Пошто не најдов посоодветна тема за последна прочитана книга (или има, но е некаде после 4тата страница
) ќе пишам тука.
По препорака на еден од двајцата вработени во книжарницата, ја зедов „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски. Како љубител на егзистенционализмот како правец во книжевноста. книгава ми ги има задоволено апетитите. Како правец на кој се отклопчува самата приказна, би рекол дека е доста хаотично напишана и мислам не го нуди чувството дека длабоко можеш да завлезеш во истата. Психолошкиот приказ на младиот протагонист е одлично доловен, тој се чувствува загубено во своите стравови на приврзаност со што ствара еден егзистенцијалистички свет, каде се` е минливо па дури и подлабоките врзувања меѓу него и неговите блиски, раѓајќи на моменти и одредени мали форми на нихилизам. Дотука е се` одлично скоцкано. Проблемот е поставеноста на животните приказни што самиот протагонист пробува да ги долови на читателот (раскажува во прво лице). Иако книгата не изобилува со многу споредни ликови, сепак самата раштрканост на приказите од едно време па во сегашноста, па во раното детство, па во сосема друго време па повторно навраќање во сегашноста дава еден вид на предизвик, иако книгата нема некои затскриени пораки, едноставно се чита онака како што е. Крајот е малку конфузен, тука имам чувство на недореченост и обид на претенциозно објаснување на приказната во целост, но се` на се`, со малку повеќе сконцентрираност ја добивате големата слика. Само последното поглавје не ми беше нешто јасно.... Дали тој се почувствува слободен и конечно ги разби прангиите на секојдневната монотоност?
Се` на се`, солидно парче литература, ме поттикна доста да размислам за личните избори што во иднина би ми се пружиле. За оние изминатите.... времето веќе одамна е пројдено.
Оценка 4/5.