Ништо не ми мена овај резултат во животов мој, исто како што немаше да ми менит ниту победата.
Утре немат да ми го спомнат Јуве, немат да ме заебаваат, исто како што немаше да ме тапкаат по грб и да ми честитаат ако победеше.
Задутре немат да ја паметам, исто како и некоја си победа, следната сезона ќе морав да барам на резултати да видам како завршила оваа утакмица.
Едино што ми мена е што некако овај спортски тим успева да мe научи на најголемите животни лекции.
Вечерва беше таа дека никогаш да не се предаваш и никогаш да не потценуваш.
Никогаш немат да ги разберам луѓето што сакаат да се постават над другите и да им ги одземат шансите дали на терен дали во животот уште пред да почнат.
Дали не разбирам затоа што не сум бил тој што јадел чврги и ме терале да носам вода како мал, и секогаш сум ги бранел послабите од мене, незнам.
Невикам дека сите фанови се такви, има такви и што навиваат за Јуве и од нив се срамам како што Маја се страмит од Ѓорѓе.
Јуве успеа да им одржи лекција на таквите, иако кратка но тука беше, штета што не беше целосна, ама целаа таа негативна енергија еден ден ќе им се врати.