FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Гледам дека првите впечатоци се генерално позитивни. Депре е филмот, факт е тоа, а уште поголем е фактот дека сум огромен фан на мачни филмови. Лани го гледав на лап топ за прв пат филмот, деновиве следува реприза овој пат на ТВ екран.

Инаку ова се останатите филмови кои беа во потесниот круг за кој филм да го одберам, така да огромна препорака за сите од нив или па ете некој друг ако се реше да номинира некој од следниве филмови.

Festen (The Celebration)
Gett: The Trial of Viviane Amsalem
Pozitia Copilului (Child's Pose)
We Need to Talk About Kevin


А и изгледа добро сум направил после толку позитивен филм, да ви удрам шлаканица со еден ваков тежок филм. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Многу болен филм, не памтам да сум глеал некој ваков. Не знам што да кажам, не ме бива за елаборирање и рецензирање.
Од кога се видоа у затворот до крај имав некоја грутка у грло.. последната сцена беше крајот. Буквално.

Само ќе кажам дека ми се гадеше од мајката и поготово од помаранџестиот, ич не сочувствував со копилето, највеќе ми беше жал за малиот и Ник.

9/10.

Сеа читам коментари, @Zlatikevichius и ја мислев дека бебето го крстија Субмарино. :D
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Festen (The Celebration)
Gett: The Trial of Viviane Amsalem
Pozitia Copilului (Child's Pose)
We Need to Talk About Kevin
Festen е исто на Винтерберг. Тој и Child's Pose ми се во watchlist. За вториов прв пат слушам, а последниот мене не ми се допадна.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Шо може да се очекува од филм кој ко декорација у соба го става Ник Кејв. :D

Искрено, не се поврзав со ликовите. Ама цел ден ми остана во глава. Обожавам драми, обожавам депресии и обожавам филмови што ми остануваат у глава уште некое време после гледање, за размислување. Атмосфера коска, ионака не ми се искачаше од под ќебе сабајле. Глумата не беше тоа што не создаде конекција, добри беа дечките, можеби како што вика Анон - јазичната бариера и лошиот превод беа виновниците. Но сепак филмот имаше магија, парадоксално депресијата ти е слатка, уживаш, горчливо слатко. Притоа допирајќи до некоја пипава тема, класика за Скандинавската кинематографија. Најзаебан момент ми беше кога откријаа на крај зашо се вика детево Мартин.

Од мене има 4/5. Или 8 од 10 ако му е полесно на Златикваскднквчиус да бележи.
Иначе да го пингнам умеѓувреме @beaverknight дека е дозволено и не е касно приклучување у клубот. Да не се жали само за внимание! :p
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
:jeeee:

Да му се ставам на Submarino или да почнам од почеток? :D
so koj sakas, preku 10 dena se predlozuva film, mozes da ne stignes, ako sakas, opcionalno
mozes I so submarino, za da ja fatis diskusijata, a drugive koga imas vreme, do kraj na godinata :D
ako voopsto sakas da gi izgledas pominatite de
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Мене не ме допре филмот толку колку што очекував, ама не значи дека не ми се допадна. Поради тоа и некои ситни досадни моментчиња - 8/10. :D Кога го прочитав описот имав чувство дека ќе падне 10-ка, поинаку замислував дека ќе се движи дејството.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Прва ноќ слободна и решив да го гледам филмов.
Аууу тежок филм, ептен тежок за гледање.
Морав неколку пати да го паузирам и да се ѕверам така во празната темна соба. И лош тајминг одбрав за гледање, во ниедно време.
Се беше депримирачко во филмов, сите ликови тотално до еден. И боите беа одбрани така ладни, сув ладен период, баш да го почуствуваш тоа скандинавското.
Пораката на филмот е јасна. Сите чекори кои ги превземаме и правиме во сегашноста и иднината следствуваат на искуството кое сме го имале на минатото, без разлика дали било тоа позитивно или негативно.

Ник и брат му беа осудени на пропаст уште од самиот почеток бидејќи имаа таков тежок и мачен живот, кој и они самите не го посакуваа. Минатото ги прогонуваше низ целиот филм и колку и да се обидуваа да сменат нешто и тргнат напред, ги враќаше назад.(парите кои ги доби помалиот брат и почна да ги троши на материјални добра со кои успеа да купи малку среќа, за жал краткотрајна за него и син му).

Јас не би се обидел да судам никому, бидејќи баш филмот и тоа сака да ни го прикаже. Можеби и јас би завршил како нив да сум бил на нивно место, можеби би потклекнал на притисокот и би покажал слабост како помалиот брат и би си го одзел животот. Можеби би покажал и сила како Ник, на кој му беше доволна причината што треба да се грижи за Мартин, за да продолжи понатаму.
Сите карактери можам да ги разберам, освен Иван. Него никако неможам да го сватам и логично да ги разберам неговите постапки. Многу долен човек. Гнаса!

Само еден мал дел не успеав да разберам или разбрав погрешно, па ако може некој да ми објасни. На сликата која ја прикажаа мајката на Мартин(жената на црвениот брат), ми изгледаше слично на плавушата што беше со Ник(што беше задавена од тој гнасата). За истата ли особа се работи, или ја сум грешка? :unsure:

Филмов ни дава една голема лекција на сите идни и сегашни родители, да размислиме два пати пред секоја одлука што ќе ја донесеме и како истата ќе влијае на нашите деца.
Ако ние сме имале тежок живот, тие не го заслужуваат истиот. Никој не би посакал неговите деца да завршат како браќата или Мартин.

Оценка: Една многу добра 7.5. Ќе му дадев 8 али ми беше премногу мачен за гледање.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Иван имаше очигледни психички проблеми (гласовите му кажувале)... требал да биде институциониран.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Ја повеќе мислам дека глумеше жртва која е желна за внимание и пажња, разочаран од тоа што луѓето кон него се однесуваат навредувачки поради неговиот физички изглед, ваљда тие трауми ги влечел цел живот. Повеќе беше психички слабак, наместо физички. Надополни го тука и тој манијакален елемент. Успеаа да го совладаат своите нагони, него разумот.
Овакви случаи гледаме секој ден со мигранти кои силуваат деца, жени, баби... а некои од нив и ги усмртуваат.

Може е ова дијагноза доволна за да биде институциониран, но зар нема секој психопатски убиец и силувач исти или поголеми ментални проблеми како слушање на гласови, немање емпатија итн. итн. Но тоа не ги прави да треба да сочуствуваме со нив или да ги разбереме нивните постапки.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Луѓе ај ако може да ми пратите по пп линк од кај да го симнам филмов. Три дена веќе симињам некакви глупости, еднаш кочеше снимакта, втор пат ништо не се гледаше и денес сосема нешто различно ми се симнало.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Го глеав филмов у саботата ама забораив да пишам.

Мене не ми беше до толку депресивен филмов како шо го претставуваа тука у првите коментари шо ги читав. За мене е минимално депресивен.
Заебана приказна има. Пак полно со емоции, сочувствуваш со Ник кога е обвинет за нешто што не го направил, со Мартин кога останува сам, нервозен на татко му на Мартин (не ми текнува како му беше името) шо си игра играчки и е наркоман, а има дете, башка што се впушта у дилерски води. Ти иде да го фатиш и да го тепаш до 1001 и назад. Лут си на Ник шо си игра играчки со Софија. Го презираш коа ја договорил да има секс со тој дебелиот...

Генерално ми се свиѓаше филмов и сфаќам дека данциве праеле доста добри филмови.

Оценка 8/10.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Многу тежок филм, комплицирани ликови кои беа тешки за сфаќање. Од почетокот се гледаше дека после смртта на бебето ќе бидат осакатени за цел живот но очекував да бидат повеќе поврзани кога ќе порастат. Одлично беше доловена атмосферата на филмот и ликовите добро се развиваа. Жал ми падна за Софи, не изгледаше дека е курва и навистина се грижеше за Ник но неславно заврши и таа.

Се на се 8ка, да не ми беше гледан The Hunt ќе му дадев 9 но послаб е од него. The Hunt ќе ми беше предлог но сега треба да барам друг филм.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.728
Поени од реакции
11.564
Го изгледав и јас уште во петокот, али тотално заборавив на темава... сеа кликнав да ја надгледувам. :D

Ухх тежок филм како што и повеќето спомнавте погоре, ретко глеам вакви филмови но овој ми се свиѓаше доста многу.
Браво за предлогот, затоа ми се свиѓа темава, да не беше веројатно никогаш немаше да го глеам филмов исто како ол абаут Ив.

Имаш некое гадно чуство после филмов, исто како коа го изглеав The Broken Circle Breakdown... цел ден ми се вртеа у глава.
Ликовите беа океј, ладни скандинавци. Само тоа јазикот не можам да им го сварам, крајно одбивно звучи.
Јас очекував брат му на Ник да се има средено колку толку, али коа го покажаа првпат после 20 години одма знаеш дека ја оплескал и он.

Да го глеам сеа и The Hunt а? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom