Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 септември 2009
Мислења
85
Поени од реакции
8
кратко кажано...за да ти помогнам...

Па,вака..пред еден месец ме фати стомачен вирус,но имав само гадење ми дадоа 3 вида на апчиња (Реглан(од кој ми се влоши состојбата),линекс и уште едни но не ми текнувааѕ моментално како се викаат) во исто време имав и циклус.. бев болна скоро 2 недели...ми каснеше и еве дури вчера ми дојде..една недела пред тоа ми се лошеше и еве и сега ми се лоши и ме подболува желудникот...пијам витамин Ц во шумливи ( 1 дневно),витамин Б6 ( чоколадирани што се) и постојано пијам чај од нане..едвај ќе успеам да издржам до понеделник да појдам на лекар :nesvest:
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73

Моаже да е од многу работи не сакам да шпекулирам задолжителен е преглед, само ке ти кажам прекини ги шумливите таблети додека желудникот ти е надразнет, и не претерувај со чајот од нане, значи не форсирај со ништо до понеделник додека да одиш на лекар, од таму задолжително побарај упат за на гастро, не прифаќај повеќе класична терапија на матичните, и од кога ке се направат дадените анализи ке се знае точно како треба да постапуваш понатаму со терапијата ПОЗДРАВ и пишете што сте направиле
 
Благодарам за советот.
Синоќа бев на брза помош бидејќо ме болеше желудникот...притисокот едниот што требало да бде 120 ми беше 105..др беше во ред...докторката ми даде инекција против болки во желудникот ( бидејќи многу ме болеше) и ми препиша Ranitidin..сабалјево во 8 и 30 се напив 1 апче..се пијат 2х1 пред јадење на 12 часови...моментално немам никави болки во желудникот само ми се гади постојано и немам апетит.Од страана на храна јадам кисело млеко (попара),банана и варен ориз...сеуште ми се лоши:nesvest: Не знам дали да одам утре кај матичната да видам што ќе кажи таа
 
Секако дека ќе одиш и ке побараш упат за на гастро.
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
А што би можела да јадам за да се намали гадењето?
Желудникот е надразнет и ке прави проблем на секоја храна, важно е да јадеш почесто, а по малку, јадењето да биде меко, на пример нешто пасирано, значи да не е нешто што ќе треба многу да се вари во желудникот, избегнувај кисело, газирано и многу топло
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
85
Поени од реакции
8
Желудникот е надразнет и ке прави проблем на секоја храна, важно е да јадеш почесто, а по малку, јадењето да биде меко, на пример нешто пасирано, значи да не е нешто што ќе треба многу да се вари во желудникот, избегнувај кисело, газирано и многу топло
Сега почнав да чувствувам топлина во срцето.. побрзо ми чука од вообичаено.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
За желудникот, како што ти рече Doctor1, побарај упат за гастро, таму ќе ти направат детални испитувања (најверојатно гастроскопија),
побарај да ти ја испитаат крвта за евентуално присуство на helicobacter pylori.
Јас кога имав слични проблеми со желудникот, јадев само варен ориз, двопек и кисело млеко.
Чајот од нане е добар, ама ако имаш пробај со чај од кантарион, тој е одличен за проблеми со желудникот,
само како што ти кажаа претходно, да не го пиеш многу топол.
Тоа со срцето најверојатно ти е од паниката и стравот...
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Имав сличен проблем пред некои 5-6 месеци, ама мене ми беше од неправилно пиење на терапија. Бев болна и на цела мака, кој ѓаол ме натера вечерта таблетата да ја испијам со кока-кола и тоа на гладен стомак (ко да сум неписмена :tapp:). Таква реакција во желудник, со толку големи болки на сред ноќ никогаш не сум доживеала. Оган ме гореше од грклан до папок, партали ми се стори дигестивниот систем. Цели две недели бев на варен ориз и кисело млеко, дури ни јогурт не ми годеше, сучка се сторив. Можев и варени броколи да јадам, ама по малку.

Ме спаси само една работа. Нит апчиња, нит бутур, туку чај од кантарион. Како што кажаа и погоре. Невиден лек, просто изненадена останав од ефикасноста, го пиев во енормни количини, и тоа не од кесичка, туку од цветчиња, чист рефус. Се пие млак или ладен. Сега го препорачувам на сите за болки и мачнини во желудник. Летово на Караорман цело поле од кантарион собрав, да се најде. :)

Инаку, мене не ми се лошеше, само желудникот ми беше надразнет. Така што најдобро ќе биде да си појдеш на доктор, па тие да ти кажат. Ова со кантарионот е само олеснување.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Благодарам за советот.
Синоќа бев на брза помош бидејќо ме болеше желудникот...притисокот едниот што требало да бде 120 ми беше 105..др беше во ред...докторката ми даде инекција против болки во желудникот ( бидејќи многу ме болеше) и ми препиша Ranitidin..сабалјево во 8 и 30 се напив 1 апче..се пијат 2х1 пред јадење на 12 часови...моментално немам никави болки во желудникот само ми се гади постојано и немам апетит.Од страана на храна јадам кисело млеко (попара),банана и варен ориз...сеуште ми се лоши:nesvest: Не знам дали да одам утре кај матичната да видам што ќе кажи таа

Класични симптоми при болки на желудникот.

Консултирај лекар, а во меѓувреме МНОГУ внимавај на исхраната.

Кај болестите на желудникот 20% удел во лекувањето имаат лековите, останатите 80% се должи на здрава исхрана.

Месо,зачинета храна, топла и ладна храна - не помислувај да пробаш!
 
draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Два дена како имам проблем со крвниот притисок, наместо 120-130/80 еве два дена како ми е 100/80, што може да е причинител на доближување на крвните притисоци? Утре сабајле ќе одам на матичен лекар, вчера за малку ќе отидов на дежурен ама реков ајде ќе одам понеделнички но ја утнав смената на докторката па ќе видиме што ќе ми кажат утре. Има некој вакво слично искуство да го сподели со мене? :smir:
 
H

HITCH

Гостин

Поради времето е. Знам дека звучи чудно, но се повеќе млади луѓе имаат проблеми со крвниот притисок. Времето нагло се менува. Не си единствена! Па и не ти е нешто лош притисокот. Само ќе ти измери притисок, ќе ти каже повеќе течности да пиеш и повеќе да одмараш. Со овој притисок нема ништо друго да направи.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
јас веќе да дена и повеќе имам проблем со грбот имам страшни болки имам чуство како да носам вреќа камења на мене и порано ми се јавувале слични болки но исчезнвуале откако ќе се испружам на тврда површина но ова не поминува! има ли врска времето со ова?
 
Не! Не верувам! Ти го сфатив мајтапот, ама јас сериозно ти кажувам дека една од причините за варирање на крвниот пртисок може да биде и променава на времто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom