Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
На каталогот на Или-Или стои книга (поезија) со наслов „Илуминации“. Не се од Рембо.

Илуминации од Рембо (заедно со Престој во пеколот и други песни) се во склоп на „Пијаниот брод“ издание на Магор.
 
Богата жетва годинава, 25 книги сега за сега, во план ми е да одам уште 2 пати.
Некои работи се повторуваат од минатите саеми, издавачките куќи се доследни на својата репутација ( добра или лоша ), пријатно изненадување беа Блесок со книгата на Хенри Милер.
Или-Или се исто така цареви, новоиздадената „Едноминутни Новели“ од Еркењ им е полн погодок.
Посебно ми е драго што во едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ ги најдов „Пеењата на Малдорор“ од Лотреамон, „Теса од Д’Арбервилови“, „Опасни врски“ од Лакло ( ако ви текнува на филмовите Dangerous Liaisons со Мишел Фајфер и Cruel Intentions ).
Не се за одминување и Антолог со „Евтини приказни“ , „Скандалите во Кроум“ на Хаксли, „Меш“, итн...
Од „Три“ ја зедов „Страв и гадење во Лас Вегас“ , допрва ќе видиме каков е преводот и „Умешноста на војувањето“ од Сун Цу.
Меѓу другото ги зедов и „Разговори со Гете“ на Екерман и двете од Оскар Вајлд на Бегемот.
 
de be decki ,tolku e dobra taa posta a... ? :)
 
Јас испазарив следното:

Данило Киш - Post Homo Poeticus (Магор)
Артуро Перез-Реверте - Клубот Дима (Магор)
Иван Џепароски - Убавина и Уметност (Магор)
Иван Џепароски - Уметничкото Дело (Магор)
Умберто Еко - Прашките Гробишта (Табернакул)
Фјодор Достоевски - Бесови (Табернакул)
Чарлс Буковски - Пошта (Бегемот)
Лотреамон - Пеењата на Малдорор (Арс Либрис)

На каталогот на Или-Или стои книга (поезија) со наслов „Илуминации“. Не се од Рембо.

За саемот; Поназад Вокерка постираше видео со застапникот на Блесок издавачката куќа (му го заборавив името). Се слагам целосно со човекот, саемот е претворен во панаѓур. Деца трчаат скокаат на сите страни, нервозни учителки викаат по нив. Смрди на пуканки, шеќерни волни, кикирики и разни глупости низ цела хала. Значи, тоа е идиотско. Нека организираат еден ден посебно за учениците од средно и основно, и крај.

Магор, одлични, најевтини и одличен избор. Мене ми дадоа чаша и десет кафиња. :D Од Табернакул собирајте од Достоевски се' што има. Арс Либрис, ОК цени, но немаат некој избор, same with Бегемот. Или-Или многу слабо.

Мајмуниве вехабијски се на маргините од саемот. Имаат едно утепано тезгиче, ќе ги познаете по суратите искривени забрадени. За нив не треба да објаснувам, плукнете им се на смрдливата педофилска литература.


Илуминации од Валтер Бенјамин се тоа.

Инаку, да напишам и мојот улов за овие два дена што бев.
1. Јас, Врховниот - Аугусто Роа Бастос
2. Смешни љубови - Милан Кундера
3. Бојата на песот што бега - Ричард Гвин
4. Сината лисица - Сјон
5. Што носат брановите - Карен Гилис
6. Ако Бог не постои - Лешек Колаковски
7. Бладањата на филозофите - Ал - Газали
8. Центурија - Џорџо Манганели
9. Рулет - Лада Жиго
10. Дон Сегундо Сомбра - Рикардо Гвиралдес.
11. 12 years a slave - Solomon Northup
12. Вртоглав лавиринт - Адан Фолдз
13. МЕШ - Ричард Хукер
14. Растроена жена - Јулија Франк
15. Рашомон и други раскази - Рјиносуке Агутагава
16. Пропаста на лагата - Оскар Вајлд
17. Мирисот на дамата во црно - Гастон Леру
18. Ненасловената месечева соната
19. Миленик - Кирсти Блом
20. На незнајниот јунак - Сретен Угричиќ
21. Блаже Конески - збирка поезија
22. Проповед за падот на Рим - Џером Ферари
23. Срамота - Џ. М. Куци
24. Заблудите на питомецот Терлес / Соединувања - Роберт Музил
25. Поезија - Гијом Аполинер
26. Невидливи градови / Замокот на вкрстените судбини - Итало Калвино
27. Жртвено јагне - Ели Амир
28 . - Next- Алесандро Барико
29. Животописот на Црно - белото јагне - Томаш Змешкал
30. Кралството на овој свет - Алехо Карпентијер
31. Копилето од Истанбул -Елиф Шафак.
32. Атлас на облаците - Дејвид Мичел
33. Правек и други времиња - Олга Токарчук
34. Светлина - Торгни Линдгрен
35 - Крај на светот во Бреслау - Марек Крајевски
36 - Дневникот на заводникот - Сорен Кјеркегор
37 - Заминување и враќање - Ѓерѓ Конрад
38 - Стари мајстори - Томас Бернхард
39. Сон за љубовта и смртта - Филип Давид
40. Ерусалим - Гонсало М. Тавареш
41. Отворено писмо - Елизабета Шелева
42. Писма до еден германски пријател - Албер Ками
43. Ноќва снегот мириса на тебе - Јосип Ости
44. Оживува мртвата гранка - Јосип Ости

И чаша Faust. Одам пак во петок.
 
Илуминации од Валтер Бенјамин се тоа.

Инаку, да напишам и мојот улов за овие два дена што бев.
1. Јас, Врховниот - Аугусто Роа Бастос
2. Смешни љубови - Милан Кундера
3. Бојата на песот што бега - