Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Каде може да се најде "Пеколен портокал" од Ентони Бурџис ?
 
Пеколен портокал ја имаат Три издадено, таму можеш да ја најдеш. Јас ти ја испраќам во pdf. формат на српски јазик.
 
Attachments

Да не има некој некаков есеј (осврт) за ,,Сомнително лице" од Бранислав Нушиќ, ,,Свадбата на Фигаро" од Пјер Бомарше или ,,Вујко Вања" од Антон Павлович Чехов. Ако немате, дали може некаква идеја за вовед, на било кои од овие.
 
Гледав на страницата кај нив и на купикнига, но пишува дека моментално дека е распродадена кај двете. (n)

Иначе, фала ти за српската верзија, но би сакал да ја прочитам на македонски, ко била излезена на наш јазик. :)
 
Ај да прашам ако спаѓа прашањево во категоријата... ми треба предлог за книга за подарок за другарка. Што би ми препорачале, нешто што вреди другар на другар да го поклони.
 
Да не има некој некаков есеј (осврт) за ,,Сомнително лице" од Бранислав Нушиќ, ,,Свадбата на Фигаро" од Пјер Бомарше или ,,Вујко Вања" од Антон Павлович Чехов. Ако немате, дали може некаква идеја за вовед, на било кои од овие.

Би ти препорачал да ги прочиташ делата и мислам дека и самиот би можел да изведеш некој заклучок. Не се големи и претставуваат задоволство да се прочитаат.
Во однос на пиесата „Вујко Вања“.
Воопшто тема во пиесата „Вујко Вања“ е животот на „малите“ (обичните) луѓе, со нивните незабележливи страдања и несебичноста во корист на туѓата среќа, а исто така се среќава и темата на залудно изгубената душевна убавина и бесмислено изгубениот живот.
Со самиот назив на пиесата Чехов посочува на едноставноста, секојдневноста и обичноста на своите литературни јунаци и нивните страдања.
Војницки имал и цел и идеали во животот, но сепак тие се покажале како лажни.
Вујко Вања и Соња се откажале од својата лична среќа во однос на службата кон Серебрјаков. Тие не само што управувале со имотот и испраќале пари, но и ги препишувале белешките на професорот. Тие сметале дека му служат на голем научник, но се покажува дека животот му го посветиле на неблагодарно чудовиште, на самозаљубен егоист. Серебрјаков, кој своевремено претставувал идеал на вујко Вања, се испоставило дека е паразит, патетичен и бездушен себичен човек, при што се покажало дека жртвата на Војницки е принесена на погрешно разбраната среќа....
Проблемот е во тоа, што литературните херои живеат во еден нивни замислен свет без да го погледнат реалниот живот.
Исто така интересен е ликот и на докторот Астров, благороден човек, кој мечтае за прекрасен живот на земјата. Тој му посветил десет години на својата работа, но на крајот неговото дело не само што не ја променило неговата положба, туку ни положбата на луѓето околу него. Во ликот на докторот Астров е отелотворена идејата за тоа, што недостатокот на „општи идеи“ го лишат значењето на делото.
Во принцип со првите зборови на Астров во пиесата се доловува суштината: „ Кај човекот треба да е сѐ прекрасно: и лицето и облеката и душата и мислите. Таа е прекрасна, нема збор, но... таа само јаде, спие, шета, не маѓепсува со својата убавина и тоа е сѐ. Таа нема никакви задолженија, за неа работат останатите. Така? А празниот живот не може да биде чист.“
Во принцип секој од лит. јунаци страда од неможноста, неспособноста и незнаењето да го измени својот живот. Сите сфаќаат дека постапуваат погрешно, но ништо во врска со тоа не можат да сторат.
Со еден збор разочарувањето, беспомошноста и безизлезноста се основните чувства во делото. Малите семејни конфликти прераснуваат во внатрешни конфликти кај секој од јунаците и сами по себе немаат разрешница. На крајот сѐ е како и порано.

Еве вака најкратко и најосновно што може да се напише во врска со делото. Во краткиов осврт имаш неколку теми, на коишто можеш повеќе да се посветиш. Мое мислење е секогаш да користиш и цитати од книгите. Односно да ја потврдиш теоријата со аргумент. :anco:
 
Фала ти друже :)
 
Aj nabrzinka edna ideja na tema "Razgovor so oblakot" nesto nafrlano kako da dobijam inspiracija se macam veke 3 dena.Mi treba itno.
 
Ми треба состав на темата Мoќтa и гoрдoстa нa чoрбaџи Теoдoс зaкoпaнa вo кaлтa пред нoзете нa Арсo. И да биднат 200 збора до 210. Навистина ми е итно ако може некој да помогне:)
 
Искрено тешко помош. Имам ја нешто за него ама нема благе везе со насловот што ти треба.
 
Од која библиотека земате книги на англиски јазик ? Секогаш ги претпочитам книгите во оригинал отколку преведувани
 
Каде би можело да ја има ,,Македонски берзански бум во 2005" од Крсте Шајноски, издадено од Влабор
 
rUtEiLW.jpg

Дали некој има претстава каде би можел да ги најдам тука во Македонија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom