Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.763
- Поени од реакции
- 52.740
Се ближи почетокот на новата сезона од групната фаза на најелитното натпреварување во Европа, Лига на Шампиони. Ова ќе биде 61ва сезона од натпреварувањето, 24та откако беше ребрендирано. Вкупно 78 тимови се учесници, од вкупно 53 различни асоцијации. Од нив, само 32 имаат можност да учествуваат во групната фаза. Првото коло од групната фаза ќе се изигра на 15ти и 16ти септември. До тогаш, останува да ги дознаеме групите и да дискутираме за нашите очекувања за новата сезона.
Оваа година, домаќин на финалето кое ќе се одигра на 28.05.2016 ќе биде стадионот Сан Сиро во Милан.
Актуелен шампион се Барселона кои во финалето го победија Јувентус со резултат 3-1. Сè уште ниту еден тим ја нема одбрането титулата откако се одржува по новиот формат од 1992, па пред почетокот на секоја сезона се поставува прашањето дали токму сега шампионот ќе успее во тоа.
Почнувајќи од оваа сезона, воведени се неколку нови правила:
Па така, според сите нови правила, вака изгледа распоредувањето на тимовите:
Извлекувањето на групите ќе се одржи утре (27.08.2015) во 18:45. Ќе имаме прилика да го видиме неповторливиот Џани Инфантино кој повторно ќе не потсети на добро познатите правила при извлекување на групите, па нема потреба да ги пишуваме сега.
Па, кои ви се очекувањата за вашиот тим сезонава? Кои противници би ги сакале во групната фаза? Кои се фаворитите оваа година?
Еве го и интрото за новата сезона:

- Шампионот од Лига Европа добива место во групната фаза доколку шампионот од ЛШ има обезбедено пласман и со лигашката позиција, или пак во плејоф доколку шампионот од ЛШ нема обезбедено место и преку позицијата во лигата.
- Претходниот лимит од четири тимови од една асоцијација е зголемен на пет со што доколку шампионите од ЛШ и ЛЕ се од една од првите три асоцијации (но не од истата) и завршат надвор од топ 4, тоаш на тој што завршил на четвртата позиција не му се одзема правото на учество, како што беше до сега. Но, доколку шампионите на ЛШ и ЛЕ се од иста асоцијација и завршиле надвор од топ 4, тимот кој завршил четврти се префрла во Лига Европа.
- Има промена во пополнувањето на садовите за извлекување на групата фаза. Од оваа сезона, во првиот сад ќе бидат сместени шампионите од првите седум асоцијации, плус актуелниот шампион, а доколку тој е и шампион во домашното првенство (како што е случајот со Барселона сезонава), тогаш се додава и шампионот од осмата асоцијација. Во вториот, третиот и четвртиот сад се распоредуваат останатите учесници според УЕФА коефициентите.