Завршив со романот „Затоа што те љубам“ од Гијом Мисо. Патем одличен, СОВРШЕН роман, пресвртот на крајот ме фасцинира
. Синоќа ја почнав „Посакувам да си тука“, од Франсеск Миралес. Стасав до 69 страна и задржува внимание, ме задржува тајната која е што на крајот дури од книгата ќе ја дознаам. Ако се прашувате за која тајна зборам, во кратки црти ќе ви раскажам делче...
- Даниел е успешен архитект значи, на неговиот триесетти роденден, баш на тој ден дознава дека девојка му со која бил 8 години чинам во врска, а требаше и да се венчаат, го изневерува со неговиот најверен другар Боско. Паѓа во депресија, е осамен и се затвара дома, му текнува дека добил цеде за подарок од неговата другарка,по име Марта. Го пушта цедето, го слуша и во секоја песна всушност се препознава, не само шо се препознава, него песните навистина и ко да се за него пишани... Дури во една песна се спомнува и неговата професија. Почнува да трага по пеачката, без да најави никому заминува во Париз.... И толку, сега останува да си дочитам.
Пс: Кој ги пиша текстовите?! A пеачката Ева Винтер, сигурно не е, бидејќи таа поима нема...