Цврсто избегавам да коментирам политика иако сум бил дел или таа била дел во целиов мој живот. Ги читам коментариве тука, ги слушам коментарите од луѓево низ град едноставно морам да прокоментирам макар тоа значело и мое банирање од темава ( или форумов ).
Пред да продолжам веднаш ќе напоменам дека ќе ги условувам двете партии и нивните членови и подржувачи со нивните правно избрани имиња, пошто сметам дека користењето на „надимаци“ кога зборуваме за нив е кукавички потег со кој секој од нас се обидува да го натера муабетот кон „сеир“ иако во реалност, сериозно разговараме на темата. Да не должам, понатаму следи она што е најверојатно мојот последен пост тука ( не по мој избор
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
Вчера ги слушав последните разговори со неколку мои блиски, кои исто како мене биле дел од политикава или таа во нивниот живот. Она за што сите се согласивме е дека и покрај, искрено малкуте релевантни работи кои произлегоа од нив, разговорите го постигнуваат својот ефект од едноставната причина што 90% од луѓето не сфаќаат дека работите така функционираат во тој свет. Муабетите, сеирите измеѓу министрите, „ноншалантните“ коментари за социјално битни теми, итн. итн. се секојдневие низ политичката пирамида. Од најниско ниво па до највисок врв. Тоа не значи дека тоа е искреното мислење на дадена личност за дадена ситуација. Нејсе, кога забележуваш една репетиција на коментари од една личност кои делуваат стварно морбидно сепак треба сериозно да размислиш на што се е таа личност спремна и до каде би отишла доколку би имала некаква релевантна моќ во свои раце.
Ај сега малку по специфично кон работиве од мое гледиште.
Разговорите до сега се умешно пласирани. Го одржуваат вниманието на целата заедница со тоа што се пласира од навистина инкриминирачки разговори до обично оговарање, и постојано така.
Тоа остава две опции.
Опција А СДСМ ги поседува сите разговори кои ги добиле од „НЕКОЈ“. Тогаш зошто сите разговори не се објавени веднаш? Целосно, без кратење, без никакви стратегии и неделни пресови? Зошто одбираат стратегија која ја чува јавноста во целосно исчекување ? Единственото логично нешто е дека или разговорите се 95% озборувања и слични муабети, или навистина има нешто „сочно“ кое чекаат да го пласираат во вистинскиот момент. Како и да е, одговорот сепак ќе е дека го прават со своја сопствена добро изградена политичка позадина за уривање на позицијата и нивна контрола над парламентот.
Опција Б СДСМ не ги поседува сите разговри, него напротив, ги добиваат неделно. Што ја остава застрашувачката опција дека тој „НЕКОЈ“ дали УБК или странска разузнавачка служба, ја диктира политичката сцена и судбина на Македонија.
Реакцијата на владата на сето ова е збунувачка за мене. Како исплашено дете во темница што не знае што има зад аголот па се плаши да направи чекор, само чат-пат ја подава главата и погледнува, гледајќи само темницата. Доколку ја сум дошол до овој заклучок верувајте дека сигурно и некој таму горе дошол до истиот. Наместо цврсти пресови, искрени одговори и брзи акции, владата не прави ништо. Со УБК како нашата ( балканска ) која, сакале вие верувале или не, е стварно добар играч, зачудувачки е да не знаат со кој си имаат работа. Значи или тие се вмешани во сето ова фијаско ИЛИ играчот е толку голем што и да го знаат не можат да направат ништо.
Ефектот од сето ова ? Раздорена Македонска јавност како никогаш досега, прикриена позади сликата на обединетост. Политички удар од најдобар вид. Совршенство од напад.
Јавноста е „згрозена“ од тоа што го слуша. ДПМНЕ и нејзините подржувачи знаат дека се надвор од секаква легална опасност пошто нелегално добиени разговори ( како овие ) не држат на суд. СДСМ и нејзините подржувачи и покрај овој факт цврсто стои на ставот дека ДПМНЕ има направено огромен криминал кон државата со своите постапки и дека дури тие стојат позади сето ова. Народот е поделен на 4 табора.
1 ) подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои безусловно ќе стојат позади својата партија
2 ) подржувачи на СДСМ кои безусловно ќе стојат позади својата партија.
3 ) неутрални кои имаат симпатии кон едната или другата партија и мислењето секогаш ќе им биде наклонето, макар и само малку, кон една страна.
4 ) оние кои навистина се неутрални и едноставно не можат да поднесат да се замараат со сето ова.
3 од овие 4 табора сакаат смена на власта. Проблемот е што 3 табора, заедно, едвај едначат на моќта која ја има 4от табор. Во една таква ситуација, каде никој не сака да ја препушти моќта за целосното добро на државата следи расправија, поделби и евентуално, граѓанска војна.
Претерувам ? Ајде замислете друго сценарио каде 60-70% од популацијата сака итна смена на власта, а останатите 30-40% ја имаат целата моќ. Ќе рече некој „ ама ја не сум толку лесно избувлив па да тргнам да се тепам со некој што ми е комшија ради одредени политичари“. Епа еве кон што целат разговорите. Ве држат напнати, ви билдаат револт, секој чекор на владата кој резултира со апсење само долева масло на огнот и во моментот кога ќе биде пласирана таа „ финална бомба “ таа тензија и револт ќе експлодира. Комшија ти цврсто ќе стои зад неговата партија затоа што ќе најде изговор за постапките, ти ќе се прашуваш како може некој да е толку глуп и 5 дена покасно го имаш Скопје-Јануари 2013, меѓутоа на масовно ниво.
И пак, тоа не е најстрашниот чекор. Најстрашното следува после тоа. Епилогот ќе биде каков што ќе биде. Ќе падне владата. ШТО ПОТОА ?! Ете зошто Македонија е разединета како никогаш до сега. Едните ќе ги сметаме за кур фактор. Другите ќе бараат СДСМ да е власт. Третите ќе кукаат уште 5 години после тоа а четвртите ќе се чувствуаат како победници иако само рушиле нешто без да знаат што потоа. На кому ќе го предадеме кормилото ?!
Зошто го пишувам ова овде ? Пошто и ја сум изреволтиран. Не од бомби, не од влада. Ова за мене е долго очекувано. Револтиран сум од медиумите и оние „експертите“, револтиран сум и од нас Македонците. Револтиран сум, пошто никој кур не го боле за вас народот, тие ви свират и вие играте како тие што свират. Револтиран сум пошо до сега ни еден не видов да отворил очи. Да ги погледне сите чекори и исходи и да реално направи нешто. Макар било и пост, статија, реченица, што и да е. Нешто што ќе покажи дека застанале на ваша страна, бар мотив ви дале, бар надеж.
Бем ви луѓето што сте зависни од се што е сервирано, од електронски уред, од медиум, од што и да е и не сте свесни за тоа. Ја бев лудакот што пред 3-4 години им трубеше на поблиските „ не сте свесни колку сме прислушкувани...не сте свесни што се знаат за секој од нас “. Ја сум лудакот што сега ви го кажува ова.
@Acid @Ilumious @Crazy in Love @blue ladybug @Божино @Олимпија @Нuкола на вас останува дали ова ќе стои овде, и дали ја ќе продолжам да функционирам како член
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)