- Член од
- 8 јуни 2007
- Мислења
- 6.102
- Поени од реакции
- 12.199
„Еве мина долго лето
Срце болува
По твојот лик...“
Срце болува
По твојот лик...“
Такви се стиховите на хард-рок бенд од Тетово. Се надевам дека мислат на Премиер лигата. Но, за жал, или за среќа, ќе видиме набрзо, овогодинешното издание на Англиската Премиер лига го отвораат екипите на Manchester U и Tottenham, во 13:45 часот по средноевропско време на 8-ми август, што значи шест дена по Комјунити Шилд-от, каде што силите ќе си ги одмерат Chelsea, како шампион на Премиер лигата; и Arsenal; како старо-нов освојувач на FA Cup-от, како и шест дена по настапот на рандом југо-фолк звезда во Охрид.
Доколку не падне метеор, или не се оствари некое рандом сценарио од најдлабоките темни соништа на Х.П. Лавкрафт, сезоната ќе заврши на 15-ти мај 2016 година.
Се навикнавме силата да си ја одмеруваат 20-тимови во вкупно 38 колаи 380 мечеви. Како и ланската сезона, 19 од екипите се од тлото на Англија, додека Swansea е претставник на Велс. Сигурно ви недостигаат испаднатите Hull, Queens Park Rangers и Burnley, но се надеваме дека нивна достојна замена ќе бидат Norwich и Watford, како и новајлијата Bournemouth, чие “огнено крштевање“ е на почетниот ден од новата сезона против Aston Villa.
Ланскиот шампион, Chelsea, походот кон одбраната на титулата ќе го почне дома против Swansea во последниот меч од саботниот дел од колото. Првото коло ќе биде прилично емоционално за новајлијата на клупата на West Ham, Славен Билиќ, кој по играчката епизода, како менаџер ќе ги предводи своите “чекани“ против локалниот ривал Арсенал. Уште тројца менаџери можат да се пофалат со ново работно место и свеж старт – Кике Санчес Флорес, кој доаѓа на местото на Славиша Јокановиќ на промовираниот Watford со задача на Гудисон Парк против Everton; Стив Мекларен, кој по подолго време се враќа на менаџерско столче на екипа од Островот, предводејќи го Newcastle против Southampton. И секако тука е добропознатиот Клаудио Раниери, кој го превзема Leicester City на местото на Пирсон, а уште во првото коло ќе се сретне со Sunderland.
Liverpool со доста променетиот состав во првото коло на Britannia стадионот се соочува со Stoke City, a повратникот Norwich ќе го пречека Crystal Palace. West Bromwich Albion и Manchester City ја спуштаат завесата на првото коло во понеделник, на 10-ти август.
Добро е познат досегашниот билтен на Премиерлигашки трофеи. Од формирање на овој формат во 1992 година, само пет екипи можат да се пофалат со кренат трофеј, а тоа се: man utd со 13 трофеи, Chelsea со 4, Аrsenal со 3, Man City со 2, и Blackburn R. кој еднаш ја освоил премиерлигашката гордост.
Британските острови според секоја геотектонска референца се прилично стабилно подрачје, меѓутоа од 8-ми август до 15-ти мај се предвидени сериозни пореметувања на стабилноста на тлото на 20 трусни точки ширум Англија и Велс. Како и во секоја сезона, не очекува возбудлива и динамична сезона.
Секое тврдење и предвидување во врска со епилогот на сезоната во Англија е рамно на лудило. Сепак, аналогно на текот на настаните, трансфер тргувањето, доспеаното портфолио, набилданото реноме и вкупниот карактер, може да се издвојат неколку екипи кои можат да ја променат и/или надополнат кусата листа на освојувачи на лигата. Се разбира дека се издвојува актуелниот шампион Chelsea кој ќе има пеколно тешка задача да го задржи пехарот на “мостот“, а понатаму се секогаш сериозните Man City, кои како и секоја година мора да го оправдаат инвестирањето од југозападна Азија; па следува Arsenal, кој оваа година ќе проба од својот речник на оправданија да го исфрли зборот “стадион“; и доста зајакнатиот Man Utd кој ќе се обиде да ја “раситне“ трофејната “триеска“. Не смее да се заборави и Liverpool со велемајсторскиот предводник Брендан Роџерс, кој не штедеше туѓи пари и го одврза кесето, зајакнувајќи го составот кој за прв пат по “чудо време“ ќе тргне во uber тешка и динамична сезона без капетанот Стивен Џерард. Тимови како Тотенхем, Евертон и останата компанија се сериозно несериозен дел од горниот дел од табелата, но секако со свои аспирации за “што погоре“ на табелата на една од најквалитетните и најдинамичните лиги во Сончевиот систем.
Овие неколку збора се како “сиже“ пред англиската фудбалска бура.
Секој од нас со свои очекувања и свои размислувања. Ќе поминат долги кола, непреспани денови и преспани полувремиња, надополнети со бескрајни одисејни дискусии и расправии. Полемики и “реметења“. Шпекулации и предвидувања. Кладби и разочарувања, се додека не дознаеме кој ќе слави, а кој ќе се “дави“ на крајот на сезоната која со нетрпение ја очекуваме да почне, и парадоксално, воедно и едвај чекаме да заврши.
Последно уредено: