Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Дечки дали има некој искуство со купување на поголема количина на книги преку нет, колекции и слично?

Најдов прилично погодна понуда на thebookpeople.co.uk(успат искоментирајте ако некој имал искуство со оваа продавница конкретно), околу 12 книги, ама ми е страв нешто на царина и слично да не ми закачат екстра да платам, дали со килажа, дали со големина на товар, незнам стварно како иде тоа.... 12 книги се, ама мали во димензија.
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.283
Дечки дали има некој искуство со купување на поголема количина на книги преку нет, колекции и слично?

Најдов прилично погодна понуда на thebookpeople.co.uk(успат искоментирајте ако некој имал искуство со оваа продавница конкретно), околу 12 книги, ама ми е страв нешто на царина и слично да не ми закачат екстра да платам, дали со килажа, дали со големина на товар, незнам стварно како иде тоа.... 12 книги се, ама мали во димензија.
Оди на bookdepository.com единствена страна за книги која не наплаќа shipping. И ако нарачаш 12 книги, ако се од различен дистрибутер ќе ти стигнат посебно, така што не верувам дека во пошта ќе ти прават проблем.

Јас досега имам нарачувано од овде и стигаат книгите нема никаков проблем.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Оди на bookdepository.com единствена страна за книги која не наплаќа shipping. И ако нарачаш 12 книги, ако се од различен дистрибутер ќе ти стигнат посебно, така што не верувам дека во пошта ќе ти прават проблем.

Јас досега имам нарачувано од овде и стигаат книгите нема никаков проблем.
Ама таму практично шипингот е вклучен во цената, затоа се и малку поскапи од другите. :)

Ова што го најдов е ептен поволно, се фаќа по 2 евра од книга што на bookdepository и на другите страни би ги нашол за 6-7-8 евра.

Дури и во случај да ми наплатат екстра од пошта/царина, пак би се фатило поефтино. :D
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Во потрага по ласицата -
Pop Goes the Weasel

Се работи за одличен трилер. Се извршуваат многу убиства во Вашингтон, за кои вишиот инспектор Алекс Крос мисли дека ги извршува една личност. Таа личност ја нарекува Ласица. Џефри Шефер (Ласицата) работи во амбасадата на Велика Британија и е поранешен член на МИ6. Тој е жеден за убиства, има бујна фантазија и убиствата за него преставуваат дел од играта, во која не игра сам.

Ја препорачувам за оние кои сакаат трилери со доста пресврти, од мене 8/10. Одлична е!
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Записи на мртвиот дом од Достоевски.

Достоевски, руска класика, мора од некаде да се почне. Записи од Мртвиот дом ми фати око со приказната, првите дваесетина странички доста добри, ме заинтерсира (y) Животот во затворот во далечниот ладен сибир.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Записи на мртвиот дом од Достоевски.

Достоевски, руска класика, мора од некаде да се почне. Записи од Мртвиот дом ми фати око со приказната, првите дваесетина странички доста добри, ме заинтерсира (y) Животот во затворот во далечниот ладен сибир.
Книгата има опасна нихилистичка жичка. Не знам дали ја имаш достигнатата возраст за да ја осетиш и примиш како животна лекција :) Инаку за поздрав е чекоров, ама на твое место би почекал уште некоја година за да му влезам на делото. Онака како добронамерен совет.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Книгата има опасна нихилистичка жичка. Не знам дали ја имаш достигнатата возраст за да ја осетиш и примиш како животна лекција :) Инаку за поздрав е чекоров, ама на твое место би почекал уште некоја година за да му влезам на делото. Онака како добронамерен совет.
според прочитаната рецензија некаде по интернет мислам дека книгава од Фјодор најлесно би ја сфатил. Незнам, ми се допаѓа тоа како Фјодор опишува, до детаљ, а само 40 странички еве дочитав пред некоја минута. Сакам од некаде да почнам со Фјодор, нека биде тоа од книгава.И онака ми здосади од драмите и стихуваните романи веќе.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Записи на мртвиот дом од Достоевски.

Достоевски, руска класика, мора од некаде да се почне. Записи од Мртвиот дом ми фати око со приказната, првите дваесетина странички доста добри, ме заинтерсира (y) Животот во затворот во далечниот ладен сибир.
За далечен друже далечен е. :) А денес и не беше толку ладно за 3 ноември, патем дожд врнеше цел ден. :)
Достоевски е одличен. Секогаш во себе носи тешки теми. Јас би ти советувал да почнеш од почеток, т.е. со првите негови дела. „Бедни луѓе“, „Двојник“ како почетоци на неговото беспрекорно творештво, на некој начин претставуваат вовед во сѐ она што се појавува подоцна. Но, и вака не е лошо, ама како што ти пишаа и погоре и возраста е важна за тоа како ќе се разбери делото и колку ќе се разбери.
Како и да е (y)
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
За далечен друже далечен е. :) А денес и не беше толку ладно за 3 ноември, патем дожд врнеше цел ден. :)
Достоевски е одличен. Секогаш во себе носи тешки теми. Јас би ти советувал да почнеш од почеток, т.е. со првите негови дела. „Бедни луѓе“, „Двојник“ како почетоци на неговото беспрекорно творештво, на некој начин претставуваат вовед во сѐ она што се појавува подоцна. Но, и вака не е лошо, ама како што ти пишаа и погоре и возраста е важна за тоа како ќе се разбери делото и колку ќе се разбери.
Како и да е (y)
мислам одамна во мене гори желбата за читање на рускиве легенди, не ми се чека повеќе, глупо ми е кога професорот понекогш ги споменува и кажува за голмината на нивните дела, а јас ги немам прочитано.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087

