Имав сличен проблем пред некои 5-6 месеци, ама мене ми беше од неправилно пиење на терапија. Бев болна и на цела мака, кој ѓаол ме натера вечерта таблетата да ја испијам со кока-кола и тоа на гладен стомак (ко да сум неписмена
). Таква реакција во желудник, со толку големи болки на сред ноќ никогаш не сум доживеала. Оган ме гореше од грклан до папок, партали ми се стори дигестивниот систем. Цели две недели бев на варен ориз и кисело млеко, дури ни јогурт не ми годеше, сучка се сторив. Можев и варени броколи да јадам, ама по малку.
Ме спаси само една работа. Нит апчиња, нит бутур, туку чај од кантарион. Како што кажаа и погоре. Невиден лек, просто изненадена останав од ефикасноста, го пиев во енормни количини, и тоа не од кесичка, туку од цветчиња, чист рефус. Се пие млак или ладен. Сега го препорачувам на сите за болки и мачнини во желудник. Летово на Караорман цело поле од кантарион собрав, да се најде.
Инаку, мене не ми се лошеше, само желудникот ми беше надразнет. Така што најдобро ќе биде да си појдеш на доктор, па тие да ти кажат. Ова со кантарионот е само олеснување.