Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 април 2012
Мислења
32.904
Поени од реакции
67.558
Искрено, много хејт му се стави на мињоле за голов, а искрено, мислам дека е најмал кривец. лукас го изгуби Руни, и отиде да скока со Фелаини, што само по себе ми е нелогично, ем имаше 3-ца покрај бушавиот, ем е во многу лоша позиција, трча накај гол, за да игра со глава.

мињоле реши да се коцка со тоа дали ке брани доле или горе, и за негова несреќа, утна. Премногу блиску беше Руни, за да има било каква шанса да одбрани. Да сум голман, и да го гледам играчот како легнува на топка, и ја би помислил дека ке шутира доле.

Е сега, @Peja989 ме искара пред некој ден што сум ширел дезинформации за новиот договор.
Е па :kuracc:
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Фаул на голман ван шеснаесетник не ли е автоматски црвен или не мора да значи? Има снимка Борнмут - Норвич и голманов на Норич стартуваше врз Афобе и не доби црвен.
И на Астон Вила-Лестер имаше слична ситуација. Голманот само жолт доби.
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
Чарли Остин паузирал еден месец поради повреда на тетивата, Куман изјави дека ќе му треба време за да биди 100 % фит. Како и да е ќе распали во Саутемптон Чарли сигурна сум.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.236
Поени од реакции
18.414
Фаул на голман ван шеснаесетник не ли е автоматски црвен или не мора да значи? Има снимка Борнмут - Норвич и голманов на Норич стартуваше врз Афобе и не доби црвен.
Правилото вели: Црвен картон ќе добие играч кој со прекршок или недозволена игра со рака ќе спречи гол или чиста шанса за гол. Надвор од шеснаесетникот зад голманот може да има негови 3-4 соиграчи, а противничкиот играч да е сам и да оди кон странична позиција.

Инаку гледам Гвидолин официјално на Свонси тренер, па да кажам збор-два за него бидејќи некој прашуваше. Гвидолин е од тие италјански тренери кои имаат поминато мнооогу клубови (преку 10 сигурно во Италија) и искрено ужива голем респект на Апенинскиот полуостров. Најмногу се има задржано во Болоња 4 години и во Удинезе исто толку време. Јас бидејќи го пратев доста периодот во Удинезе можам бајаги да издвојам од тоа време ама нема да ја ширам многу :D. Удинезе под водство на Франческо заврши на 3то, 4то, 5то и 13то место во последната сезона после која се повлече. Удинезе реално играше стварно одличен фудбал, офанзивен со создавање голем број шанси. Ди Натале си царуваше со Санчез првата сезона, со Асамоа (кој игра во Јуве сега) и Исла во првите две сезони редовно земајќи им го скалпот на Јуве, Интер и Милан кога и овие да покажаа полоша форма. Иако Удинезе се што знаеше да направи е да продава, сепак балансот во тимот Гвидолин успешно го одржуваше, нешто што најмногу дојде до израз во сезоната 12/13 кога летото Удинезе го напуштија токму Асамоа и Исла, па и покрај лошиот старт во вториот дел се консолидираше тимот и заврши со 7 победи по ред и се искачи од 12то на 5то место со што обезбеди пласман во ЛЕ. Во последното коло му се истурија на Интер 2-5 во сред Милано. Тоа лето 2013 си замина и Бенатија и тука мислам дека следуваше последниот удар кој реално не можеше да биде поднесен.

По карактер е некако сличен на Раниери, бидејќи е многу културен и секогаш со респект зборува за противниците. Не предизвикува полемики и воопшто не зборува за судиски одлуки. Со Удине играше доста формации, 4-3-3 и 3-5-2 пред сите други. Одбраната со тројца централни во последните години ја користеше често, па баш ме интересира како овде ќе игра. Чудно ми е многу како се нафатил да биде тренер, бидејќи чисто се сомневам англиски да знае некое зборче :D
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
Еве ги Свонси водат во чест на новиот тренер :)
Да ги задржат Ају и Гомис мислам дека имат добар тим и не би требало долу на табела да останат.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom