Да ти ебам језивиот филм, и ја па кај најдов сеа да го гледам. Предобар е, ама у пичку матер премногу е језив. Си тера филмот, гледаш дека ќе биде мрачен, гледаш дека станува збор за двајца браќа што се грижат за нивното помало братче бебе додека мајка им се курва и пие до смрт и си викаш, океј бе, не е толку страшно сум видел и подепресивни работи и од еднаш.. БАМ! Следна сцена, бебево мртво.
И од тука веќе нема ручна, филмот си тече во таа депресивна атмосфера и како што го гледаш се повеќе и повеќе на почеток ја одбиваш ама после некако како да ја прифаќаш, барем ја така се осетив. Сцената која највеќе ме удри од земја беше кога братов со детенцето ќе си дојдат дома и детево му вика тато ми се јаде и татково вика чекај да идам до WC, и детево му вика ама многу ми се јаде сеа одма за после да му каже, добро нема врска иди во WC.. и си викаш кој кур детево знае дека татко му се роба. Е ова од земја ме мавна.
Ви ги читав коментарите, претежно се сложувам како сте ги опишале сите ликови освен џанкерот. Ник е дефиниција на изреката "Кога врне - истура!". Гледам сите го оправудавате него, што е сосема во ред но го критикувате брат му. Луѓе, он многу потежок живот имал од Ник. На него му се раѓа дете, почнуваат да се чистат со жена му ради детето и од еднаш единствената сила што го терала да биде чист, умира. Ја нема, толку. После тоа крај е, нема враќање. Он си го сакаше син му, тоа го покажа на многу пати, ама човекот толку знае затоа и со парите зема дрога да дила за да му овозможи на син му пристоен живот. Сигурно бивши наркоман со такво детство со пари оставени во наследство нема да почне бизнис да тера.
Филмот е одличен, браво за предлогов, после вакви предлози се замислувам што да предложам ја за да не испадне некоја глупост. Моја оценка 8/10.