FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
по коментариве тежок е а, се мислам ако го гледам колку ќе сфатам од него. Да го скокам овој :)
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
по коментариве тежок е а, се мислам ако го гледам колку ќе сфатам од него. Да го скокам овој :)
Не тежок за сфаќање, туку тешко на душата ќе ти биде од филмов :D
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Филм кој не е за секои очи. Многу тешки сцени има, а поготово со бебето на почетокот. Искрено се мислев да го прекинам послем тоа. Како сцена не е толку гадна колку што дојде ненадејно и не сме научени да гледаме такви работи во филмови. Требало на друг начин да ја прикажат таа сцена, не морале толку приказно да ни преставаат и на друг начин ќе укапиравме што се случило.

Приказната и поентата на филмот се дознава одма на почеток ама и порај тоа филмот успева да те задржи. Било каков човек да си послем такво минато тешко дека некој ќе може да се врати во нормала. Ник не беше воопшто забеган, туку знаеше дека среќата избегала од дамна од него и поради тоа имав чувство дека не се замара со ништо и беше паднат во тешка депресија. Животот го беше сведел само на пиво и теретана. Но се тоа се смени кога го виде братот и Мартин. Со нив некако виде дека неговиот живот сепак може да има некаква смисла, а тоа е да успее да ги спроведе на прав пат и да не дозволи понатака да страдаат.
Додека брат му на Ник не го оправдувам. Разбирам дека имал тешко детство, дека жена му починала. ама човеку имаш дете. Не доволувај тоа да има тежок живот поради тоа што ти си имал тешко минато. Потруди се да животот му го направиш најдобар што може. Покажуваше дека го сакаше синот, ама според мене дрогата му беше поважна. Доколку навистина го сакаш синот ќе откажеш и дрога и се, а он што направи? Доби огромна сума на пари и наместо тоа да му биде оскочна даска за понатака он купи дрога.

Иначе чудно за опшество како Данска да се случуваат вакви работи, повеќе делува како да е филм од источна Европа.
Моментот кога звонеше на ѕвончето и како имиња стоеа Љатифи, Али и уште некое братско име. :D

7/10 оценка.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Иначе чудно за опшество како Данска да се случуваат вакви работи, повеќе делува како да е филм од источна Европа.
Моментот кога звонеше на ѕвончето и како имиња стоеа Љатифи, Али и уште некое братско име. :D
Ако си гледал други дански филмови нема да те чуде и да мислиш дека доаѓа од Источна Европа. Многу депресивни филмови прават, веројатно се и таков ладен, депресивен народ, некаде имам прочитани дека се една од најнесреќната нација ваљда затоа што семејните вредности и собирања се многу ретки поради самиот менталитет, живот сведен на работа, високи даноци. Кога ќе видиш и треба да им е се подредено, една од најбогатите нации во Европа, најсреќни да се, ама ваљда има големо влијание тоа што се наоѓаат во ладна средина, ладни карактери и не им се баш среќни животите. Исто така имам прочитано дека е многу голема стапката на самоубиства.

За второто, многу мигранти и муслимани има во Данска, така да и тоа да не те чуде :)
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.172
Поени од реакции
25.324
Да ти ебам језивиот филм, и ја па кај најдов сеа да го гледам. Предобар е, ама у пичку матер премногу е језив. Си тера филмот, гледаш дека ќе биде мрачен, гледаш дека станува збор за двајца браќа што се грижат за нивното помало братче бебе додека мајка им се курва и пие до смрт и си викаш, океј бе, не е толку страшно сум видел и подепресивни работи и од еднаш.. БАМ! Следна сцена, бебево мртво.

И од тука веќе нема ручна, филмот си тече во таа депресивна атмосфера и како што го гледаш се повеќе и повеќе на почеток ја одбиваш ама после некако како да ја прифаќаш, барем ја така се осетив. Сцената која највеќе ме удри од земја беше кога братов со детенцето ќе си дојдат дома и детево му вика тато ми се јаде и татково вика чекај да идам до WC, и детево му вика ама многу ми се јаде сеа одма за после да му каже, добро нема врска иди во WC.. и си викаш кој кур детево знае дека татко му се роба. Е ова од земја ме мавна.

Ви ги читав коментарите, претежно се сложувам како сте ги опишале сите ликови освен џанкерот. Ник е дефиниција на изреката "Кога врне - истура!". Гледам сите го оправудавате него, што е сосема во ред но го критикувате брат му. Луѓе, он многу потежок живот имал од Ник. На него му се раѓа дете, почнуваат да се чистат со жена му ради детето и од еднаш единствената сила што го терала да биде чист, умира. Ја нема, толку. После тоа крај е, нема враќање. Он си го сакаше син му, тоа го покажа на многу пати, ама човекот толку знае затоа и со парите зема дрога да дила за да му овозможи на син му пристоен живот. Сигурно бивши наркоман со такво детство со пари оставени во наследство нема да почне бизнис да тера.

Филмот е одличен, браво за предлогов, после вакви предлози се замислувам што да предложам ја за да не испадне некоја глупост. Моја оценка 8/10.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.847
Супер си е филмот бе :D После првите 10 минути, знаеше дека те чека некое срање понатаму кое ќе те мачи во текот на гледањето. Содржински можеби и не е дотолку богат, но е фино скоцкан и запазува една оригинална приказна. Имаш контра карактери (зборува за браќата) кои благодарение на несреќната судбина секој од нив кинисал во свој правец на живеење. И конечно иди до допир на тие нивни животи и попримање влијание едни од други. Мене неколку сцени со детето прикажано како жртва на родителска негрижа ми причинија мачнина во грлото. Онака како да сакаш да влезеш преку екранот и да му помогниш некако. На добар начин беа инсталирани во филмот тајните на ликовите согласно нивната природа, кои лека полека почнуваат да избиваат на површина и да те возат.

Од мене има 8-ка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom