Песнава, awww...
Според мене најубавата данска песна која е некогаш направена, која ме врати во времето од пред неколку години кога сѐ беше некако поразлично околу мене и имав поинакви погледи на светот.
Кој не ја слушал Агнес Обел а е по музиката, препорачувам, задолжително!
Сега за филмов. Јас ја обожувам данската кинематографија и да бидам искрен, малку непријатно ми е што чувствувам како да влијаев за
@MyloXyloto да го избере баш овој филм, со тоа што споменав да бира од север. Море гајле ми е, јас уживав! И мене ова ми е трет филм од Винтеберг, по Jagten и Far From the Madding Crowd. На
@MyloXyloto гледам му се допаднал повеќе отколку The Hunt. Искрено, и јас сум тука некаде со мислењето, иако јас би им дал му дал и на Submarino иста оценка како и на The Hunt - 9/10. Кај Данците го сакам баш затоа што зад кората од мраз која го обвива скоро секој нивни филм, и покрај целото тоа студенило и сивило, од внатре, длабоко гори некој оган за кој од почеток до крај знаеш дека во секој момент ќе експлодира и ќе победи. И иако речиси никогаш не се случува тоа, сепак си свесен колку топлина допрела до тебе... некако магично, низ мразот. Јас скоро секогаш имам такво чувство. Преплавен сум со емоции секогаш кога навидум изостануваат. Се грижам, сочувствувам, тагувам за и со сите загуби и неуспеси на ликовите од данското кино. А исто такви чувства имав и со овој. Заедно со Сузан Биер и секако Ларс, Винтерберг за мене полека но сигурно се вбројува меѓу најценетите и најдобрите европски режисери.
Сцената која
@Anon и останатите ја спомнавте, а која ви го направила ептен деппресивен филмов мене не ми беше ништо ново од данското кино (не сакам да спомнувам сега други примери, за да ви ги спојлнам нив, ако ги немате гледано, но сум гледал минимум 3-4 дански (скандинавски) филмови со слична тема. Но дека е депримирачка, е. Во секој случај. Само јас (не се смејте) оти појма немав што е Субмарино, мислев дека така го крстиле братчето.
Двата лика многу убаво ги опиша
@dejan_k - и јас исто ги доживеав. Не би рекол дека Ник немал за што да се бори, за разлика од брат му. Колку и да ја сакал Ана, таа не е единствената жена на светот. И двајцата ја изгубиле љубената, иако загубата на брат му е неповратна - тој ја нема можноста дури ни да ја види веќе. Но можеби токму таа можнсост и повеќе боли, а? Многу јака сцена беше нивната средба од крајот на филмот, кога ѝ рече дека ја исекол раката за да ја отстрани тетоважата „А“ од неа, која ја направил заради неа. Се наежив цел! Подобро со некоја греда да ја удреше по глава. И многу ми беше мило што и без неа, и без рака, пак Ник излезе како победник во неговата приказна: замина со крената глава додека таа остана да тагува за погрешните избори кои ги направила. Брат му пак, точно, немаше сили веќе да продолжи, но тоа нималку не ги оправдува изборите кои тој ги направи во животот. За прашањето на
@Anon, за моментите кога наеднаш почнаа среќно да си живеат со Мартин: мислам дека тоа беше во моментот кога почина мајка им, па во наследство добија пари од куќата која ја поседувала. Материјалната инјекција ги живна малку, но тој направи уште еден погрешен, кобен чекор што тие пари ги „инвестираше“ на погрешен начин. Добар татко би мислел и на синот, пред да преземе некој таков чекор.
Таа смрдливата свиња, Иван, не знам од кај се појави во животот на Ник, но дефинитивно е најгрозното суштество што сум го видел на филм во последно време. И не мислам воопшто на физичкиот изглед притоа!
А малиот - срценце. Мислам дека тој пропати најмногу и од сите нив заедно: ги изгуби и мајката и таткото еден по друг, и тоа тогаш кога најмногу му требаат мајка и татко на едно дете. Но јас сепак мислам дека филмов имаше каков-таков happy end. Соединувањето на Мартин со Ник ме наведува на помисла дека Ник ќе направи сѐ што е во негова можност за Мартин да нема детство какво што имаше тој, и кое подоцна ќе му го уништи и животот. Мартин за Ник е избавување од лошиот пат по кој беше тргнал. Тој го зазеде местото на детето кое два пати го изгуби во неговиот живот: првиот пат малото братче, вториот - неродениот син на него и Ана.
Музиката, кадрите, гро плановите, приказната, глумата... сѐ е убаво! Јас навистина уживав во филмов. Уште еднаш да повторам - 9/10 од мене.