R
red.devil
Гостин
Јас искрено не се согласувам. И што фајде ако се направи компромис и баш на еден од натпреварите на кој што можело да се избегне катастрофална грешка, се деси нешто и се оштетува еден од тимовите заради таков компромис и се признае непостоечки гол или обратно. Во секој натпревар судиите и организаторите треба да се трудат екипите да имаат оптимални услови за игра. Ако е така може да се кажи дека нема компромис и во сегашниов формат на натпреварување. Еве да речиме во Загреб и во Лондон каде што како прво судат различни судии кои што негуваат различен стил на игра и имаат различен пристап кон судењето, играат на различни терени под различни временски услови. Апсурд е да се гледа компромис за вакви работи, официјалните лица треба максимално да се посветат во овозможување на што е можно пооптимални услови за игра. Едно зло секогаш е подобро од две.Да не им тупиме во фан клубот овде да префрлиме.
Вака сега да не навлегуваме во дискусија дали треба или не треба во ЛШ како натпреварување да се воведе гол технологија. Тоа е сосема друго прашање. Мене објаснувањето ми се однесува на тоа дека не може во едно исто натпреварување да има различни помагала и методи на судење само затоа што на тој стадион ги имало тие услови, а на друг не. Како сакаш врти го тоа нема никаква логика двајца судии под капа на УЕФА, со значка на ФИФА и УЕФА со ист надоместок по натпревар, со исти физички и психички тренинг методи со исти насоки за судење и критериуми да добијат различни услови на теренот, т.е едниот да има помош од гол-технологија, а другиот не. Или двајцата ќе имаат или двајцата ќе немаат, во ова нема компромис.
