Добар ден.
Да не знаете форумџии каде може да се купи речникот по Македонско-Германски и Германско-Македонски јазик од авторите Ранка Грчева и Петер Рау.
Ова е речникот вака изгледа
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=2582
тука пишува дека издавач е Просветно дело. Јас бев во Просветно дело пред 5 дена и ми кажаа речникот бил распродаден, го барале у студенти да го купат оригинал но го немало. Вртеа телефон на други вработени во Просветно дело за да не го има случајно речникот во магацин но сепак одговорот беше дека речникот го нема ниту во магацин.
Во 2006 година овој речник бил издаден и од страна на Магор издавачка куќа но веројатно и таму го нема штом е пред 10 години издаден речникот. Изгледа и професорката Рачева е во пензија и веројатно нема да има второ издание на речникот.
Ваше мислење форумџии ако може дали некаде знаете да го има овој речник.
На Филолошки факултет во книжарата прашав и ми кажаа во оригинал го нема речникот, туку само го има како копија да се ископира за 350 денари сите 1000 страници од речникот. Но јас повеќе сакав да го имам како оригинал, бидејќи копиите при прелистување и читање полесно се кинат и распаѓаат отколку оригиналот.
Јас не сум студент на Филолошки туку го учам на курс Германскиот јазик па сакав и речник да си имам. Баш гледам автор на овој речник е човек на кого Германскиот му е мајчин јазик па може има и квалитет на речникот.
Вие форумџии кој речник за Германски јазик користите ако може препорака за добар речник да купам.
И битно ми е да има во речникот пред преводот на зборовите и во кој род е секој збор во Германскиот јазик, бидејќи тоа е многу битно.