Еуфоријата ќе се смири, ќе спласне возбудата и од утре се по старо. Баерн пак ќе биде прв фаворит во Европа, Арсенал уште толку ќе треба да го испоти газот за да се оди понатаму како второпласиран, а коментарите по натпреварот под дејство на резултатот ќе испарат во воздухот.
Не знам дали сме гледале исти меч, но по коментарите добив впечаток дека Арсенал му ја дупнал главата на Баерн, мислиш теренот го исчистиле со нив. Во реалноста на теренот Баерн беше многу подобар тим првото полувреме каде што имаа доста шанси, само им фалеше подобра реализација. Искрено не сум импресиониран од овој Даглас Коста (за волја на вистината прв пат го гледам) бидејќи многу лош завршен пас имаше денес. Е сега дали имал лош ден или константно е таков тоа некој што повеќе го гледа може да каже. Во второто некако Баерн како да ја тргна ногата од педалото и мислам дека тоа што не постигнаа гол во првото, придонесе во второто да се задоволат и со нерешено што за нив секако е екстра резултат нагости против Арсенал во ваква положба на табелата. Им се удри тоа од глава и беа казнети по огромната аматерска грешка на Ноер.
Нема веќе што да се калкулира во оваа група, сите три тима во свои раце ги држат работите. Ќе биде многу корисно за Арсенал да не изгубат на Алианц, но сега и Баерн има поголем мотив за игра. Динамо мислам дека отсега му се запишани трите порази до крај иако не се толку лош тим хрватите. Не дека не можат во Грција да извадат поволен резултат, туку прашање е колку ќе сакаат.
Ова дефинитивно мислам дека е најинтересна група за следење иако се очекуваше лесно прво и второ место.