Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
знае ли некој од вас дали на саем ги имаше Киднапиран од Р.Л. Стивенсон и На запад ништо ново од Ремарк ? пошто како што кажав бев у халуцинации и барам ја сирот барам...ама ништо а ми беа така таргет книги...
Јас секогаш кога купувам книги (а тоа го правам секој месец, последниве години), гледам прво кај тие што продаваат на старо. Ги има и кај кејот 7-8 и пред ГТЦ, 10-тина штандови.
Во најмала рака, од Рекарк ќе ја најдеш на српски,но има едно издание на македонски од 1970 г.[DOUBLEPOST=1397486387][/DOUBLEPOST]
Не. Има филм според книгата, може да го изгледаш него.
Тука јас мислам поикаку од тебе. Ако го/и гледа филмот/вите прво, нема да сака да ја/ги прочита книгата односно книгите потоа.
Филмовите се пропала инвестиција, барем јас така мислам.:)
 
Класиците од академска книга по 100+ денари што се, ги нема преку година во академска книга или поскапи се?
Дали вреди да тркнам утре?

Bez saemska cena-140 denari
So saemska-120
 
знае ли некој од вас дали на саем ги имаше Киднапиран од Р.Л. Стивенсон и На запад ништо ново од Ремарк ? пошто како што кажав бев у халуцинации и барам ја сирот барам...ама ништо а ми беа така таргет книги...
Киднапиран во издание на Бегемот, 100 денари и беше цената на саем.
 
кои телиња овие од Икона, идам денес и ги прашувам може со картичка? и ми викаат, не, немаме терминал. :facepalm:
 
И јас се подновив со неколку наслови :)
Театарски роман - Михаил Булгаков (Бегемот)
Ефи Брист - Теодор Фонтане (Бегемот)
Критичарот како уметник - Оскар Вајлд (Бегемот)
Скици нацртани со јаглен - Хенрик Сјенкјевич (Бегемот)
Каменот од твојот ден - Јагода Михаловска Георгиева (три)
Ѓубре - Ирвин Велш (или-или)
И од Топер неколку сликовници.
 
дали некој знае колку пари беше Крстоносци од Хенрик Сјенкјевич ,зашто не ја видов во каталозите ??
 
Единственото нешто што го земав е The Three Musketeers од Alexandre Dumas, the pere, a сакав уште најмалку 15-тина. За наредна година, да се надеваме на повеќе.

Патем да не знае некој каде се наоѓа книжарницата на Академска книга? Прочитав нешто и на економски ги имало, или не?
 
кои телиња овие од Икона, идам денес и ги прашувам може со картичка? и ми викаат, не, немаме терминал. :facepalm:
Икона у глобала подвалија многу.... Кај со неспремност, но и со попуст кој и не е попуст... Англиска литература од 690 на 630?
ни Табернакул не се до толку идиоти бре.
 
Нешто ситно, колку да се запишеме.

Рјуносуке Акутагава - Рашомон и други раскази

Михаил Булгаков - Театарски Роман

Пакетот за 200 денари од книгата за Лауда и Хант, списание за Ф1 и филмот за Лауда и Хант (Rush) на двд.


Најдобриот момент беше кога дојдов дома и гледам ми стигнала It од Стивен Кинг (издание од 86та), што ја порачав пред речиси два месеци. Мало кршење филм е што ја нема обвивката со анимација (dust jacket), па знаејки каков тупаџија сум за вакви работи веројатно е дека ќе ја барам ПАК, сосе обвивка.

@Saladin
Од Ремарк книгите се наоѓаат по уличните продавачи, на српски јазик (мислам не ти е проблем, штом веќе ги читаш), но овие се најдобри изданија со тврди корици, плус ќе поминеш поевтино.
 
Оваа година купував само литература што ми треба за на факс и нешто минимално за слободно читање.
Го поминав штандот на Табернакул; Македонска реч; Матица.
Си фатив попуст на тоа среќното тркалце на влезот од дури 30% па во Матица можев да си дозволам да ја земам и Хипнотизер од Лаш Кеплер - за која слушнав само пофални зборови, па ќе видиме откако „ќе ја тестирам“.
Само добив едно непријатно изненадување.
Лешовски, замислете еј Дарче Глувчето го продаваат за 260 или 270 денари - не ме држете за збор, а дечкото што беше на штандот од Табернакул ми го рекламираше како да работи во Топ Шоп....или на Бит Пазар на тезга...
 
Нешто ситно, колку да се запишеме.

Рјуносуке Акутагава - Рашомон и други раскази

Михаил Булгаков - Театарски Роман

Пакетот за 200 денари од книгата за Лауда и Хант, списание за Ф1 и филмот за Лауда и Хант (Rush) на двд.


Најдобриот момент беше кога дојдов дома и гледам ми стигнала It од Стивен Кинг (издание од 86та), што ја порачав пред речиси два месеци. Мало кршење филм е што ја нема обвивката со анимација (dust jacket), па знаејки каков тупаџија сум за вакви работи веројатно е дека ќе ја барам ПАК, сосе обвивка.

@Saladin
Од Ремарк книгите се наоѓаат по уличните продавачи, на српски јазик (мислам не ти е проблем, штом веќе ги читаш), но овие се најдобри изданија со тврди корици, плус ќе поминеш поевтино.
Знам, ги видов едните седеа на влезот пред саемот, имаа цела колекција од Ремарк (оние црвените книги со тврд повез) ама беа по 1500. Имаа и засебно 4 комада од едни везени беж боја тврд повез, 2 имав веќе прочитано, зедов една што не сум ја.
 
Знам, ги видов едните седеа на влезот пред саемот, имаа цела колекција од Ремарк (оние црвените книги со тврд повез) ама беа по 1500. Имаа и засебно 4 комада од едни везени беж боја тврд повез, 2 имав веќе прочитано, зедов една што не сум ја.
Сум ги пропуштил тие со црвената едиција (Минерва) :confused: Таму има една книга (Сенки во Рајот) поделена во два дела (две книги) што ја нема во другата едиција (бело-зелени, тврд повез). Јас ја имам другата едиција, од нејзе ми фали уште Ноќ во Лисабон. :)
 
Магор со летен саемски ценовник. Едноставно си знаат како треба. Редовни со попусти и одлични цени во текот на целата година.
 

Attachments

Драги пријатели,

со радост Ве информираме дека од петок, 20 јуни, па се' до 03 септември, започнуваат традиционалните, петти по ред ЛЕТНИ ПРИКАЗНИ СО ИЛИ-ИЛИ, во чии рамки ќе имате можност да ги купите нашите книги по фантастично ниски, саемски цени. ИЛИ, приказните во едицијата ПРОаЗА и во есеистичката едиција ќе бидат на попуст од -20% до -70%. Исто така, најавуваме дека во рамките на Летните приказни ќе направиме промоција и на неколку нови книги, како Бугати се појавува на германската писателка Деа Лоер, Посетата на дворскиот лекар на Швеѓанецот Пер Олов Енквист, Колекционер на љубовни приказни на Александар Секулов... за кои благовремено ќе информираме.
Ви посакуваме пријатно и креативно лето, и секако, бујрум на добра книга!

www.iliili.com.mk

Во продолжение, цените на книгите со попусти, таман да си изберете фаворити пред да не посетите. Се гледаме, поздрав!

Едиција ПРОаЗА

- Атлас на облаците - 490 ден. (р.ц. 590 ден) -17%
- Трезнење - 150 ден. (р.ц. 190 ден) -21%
- Скриена камера - 250 ден. (р.ц. 300 ден) -17%
- Едноминутни новели - 200 ден. (р.ц. 250 ден) -20%
- Читачот (трето издание) - 199 ден. (р.ц. 290 ден) -33%

- Алчност - 300 ден. (р.ц. 500 ден) -40%
- Бања - 100 ден. (р.ц. 190 ден) -47%
- Бели заби - 300 ден. (р.ц. 450 ден) -33%
- Без догма - 300 ден. (р.ц. 500 ден) -40%
- Бела ноќ на љубовта - 100 ден. (р.ц. 200 ден) -50%
- Белиот чад - 100ден. (р.ц. 350 ден) -71%
- Берлински тополи - 200 ден. (р.ц. 350 ден) - 43%
- Бог и бетон - 100 ден. (р.ц. 250 ден) -60%

- Вртоглав лавиринт - 200 ден (р.ц. 350 ден) -43%
- Вадисрце - 200ден. (р.ц. 350 ден) -43%
- Викенд - 200ден. (р.ц. 370 ден) -46%
- Вимблдонскиот стадион - 150 ден. (р.ц. 190 ден) -21%
- Волшебникот - 550 ден. (р.ц. 690 ден) -20%
- Во трагата на бродот - 200 ден. (р.ц. 350 ден) -43%

- Ге-дур - 100 ден. (р.ц. 130 ден) -23%
- Гордиевата врвка - 200 ден. (р.ц. 250 ден) -20%
- Гол живот - 200ден. (р.ц. 390 ден) -49%

- Дневник - 100ден. (р.ц. 200 ден) -50%
- Ѓубре - 250 ден. (р.ц. 500 ден) -50%
- Единаесет жени - 120 ден. (р.ц. 150 ден) -20%
- Есен во Пекинг - 200ден. (р.ц. 390 ден) -49%

- Жената на францускиот поручник - 300 ден. (р.ц. 500 ден) - 40%
- Жули или разврат - 100ден. (р.ц. 250 ден) -60%
- Животот и времињата на Мајкл К. - 150 ден. (р.ц. 300 ден) -50%
- Златен оков - 100 ден. (р.ц. 170 ден) -41%

- Институт за регулирање на времето - 250 ден. (р.ц. 480 ден) -48%
- Истанбул беше сказна - 450 ден. (р.ц. 690 ден) -35%
- Ја проколнувам реката на времето - 200 ден. (р.ц. 350 ден) -43%

- Книга на сеќавања - 550 ден. (р.ц. 690 ден) -20%
- Како да се упокои вампир - 250 ден. (р.ц. 450 ден) -44%
- Катализатор 33 - 100 ден. (р.ц. 200 ден) -50%
- Катедрала - 150ден. (р.ц. 340 ден) -56%
- Книгата на таткото - 100ден. (р.ц. 330 ден) -70%
- Комунистот Монте Кристо - 200ден. (р.ц. 480 ден) -58%
- Куќа за средби - 150 ден. (р.ц. 300 ден) - 50%
- Крајот на еден семеен роман - 150 ден. (р.ц. 270 ден) -45%
- Кругови - 100 ден. (р.ц. 170 ден) -41%

- Лебарка - 200 ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Летни лаги - 200 ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Љубовно писмо со клинести знаци - 200 ден. (р.ц. 390 ден) -49%

- Малку - 250 ден. (р.ц. 390 ден) -36%
- Мистер Гвин - 200 ден. (р.ц. 250 ден) -20%
- Ненасл. месеч. соната - 200 ден. (р.ц. 330 ден) -40%
- Неодреден предел - 100ден. (р.ц.300ден) -67%
- Нешто да ти кажам - 300 ден. (р.ц. 500 ден) -40%

- Полубратот - 350 ден. (р.ц. 590 ден) -41%
- Пената на деновите - 200ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Пиксел - 200 ден. (р.ц. 250 ден) -20%
- Последниот свет - 100ден. (р.ц. 350 ден) -70%
- Помеѓу - 150 ден. (р.ц. 250 ден) -40%
- Прогонетите - 120 ден. (р.ц. 150 ден.) -20%

- Растроена жена - 250 ден. (р.ц. 420 ден) -40%
- Резервен живот - 300 ден. (р.ц. 350 ден.) (Евр. награда за литература)

- Светот - 150 ден. (р.ц. 299 ден) -50%
- Свеста на Ѕено - 300ден. (р.ц. 550ден) -45%
- Слава - 150 ден. (р.ц. 300 ден) -50%
- Стравот на голманот од пенал - 100ден. (р.ц. 200 ден) -50%
- Сто дена - 150 ден. (р.ц. 330 ден) -55%
- Собирач на автограми - 200 ден. (р.ц. 500 ден) -60%
- Срце толку бело - 200 ден. (р.ц. 420 ден) -52%
- Сликарски правци на 20 век - 200ден. (р.ц. 400 ден) -50%

- Талкачи - 200 ден. (р.ц. 420 ден) -52%
- Тринаесеттиот месец - Алек Русјаков - 200 ден. (р.ц. 400 ден) -50%
- Ќе ви плукам на гробовите - 200ден. (р.ц. 330 ден) -39%

- Улица - 200ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Фото синтеза - 150 ден. (р.ц. 250 ден) -40%
- Холограм - 100 ден. (р.ц. 150 ден) -33%
- Чиста анархија - 150 ден. (р.ц. 200 ден) -25%

Есеистичка едиција ИЛИ-ИЛИ

- Филозофоја на виното - Бела Хамваш 150 ден. (ориг. цена 230 ден, -34%)
- Филозофот игра фудбал - Виктор Жмегач 150 ден. (ориг. цена 250 ден; -40%)
- Илуминации - Валтер Бенјамин 150 ден. (ориг. цена 390 ден; -62%)
- Изворите на сепството - 400 ден. (р.ц. 630 ден) -37%
- Сликарски правци на 20. век - Л. Трифуновиќ 150 ден. (ориг. цена 399 ден; -62%)
- Болестите на модерното време - Чарлс Тејлор 150 ден. (ориг. цена 250 ден; -40%)

Книжарница Или Или
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom