Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Да не забележа некој српска издавачка куќа Хеликс? Знам имаше штандови со српски книги. Конкретно оваа преведува научни книги. The Blind Watchmaker ми требаше. Преку купи книги цената е 1150, барем на 700-800 да е спуштена може да се земе во понеделник.
мислам дека ги имаше ...[DOUBLEPOST=1397390487][/DOUBLEPOST]јас вчера бев земав нешто a и детско за брат ми
али таму толку не ми беше добро...неможев да стојам. горев... :( .така да сеа насловите на пола не им ги знам целосно . иначе убаво беше ,али мислам лани беше подобро и повеќе избор незнам зашто ...сакам книга ,матица ,магор и ѓуѓга си беа ок само знам едни беа мнооогу скапи али не ми текнува кој ,книги по 300 -400 денари а на другиве места по 50 -100 ... глупо беше и тоа ... :)
 
Последно уредено:
Во Матица, инаку Матица на нивниот саем пред еден месец имаа ненормално ниски цени на српските книги од Лагуна. Јас купив 8 книги, 4 српски 4 македонски за 1300 денари севкупно :)
Знам дека Матица ги продаваат, ама не видов посебен штанд на Лагуна, како што имаше лани.
 
Не ми се зима од Ѓурѓа, катастрофа квалитет, а истите ги има и во веро за 100/150 денари. Ај ќе поминам утре па ќе видам шо како, како и да е, фала за инфотo @kooperativa
 
Јас ја земав само Готен од Роберт Алаѓозовски од издавачката куќа Готен за 150 ден . ( за разлика од пред 3-4 год кога првпат ја видов 500 ден беше). Словенциве Младинска Книга ги немаше со енциклопедиите од 50 евра, а не ги ни приметив Кавказ (иако Саладин горе ги спомна). Накратко за Македонија и Скопје добар саем,кој од година во година за жал е се помал и помал. :(
П.С. Кога коментиравте за децата имам да надополнам дека во четвртокот кога бев немаше тинејџерки кој сечеа вени пред штандот на ТРИ за Твајлајт :),ама затоа кај англиски центар за книгите WOW,Starcraft,Hobbit,LOTR,Game of Thrones детска градинка беше направена ( а да е маката поголема и телевизори имаше со Sony Playstation игри за да ја направат гужвата уште поголема :mad:[DOUBLEPOST=1397421121][/DOUBLEPOST]Некој да не знае каде може да ја најдам ``Окултната магија на третиот рајх`` на македонски/српски/хрватски а да не е изданието на Ѓурѓа од 100 страници ???[DOUBLEPOST=1397421922][/DOUBLEPOST]
524041_10151486153798548_897442953_n.png

Може некој да ми каже што жанр е оваа книга Т.Е. Игрите на Гладните ???
 
Последно уредено:
524041_10151486153798548_897442953_n.png

Може некој да ми каже што жанр е оваа книга Т.Е. Игрите на Гладните ???

Дистописка. Борба до смрт на 24 деца од кои само еден е победник. На сликата го имаш вториот дел.
 
Дистописка. Борба до смрт на 24 деца од кои само еден е победник. На сликата го имаш вториот дел.
Да не е некаква филозофија,психологија за животот,за постоењето ???
 
Класиците од академска книга по 100+ денари што се, ги нема преку година во академска книга или поскапи се?
Дали вреди да тркнам утре?
 
Класиците од академска книга по 100+ денари што се, ги нема преку година во академска книга или поскапи се?
Дали вреди да тркнам утре?
Мислам дека редовна цена им е 220-250.
 
Промоција на книгата Од Исус до Мухаммед
Во 11:00ч.
Сала за презентации.
Говорник: Академик Ферид Мухиќ.
Повелете.
1800370_606452502771504_4068175746017502291_n.jpg
 
По ова, многу ми личи на Lord of the flies од Goulding.

Со таа разлика што Господарот на мувите е класик, а оваа е типичен бестселер. Мене ми се допаѓаат многу Игрите на Гладните, ама мислам дека нема да се твој cup of tea.
 
знае ли некој од вас дали на саем ги имаше Киднапиран од Р.Л. Стивенсон и На запад ништо ново од Ремарк ? пошто како што кажав бев у халуцинации и барам ја сирот барам...ама ништо а ми беа така таргет книги...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom