Што читате во моментов? (со краток коментар)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
И јас го читам шекспир. Моментално од вчера ја почнав Хамлет, една од подобрите трагедии на Шекспир според многу критичари.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
И јас го читам шекспир. Моментално од вчера ја почнав Хамлет, една од подобрите трагедии на Шекспир според многу критичари.
Ги најдов во Академска книга од Worldsworth Classics ... за 169 денари, скоро сите од Шекспир, па ги купив Јулиј Цезар, Бура и Мекбет.. така да.. да дочитам Јулие Цезар.. ќе се нафатам на овие две...

Штета, ја немаше Ричард 3-ти.. ја немаше ни Кориоланус, оти ја нема во нивно издание испечатено... иначе ќе ги земев без пардон..
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Ги најдов во Академска книга од Worldsworth Classics ... за 169 денари, скоро сите од Шекспир, па ги купив Јулиј Цезар, Бура и Мекбет.. така да.. да дочитам Јулие Цезар.. ќе се нафатам на овие две...

Штета, ја немаше Ричард 3-ти.. ја немаше ни Кориоланус, оти ја нема во нивно издание испечатено... иначе ќе ги земев без пардон..
хамлет ми е лектира за на школо, ама коа веќе почнав со шекспир ќе пробам да дочитам уште некое негово дело.

Коа сме тука Предлог некои басни, пошто имам да раскажам 5, па да препорачаш некоја книга у која има банси? :)
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
хамлет ми е лектира за на школо, ама коа веќе почнав со шекспир ќе пробам да дочитам уште некое негово дело.

Коа сме тука Предлог некои басни, пошто имам да раскажам 5, па да препорачаш некоја книга у која има банси? :)
Ме зезаш или си сериозен? :D

Езоп :):)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
Во моментот се дружам со Умберто Еко и неговата “Тајниот пламен на кралицата Лоана“ издание на Бегемот. Имам многу мали замерки на малку слаб превод, но горе-доле е ок. Сторијата повеќе ми е присна, се работи за еден човек кој по преживеаниот мозочен удар го губи памтењето на сите негови психички состојби во кои дотогаш бил. Значи неговата меморија не е целосно изгубена, тој ги памти сите (научни) факти со кои се стекнал, прочитани книги, дури и способноста да вози автомобил/велосипед. Но тој не знае кој е, дали е женет, има деца. Со желба да се пронајде кој е, тој ја започнува потрагата уште од неговото будење во болница па откако веднаш ја дознава својата професија како книжар-продавач на антиквитети, тој се обидува да се нурне што подлабоко во својот изминат живот, читајќи ги дневниците, гледајќи ги фотографиите, слушајќи ги плочите на својата младост... Така наеднаш ни` ја отсликува неговата животна приказна како графичка новела - конгломерат на сето горе наведено.
Еко како и секогаш тоа многу убаво и деталистички знае да го прикаже. Се` уште сум на почетокот, но се` мислам дека книгава ќе ја исчитам во еден здив и покрај нејзината масивност.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Ја прочитав ,,Десеттата симфонија"



Роман со прекрасна содржина, нешто во стил на филмот ,,Црвената виолина" со прекрасен инсториски преплет и модерен расплет. Се работи за убиство на диригент кој ја октрил десеттата симфонија на Бетовен и за откривање на истиот случај од музиколог кој цело време се сомнева дека се работи за десеттата симфонија. Лудило... :)
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Ја читам книгата на Џилијан Флин, ,,ебената" - МРАЧНИ МЕСТА, космички хорор од 260 страници, за сите љубители на зборот ,,ебен, заебан, ебаго" кој се сретнува скоро во секоја страница најмалку 5 пати.

Што ми се допага: - Романот како и предходниот е со преплет на настани кој се случиле во минатото, со расплет на мистериите кој се откриваат во сегшноста. Брутални описи и премногу пејсажно преставување на настаните.

Што не ми се допаѓа: - Стилот на кој е пишуван романот, не знам дали е до лошиот превод или до самиот автор, но можело да се вклопи подобро од колку да се употребуваат директни зборови како Педер, ебено, ебаго.

 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
The Tragedy of Macbeth - William Shakespeare


Да знам.... Забегав со Шекспир, оти после Мекбет следи The Tempest - Бурата, па Кориоланус и Тит Андорник ...

Меѓутоа, како што пишав погоре за Јулиј Цезар, она што ме привлече кај Шекспир во моментов е ландокрвноста на политичката драма. Всушност, Шекспир само не потсетува дека драмата, театарот, не е оној на сцената одигран, туку оној меѓу нас.. тука е вистинската драма и трагедија, онаа што се случува секојдневно, а театарот - сцената, е само длабок полигички израз на вистинската драма...

Како и да е...
Накусо, Мекбет е Шкотски лорд (според нивната титуларна номенклатура - Thane), кој засегнат и зас‘скан од прошроштвото на три вештерки - пророчници (кои ќе му прорекнат дека ќе стане крал на Шкотска), ќе постане Крал.

Е сеа, во моментот кога вештеркиве ќе му удрат чивија на „амбициозниов“, Мекбет ќе тргне во покољ (буквално покољ од невидени размери) за да стигне до Кралскиот трон..

Што се случува понатаму, останува да си допрочитам, а и сите Вие што сте заинтересирани, исто така :) ...

Шекспир никогаш не изневерува.. никогаш :))

Ако нешто заклучив од Јулие Цезар, тоа е дека сите до еден, па и Цезар како жртва, се умоболни за превласт во Рим, а Брут, е најголема наивна смотаница која го сфаќа политичкиот момент на дејствување, ама не го искористува до крај... смотан... :D
 
S

SpaceTraveler

Гостин


Пресреќен сум што ја земав оваа книга. Не можам да коментирам и да пресудам за што се работи всушност, поради тоа што прочитав само 50 страници од цели 450. Се работи за Ана, девојче што со својата мајка си оди од селото во Белград, каде што ја преживува втората светска војна и целата животна енергија ја внесува во балетот. На 18 години конечно се разделува од својата мајка и под иницијатива на нејзината инструкторка по балет се преселува во Русија... што понатаму? Ќе видиме... :)
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Воскресение од Толстој...
За жал долго време ја избегнував оваа повест од Толстој. Не знам од кои причини, но едноставно не сум налетал, ако може така да се каже. Пред неколку дена шетајќи по книжари ја видов, ја купив и почнав да ја читам. Стигнат сум некаде до половина и можам да кажам дека книгата е класика. Јас лично не можам да ја оставам. И најмалото слободно време ѝ го посветувам.
Се разбира во сижето се присутни тие вечни теми што го красат Толстој и останатите руски класици.
Се работи за мали, но сепак големи грешки во животот, коишто го променуваат целиот животен тек. Во некои размислувања на главниот јунак Нехљудов го гледаме самиот Толстој.

п.с. Не знам на македонски дали ја има.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom