Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.737
Поени од реакции
12.791
Го обвинив некаде Клоп за голов?
Да

Јас разбирам дека некогаш некој играч ќе ти е на пик, ама дај не заебавај. Дали е крив Мињоле шо четворица скокнаа по Фелаини, го загубија воздушниот дуел и Руни го оставија сам на 5 метри против Мињоле?

Единствено ми е криво тоа шо втора сезона по ред, сезоната во Премиер Лига завршува за мене во јануари месец и втор пат после пораз на Ливерпул против Јунајтед. Ама заслужено и тоа повеќе од заслужено. Кога Ливерпул игра цели 80 минути со четири тркачи на средина, јасно е која била целта и желбата на Клоп за овој меч. Не оправдувам кукавичка игра на било која екипа, па нема ни да ја оправдам денеска на Ливерпул/Клоп, така да поразов е заслужен и заслужено е шо Ливерпул повторно нема да игра Лига на Шампиони и наредна сезона.

Честита победа, заслужена.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Фелаини е 194, освен Сако кој гледам дека е 187, другиве што скокнаа (и нивната висина е околу 180, сантим повеќе или помалку како што вика тетка Вики) повеќе засметаа отколку што направија нешто. Дали е тоа идеја на Клоп дали самите како муви без глави го иставија Руни сам...[DOUBLEPOST=1453125223][/DOUBLEPOST]Навистина не знам во кој универзум Лукас со 178 би му зел воздушен дуел на Фелаини.
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Фелаини е 194, освен Сако кој гледам дека е 187, другиве што скокнаа (и нивната висина е околу 180, сантим повеќе или помалку како што вика тетка Вики) повеќе засметаа отколку што направија нешто. Дали е тоа идеја на Клоп дали самите како муви без глави го иставија Руни сам...[DOUBLEPOST=1453125223][/DOUBLEPOST]Навистина не знам во кој универзум Лукас со 178 би му зел воздушен дуел на Фелаини.
Нискички се нaшиве, a приличнo се приметувa и при прoстo пoздрaвувaње/гушкaње сo други фудбaлери :) Единo Шкртел би мoжел дa му пaрирa aкo игрaше, 191 е..
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.990
Дека Ливерпул е години наназад за никаде се помирив со тоа. Но гледам дека и амбициите на фановите веќе не се тоа што беа. Искрено појако ми беше она "следната е наша". Сега? Сега во тимот играат играчи што "не се за фрлање" и помирени се со тоа.Ако неаме намирисано титула во ПЛ од минатиот век , а и ЛШ не не нема повеќе. Ех мој Ливерпуле каде замина.
Лукас не е Јаја Туре , Лукас не е ланскиот Матич. Лукас не е Маскерано. Лукас не е Алонсо. Ловрен не е Агер , Шкртел не е Карагер , Лалана не е Силва , Милнер не е Озил , Чан не е Џерард , Ингс не е Суарез , Бентеке не е Торес , Ориги не е Агуеро.

Кој е новиот Џерард? Кој е новиот Карагер? Кој е новиот Суарез , Кој е новиот Торес? Кој е новиот Алонсо? Барош? Хаман? Рисе?
Каков е овој Ливерпул?

Гледам дискусија на фб за трошење пари. Ливерпул не е привлечна дестинација и мора да троши многу повеќе. Кога бевме подобар тим и попривлечна дестинација од Јунајтед со играњето во ЛШ , ние го донесовме триото Ловрен , Лалана , Ламберт. Првична замена за Суарез ни беше Ламберт:pos:. Со Реал одевме да се надигруваме со факинг Лалана :pos:. За разлика од нас Јунајтед ги донесе мега звездите тогашни Ди Мариа и Фалкао ( они после што не оправдаа очекувања е др муабет ). Да , на Фалкао му слупаа над 300 000 неделно , но сепак ..со тие пари па ние го плативме Ориги. После тоа чекајте чекајте , следува мега звезда и за вас , замена за Суарез. Ди Гранде Марио Балотели. Ботот со детски памет што тренери како Мурињо и Манчини не го средија , па сега требаше да го средува мастермајндот Брендан Роџерс.

..Јас сум свесен дека Ливерпул не го водат шеици , дека не е ова тропни на маса и ќе се донесе Тиаго Силва или Марко Ројс. Но не можам да се помирам со фактот што ѓубре веќе одамна има во Ливерпул а никој не го чисти. Тоа ми е единствената надеж , што Клоп во првата сезона во Дортмунд избркал 16 играчи , па се надевам дека и кај нас ќе го направи истото. И сега јас сум просечен фан затоа што сакам мојот тим да се врати на старите патеки. Океј сум.

А да , и Ајб може само за курот да му се фане на копилето Стерлинг. Зошто нели одредени фанови викаа што ќе ни е Стерлинг , ние Ајб си го иаме :pos:
 
H

HoT IcE

Гостин
Ја еднаш имам читано во таа група на Фејсбук што е Ред МКД или како и да беше и се изначудив колку глупи луѓе има, не знам како толку време гледаат фудбал а ништо не разбираат :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ја еднаш имам читано во таа група на Фејсбук што е Ред МКД или како и да беше и се изначудив колку глупи луѓе има, не знам како толку време гледаат фудбал а ништо не разбираат :D
А темава и подфорумов, изобилуваат со луѓе спротивни на тие од Ред МКД. Сета среќа.

Така е @Факе ?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Фаул на голман ван шеснаесетник не ли е автоматски црвен или не мора да значи? Има снимка Борнмут - Норвич и голманов на Норич стартуваше врз Афобе и не доби црвен.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.891
Поени од реакции
116.216
Фаул на голман ван шеснаесетник не ли е автоматски црвен или не мора да значи? Има снимка Борнмут - Норвич и голманов на Норич стартуваше врз Афобе и не доби црвен.
Не е, зависи од ситуацијата.
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Со овој потег Свонси, можеби си го обезбедија опстанокот на некој начин. Искусен тренер, знае што треба за да се опстани во лигата. Јас ви реков уште пред две недели дека Куртис не го бива за прв менаџер, еве ете и се виде дека е добар само за помошник. Како и да е добар потег на управата на Свонси.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Во спојлер следи слика која може видно да ве вознемири доколку сте фан на Ливерпул, а особено ако се викате Пеџа. Не е за оние со слабо срце.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom