Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.542
Колку само сум усовршил јадење пред компјутер. :cool: Скоро година дена немам сменето тастатура , порано на недела дена ги заливав со сок или кечап. :pos: Пред лаптопот уште ми е страв.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Кога знаеш дека пола од месното население нема ни слушнато за Boards of Canada имам само да додам I feel sorry for you.....


Додаток-Златна копачка
Повеќе не се ни работи овде за моменталните случувања на животот се се сведува на подобар статус а на крај од денот за КОГО?
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
жена во фабрика
и
жена директорка на болница
баба во театар
баба со мотика во поле со соништа
разлики
и жени, жени, жени
жена во фереџе
и
гола жена на нудистичка плажа
разлики
и жени, жени, жени, жени
Мадона на врв и на крст
и извесна Сузе во Велково меанче
разлики
а жени жени жени жени
жена гатачка
што нурка во контејнерот барајќи сон
жена професорка
што ја болат стапалата од потпетиците
разлики
а жени, жени, жени, жени
Африканските девојчиња со пресечен клиторис
руските благороднички со сина крв
Монголските јавачки на коњи
жени, жени, жени, жени
Малала од Пакистан
и мајка Тереза од Скопје
космонаутките над Месечината
Св. Петка пред Римската империја
жени, жени, жени, жени
шивачките од Штип
медицинските сестри на дежурство
ветеринарките
жените чуварки низ светските зоолошки
црните и белите жени
Перуанките.
Жени!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Што да правам кога сум тестостеронска бомба, од судбината не се бега, срамота било во газот да сум ги гледал, а мене кога ќе ме гледаат тие. Срамот е лоша емција која јас ја немам :icon_lol:.

Бев со кучето нагоре на духовна прошетка планинска, и нормално дека не ја качувам Селечка, ни до чешмиче не бев затоа што времето беше лошо, уствари изговор ми е тоа не дека времето е лошо туку ќе слегуваме надолу до кафана малку попладневно неделно :icon_lol:.

 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Првиот мој пост во новото ти паковање мала, ќе им го посветам на девојките и сите форумџики шо се тука - Нека им е среќен и честит празникот на сите од понежниот пол! Малку Ви е еден ден во годината. Кога може да има еден Свети Атанас два пати во годината, зошто да не и ова .. Треба повеќе, многу повеќе. Без вас оти не не' бива. ФЕКТ! Не е голема филозофија - Наше е само да ве сакаме и да ви се дивиме безусловно, да ве разбереме толку колко што можеме и да знаеме да кажеме по едно фала и извини за тоа шо ги трпите нашите глупости, заебанции и хирови.
Еве по едно цвеќенце :smirce::smirce:


ПС - Не знам зошто, ама 8ми март по дифолт им честитам само на мама и баба. Така ваљда не учеа во школо кога ќе спремавме приредбите.
ППС - Знаеш во последната сезона од Госип Грл во каков однос без Чак и Блер, и како работеа на своите проблеми, за конечно да си се скрасат како шо оставил Господ?? Е тоа!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Кеј,

Не знам што е попатетично, жени што слават по ресторани и играат ора или мажи што филозофираат и пробуваат да бидат вицкасти околу празников.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Ти се посерам у вирозава што ми се насели во дишниве и слушниве патишта. Не можам да се чујам коа збивтам као луд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom