UEFA Champions League 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Оти да не нема квалитет Атлетико ?
Псж нема квалитет ?
На Псж му се враќа Ауриер за 1/4 финале и се враќат играчите на своите позиции, Маркињос иако изигра солидно против Челзи на бек сепак подруго е со Ауриер.
Ubavo si pisala za cetvrt finale imaat. Sansite da LS osvoji nekoj drug sem Barsa I Baern se isti kolku sansite nie da zavrsime u top 4 u PL.:D
 
Реал - Сити
Барса - ПСЖ
Атлетико - Бенфика
Баерн - Волфсбург

Стајте у букмарк ова :D
 
Огромниот хејт према фановите на Баерн на форумов (оправдан или неоправдан не навлегувам) придонесува огромен дел од коментарите за тој тим да бидат исполнети со субјективност и нереалност. Искрено за оние што на полувремето ги отпишавте Баерн дека се отпаднати не знам што да кажам. Постојано истите грешки. Кога ќе се сетам дека после поразот од 2-0 од Арсенал некој правеа веќе планови како Арсенал ќе добиел на Алијанц, па како ќе има шанси за прво место :facepalm:

Го напишав ова пред некое време и пак ќе го напишам. Со една победа не се станува подобар/полош противник од некој, со една елиминација не знаечи дека клубот кој поминал е поквалитетен и со едно изиграно полувреме не се добива пласман во понатамошна фаза.

Јас сум свесен дека и ова што го направи Јуве е многу, бидејќи не се очекуваше ниту приближно. Ама не можам да кажам "Леле браво, супер изигравме, задоволен сум, бла-бла, дрн дрн. :aplauz:" Јуве го имаше двомечот во рацете. Баерн не знам поради кои причини, во одбрана овие два натпревари изигра на ниво на Фросиноне да кажеме. Е сега кога еден така супериорен тим во нападот игра толку лошо во одбраната-најмалку логична работа да се направи е да се затвори во сопствениот шеснаесетник по 20-30 минути без престан.

Ова 20-30 минути намерно го потенцирам бидејќи знам дека невозможно е фудбалот 90 минути без престан да се игра офанзивно. Ама исто така знам дека играњето како првите 60 минути на мечот во Торино(значи зборуваме за период од еден саат) исто така е недозволиво и не смее по никој случај да се оправда. Не е некоја филозофија тимот да мрдне некое метро понапред и така да игра периодично со промени. Назад повлекување, па напад завлекување. Тоа повлекување може да биде три, пет па максимум и десет минути ама во никој случај повеќе. Оти ако е повеќе како и да е топката ќе си го најде патот до мрежата.

На вечерашниов меч ни фалеа многу играчи и тоа е факт. Ама исто така факт е дека тимот на теренот покажа како се игра против Баерн во првиот дел и во првите 15 минути од вториот. Баерн пак имаше 65-70% посед на топката, пак имаше 5 пати повеќе додавања, ама присутни беа тие напади кои беа клучни за да им се нарушува балансот во тимот. Кога престанавме воопшто да напаѓаме тогаш играчите на Баерн се ослободија видно од оној притисок да не примат гол и си нападнаа со сите сили како што и знаат. Двата гола кои ги дадоа се едноставно неизбежни да се примат кога толку назад ќе биде повлечен еден тим.

Излегувањето од игра на Кедира му е јасно на секој кој го прати Јуве, бидејќи човекот не може да игра цел меч, а подобра замена од Стураро нема. Асамоа е исто на клупата, ама нема гаранција дека ќе изиграше подобро. Мората и Квадрадо не смееја да го напуштат теренот, а особено не првиот за на негово место да влезе, бавниот и спор Манџукич кој никогаш во животот не знаел да игра како сам напаѓач со најблискиот соиграч зад него на 20 метри. Тука лежи зајакот. Дури и да не можеше Мората да продолжи заради некаков замор (кој дефинитивно не го покажуваше на теренот) на клупата имаше подобра и побрза опција-Заза.

Излегувањето на Квадрадо ми е исто дискутабилно, а на крај краева не може се да се вади на физички замор, бидејќи заморот како е за Јуве, така е и за играчите на Баерн.

Тоа е тоа, може уште многу да се пишува, ама бадијала е, во фудбалот на крај краева она што останува е резултатот. А тој вели дека Баерн оди понатаму, а нам ни останува да се тешиме дека добро изигравме, ама и уште повеќе да се изедеме внатре во нас дека можевме и моравме подобро.
 
Не можам да пишам за мечот затоа што уште во глава ми е моментот кога ни поништија чист гол за 0-2. Во ред е да испаднеш како пред 3 год. од Баерн ама кога судија ќе те елиминира... Све низ дома у инвалидска количка да му се вози!!!
Сам кажа, ситуацијата беше за 0-2. После тоа и беше 0-2. Или си рачунаш дека после пак исто ќе беше и ќе го постигневте пак вториот гол во случајов трет?
 
Најголема брука на двомечов беше Ноер. Моронот заеба 2 ебани гола на двомечов. Два гола на ваков двомеч ради неговите цирузантски потези, еј брука и срамота.
Уствари да не досудеа непостоечки офсајд ќе беа 3.
После двомечов не заслужува да биде спомнат како најјак голман за најмалку 3 години унапред
Избрани 2-3 сезони и го направија Буфон. :D Па уште се газеа од смеење баварците лани коа викавме дека сеуште е далеку од Џиџи а веќе 30 години има. :cautious:
 
Барса-Сити
Баерн-Атлетико
Реал-Волфсбург
ПСЖ-Бенфика

:D
 
Ај сега малце отиде.Гераманците се најтрофејна репрезентација во Европа, СП повеќе титули има Бразил, но на 2 СП Германија не учествуваше поради политика.Сигурно дека против Германци некој ќе победи на нивен начин, но речиси општо познато и прифатено е дека германецот се бори до последна минута, не за џабе Шваби ги викат.Можеш да ги спориш за успеси, но за менталитетот нивен, мало морген.

Брат кој менталитет... поголемиот број на играчи им се странци или германски гени им вбризгуваат низ шупакот? Плус тренер од друга држава? :D

Да речеш за германија ај, ама за екипа од германско првенство од кои денеска најјакио играч им е собран за време на војната во Украина и порано играл на некоја плажа бразилска.. :D
 
Мене не ми е јасно зошто го извади Мората кој им беше најдобар играч и стави тотално неупотреблив играч (Манџо). Ај да беше 90та па да го ставеше топка да гради, време да краде ама вака во 70та минута бе.

Инаку за тактиката на Алегри збор да нема. Со оглед на играчките кадари не може да се дозволи да игра отворено. Клоп во Дортмунд со ваквата тактика против Баерн си изгради име во фудбалскиот свет.
Не шала на страна Клоп ги шлакаше Баерн машки, да не рачам им покажуваше кој е кој во моментот. Јуве не одигра така во двомечов ама изиграа добро. Можеби да им ја применеа тактиката на Клоп "кој сте бе ве вие, не ве знам" ќе поминеа подобро ама што е тука е, живот иде даље.
 
Оти да не нема квалитет Атлетико ?
Псж нема квалитет ?
На Псж му се враќа Ауриер за 1/4 финале и се враќат играчите на своите позиции, Маркињос иако изигра солидно против Челзи на бек сепак подруго е со Ауриер.
Тој ауриер е отпишан не се враќа веќе :D
 
Најголема брука на двомечов беше Ноер. Моронот заеба 2 ебани гола на двомечов. Два гола на ваков двомеч ради неговите цирузантски потези, еј брука и срамота.
Уствари да не досудеа непостоечки офсајд ќе беа 3.
После двомечов не заслужува да биде спомнат како најјак голман за најмалку 3 години унапред
Не беше воопшто крив Ноер
 
Имам огромен респект према Ноер и ми е во топ3 голмани во Свет во моментов али дај бе брат прекини со тоа излагањата. Кога треба и кога не треба, трча напред, да пресече топка.
 
Имам огромен респект према Ноер и ми е во топ3 голмани во Свет во моментов али дај бе брат прекини со тоа излагањата. Кога треба и кога не треба, трча напред, да пресече топка.
Мислам дека е до Пеп. Под Јуп немаше такви испади.
 
Од ситуацијава фановиве на Арсенал најмногу добиваат :D Никој не ги есапи 2% и никој не ги трола, си уживаат, исто ко да не се одиграла утакмицава на Камп Ноу.
 
Сам кажа, ситуацијата беше за 0-2. После тоа и беше 0-2. Или си рачунаш дека после пак исто ќе беше и ќе го постигневте пак вториот гол во случајов трет?
Не може да се знае што би било ама и не може да се каже "па ете дадовте друг гол, не ви требаше тој поништениот". Дадениот гол за 0-2 не беше нерегуларен па да се каже дека било компензација.
 
Од ситуацијава фановиве на Арсенал најмногу добиваат :D Никој не ги есапи 2% и никој не ги трола, си уживаат, исто ко да не се одиграла утакмицава на Камп Ноу.
Фокусирани се на борба 3-5 место во најдобрата лига на светот .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom