно мораше.
Скоро осум години од онаа болна разделба.
Во секој друг го барав.
Освен во овој сега.
Вечерва, истата песна, истиот мирис, истото пиење, но не предизвикуваат ништо освен сеќавања, убави сеќавања. Лошите се избришани, а со нив и секаква лична и интимна емоционалност.
Изгледа, тоа е таа еволуција, од стремеж кон она што го љубиш, во љубење на она што ти е потребно. Го даваш она што му е потребно на другиот и го добиваш она што ти е потребно тебе и така ја храниш и одржуваш и љубовта, онаа зрелата. Вистинската.
А него? Го пораснав, го прележав, како досадна сипаница и сега имам траен имунитет против него.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Стаил пилешка виршла и вика дека продава хотдог па уште Чикаго бил Њујорк бил абе гитла медиокритети. И двете нови места better check yo self before you wreck yo self.

Друга работа, Центар паб сервира похован кромид у cast iron тавче...не ми се коментира. За друго служи тоа бе другари.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

Што ми текна, се враќам во детството. Како со автобуска карта во минатото. Жегата ме потсетува на дворот кај баба ми и дедо ми во село Белица, Кичевско.

Пробувам да го реконструирам секој миг и сеќавање што ги имам за тие поминати години, полни со секакви мириси и вкусови. Дворот. Малечок, нерамен, со обична жица заграден. Со врата без катанец - се затвораше со обичен обрач од тел. Во прв план, масичката со излижана мушама, темно зелена, покриена со чаршафче. Две клупи, дрвени, едната залепена до кокошарникот, другата отспротива. Распар столчиња, триножец со везено перниче на него. Звуци на магаре, кокошки, муви. Здодевни муви. Гласови на баба Даница, на Мане. На дедо Стојан, кој во соседната лепенка куќа, со гумени ниски калци и лете и зиме, седи на тремот и сука мустаци.

Јазот за вода, несмасно направен за да ја води водата, е пред чешмата. Голема чешма, висока, со пресечено сино парче од црево, за да не прска насекаде од чепурката. Поткршено огледалце, закачено на шајка, исушен сапун, Сјај со девојката со склопени дланки, голем син сунѓер и крпа за бришење. Пред вратата што води до главната одаја, кај што чурат ѓумците со вода, кај што старото сино огледалце во облик на цвет, стои и го гледа времето втренчено, живеам малата јас. Не се мрдам од својата кроткост и плач кога дедо ми ги набрка мачињата и рече дек а ги фрлил во река. Сега знам дека ме излажал. Календарот е замастен, со година што веќе не постои. Малечката маса за ручање е со бел чаршаф и на него стојат најважните работи на светот за дедо Рувче – молив, бележник, кутија цигари, наочари со дебело стакло и весници. Баба Стојна седната на големиот железен кревет, треби ориз. Ќе ги проколне мувите што и се збираат над супата и замавнува со тепалката. Чат пат ќе стане и ќе ги промешка дрвата во огинот на стариот дрвен шпорет и ќе ја закачи машата на рачката од вратничето.

Перниците на креветот, се со мирис на коприва. Зелен креденец, милијарда и еден пат да го раскажам, секогаш ќе заборавам нешто. Затоа само ќе го запаметам. Ќе ги раскажам керамидите, нерамно наместени, двете жици за сушење алишта со штипки во разни бои, ползавецот што се свива од долниот кат крај чешмата, угоре до прозорецот од горната соба. Вратата се отвора, внатре мирис на топли ѕидови, дрво и цвеќе. Два кревета со големи јоргани и јамболии на кои дедо суши печурки. Некогаш и чај. Мала масичка со столче, и над нив везена бела ткаенина со темно син конец – Domacice manje zbori da ti rucek ne zagori. Заковани шајки наместо закачалки и леген за вода под едниот кревет. Другата соба со дрвен паркет, мини фрижидерче, кауч и помодерни завевчиња. „За децата, да им биде поубо“ – како да ја слушам баба ми. Скалите од горе до долу се точно шест. Или можеби седум. Не знам. Ги знам пукнатините и како мравките во нив градеа царства небесни.

Затворам очи и сум повторно дете. Имам настинка, и баба ми ме мачка со ракија, ме повива во ќебе и нешто мрмори. Знам дека бае или само многу силно сака да ме спаси од болката. Дедо ми вари чај и со раката на чело ги истерува сите ѓаволи.

Имам уште, но не собира на хартија, не собира ни напишано вака. Во срце собира.

М.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Драга,

овие мајсторите како од еден калап да се излезени: водоводџии, електричари, механичари, молери...со кој и да фатиш работа иста главоболка, ќе те влечка денес-утре и на крај ќе испадне по 2 недели да се заврши работата од тоа што ти ветил, а згора на се и хаос ќе ти направат :tapp:
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
К.

Секогаш кога имам некоја активност(без разлика дали е обично идење до продавница,спремање на испит,играње фудбал),едноставно МРАЗАМ кога е прелесна и нема ниедна препрека(или препреки можеби не е најсоодветен израз,ај ќе пробам со конкретен пример да се објаснам..ако ми речат да одам до продавница-надвор е 40 степени и не ти се излегува,кога играм фудбал-ќе ти се погодат условно кажано послаби играчи,кога спремаш испит-многу е заебан,имаш задачи,теорија и 300 глупости). Ги мразам така некои работи со леснотија,секогаш има некоја цака со нив...Кога играм фудбал со јака екипа,како по навика секогаш губам. Кога спремам лесен испит/колоквиум-по навика го паѓам или вадам 6-ка со судни маки. Има секогаш некоја "цака" со тоа лесното,а стварно никогаш и никако не можам да го откријам..Мразам работи шо се лесни искрено
 

Kajgana Shop

На врв Bottom