Капа доле за Монако. Јуве го фалевме уште минатата недела, ама не смее да се заборави успехов на Монако.
Почнаа од квалификациите каде што го тепаа Виљареал, тим што не е шала. Во групите завршија први во група со екипи со поголемо европско искуство последниве години - Леверкузен и ЦСКА Москва, и екипа што се бори во моментов за титула во Англија - Тотенхем.
Го елиминираа потоа и "најдобриот светски менаџер" Пеп и неговиот Сити кој што има поголем буџет (и реално поквалитетен и искусен) тим од нив, за сега и лагано со три гола во двата меча да ги решат Борусија.
И сево ова притоа играјќи редовно добар фудбал во својата лига каде што три екипи се борат за титула (можеби единствена лига од топ 5 каде што три екипи имаат шанса за титула во моментов)
Алал.
Реално можат и со Атлетико и со Јуве да се носат рамо до рамо така да ако им се падне еден од овие два противника не би сметал дека има фавори во дуелите. Ако игра со Реал тие би биле фаворити.
Израмнети мечеви би требало да имаме до крај, и уште стојам на тоа од почеток на сезона (тогаш реков Атлетико или Дортмунд би освоиле) дека Атлетико ќе станат освојат, имаат екипа што подолго време се знае, го имаат квалитетот, го имаат искуството, го имаат можеби и најдобриот тренер од преостанативе во 1/2 финалето, и реално со сите од овие 4 екипи можат да се носат во двата меча. (не дека тоа не важи и за Јуве и Реал, али што знам...некако се ми иде накај тоа дека им е време)