Руските дела обично се препорачуваат од професорите/учителите затоа што се руски дела, а не затоа што се легенди самите по себе. И во најголем дел, не ги разбираат затоа што им недостасува образование, лични ставови и животно искуство. Кога присуствуваш на некојаси анализа на некое си дело на Достоевски е предвидливо, досадно и површно. Наместо да биде провокативно, да се копа по егзистенцијалистичките прашања кои по некоја чудна логика се дел од секојдневието.

Инаку делата на Достоевски нити се беспрекорни, морални, а уше помалку безгрешни. Повеќе клонат кон безвременски живописен опис за опстанокот на русинот, со сите негови пороци и проблеми. Иронија, досада до смрт, смрт со досада, беда, противречност, меланхолија, пороци, гордост, предрасуди се само дел од зборовите кои можат да ја доловат површната на пишаниците. А да ја разбере човек сржта, ќе треба да си ја продаде душата на Ѓаволот.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Да не знаете случајно некоја страна за користени книги со free шипинг од Македонија?
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Руските дела обично се препорачуваат од професорите/учителите затоа што се руски дела, а не затоа што се легенди самите по себе. И во најголем дел, не ги разбираат затоа што им недостасува образование, лични ставови и животно искуство. Кога присуствуваш на некојаси анализа на некое си дело на Достоевски е предвидливо, досадно и површно. Наместо да биде провокативно, да се копа по егзистенцијалистичките прашања кои по некоја чудна логика се дел од секојдневието.

Инаку делата на Достоевски нити се беспрекорни, морални, а уше помалку безгрешни. Повеќе клонат кон безвременски живописен опис за опстанокот на русинот, со сите негови пороци и проблеми. Иронија, досада до смрт, смрт со досада, беда, противречност, меланхолија, пороци, гордост, предрасуди се само дел од зборовите кои можат да ја доловат површната на пишаниците. А да ја разбере човек сржта, ќе треба да си ја продаде душата на Ѓаволот.
А не би можеле да бидат беспрекорни во доловувањето на рускиот ген, на руската душа?
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
А не би можеле да бидат беспрекорни во доловувањето на рускиот ген, на руската душа?
Дали една човечка душа заслужува да биде опишана на таков начин, па макар и од Достоевски, и притоа тој опис да се нарече беспрекорен?
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Дали една човечка душа заслужува да биде опишана на таков начин, па макар и од Достоевски, и притоа тој опис да се нарече беспрекорен?
Не станува збор дали заслужува или не заслужува.
Зошто Гогољ го запалил вториот дел од „Мртви души“? Што сакал да види во руското општество, а не видел?
Генот, душата на еден народ постојат и во себе носат различни карактеристики сакале или не.
Во принцип во конкретниов случај со руската душа, како што напишал Џејмс Билингтон сѐ се сведува на два предмет.
Ако кај Јапонците тоа е хризантемата и самурајскиот меч како огледало на јапонската душа, кај русите тоа се секирата и иконата, коишто всушност претсавуваат два многузначни предмети.
Достоевски најдобро го опишал тоа кај Раскољников - за кој вели дека е потомок на кнежевско семејство, образован човек - студент, кој има генијален план. Планот го извршува со секира, којашто многу векови е симбол на рускиот човек, на рускиот селанец, на рускиот бојарин и занаетчија.
Иконата, исто така ја среќаваме насекаде низ руските дела.
Зарем не ја опишале беспрекорно руската душа, рускиот ген иако можеби таа содржи многу негативни страни?
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Зарем не ја опишале беспрекорно руската душа, рускиот ген иако можеби таа содржи многу негативни страни?
Достоевски се обидел да опише дел од неа на уникатен и сликовит начин низ неговиот опширен, а сепак тесен светоглед. Душата и генот на тој народ се многу поголеми и покомплексни отколку списите. Го спомна Гогољ. Зошто не го спомнеш и Толстој со неговите километарски книги. Или пак душата according to Солнежицин. Ајде и Шолохов да го ставиме тука. Пушкин со неговите глорификации. Лермнотов со неговата досада од животот. И да кажеш дека само пишаниците на Достоевски беспрекорно го опфаќаат комплексниот, а во исто време примитивен и прост Русин, е неблагодарно и кон него и кон другите.

Достоевски е ти е како капка ЛСД. Мал, ама дава ѓаволски добар трип. Само пази да не те заебе паранојата. :D

Проблемот на западните читатели и критичари (со исклучок на Германците) е што сакаат да го рационализираат до степен на просташтина источниот човек (во него спаѓаме и ние, по некоја случајност). А по друга случајност, ние мислиме дека така треба и се во право. :icon_lol::icon_lol:

пс. Не загинаа 50 милиони во минатиот век заради Икона. Загинаа заради нешто друго. Не гледај за што зборува еден народ, погледни за што гинел. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom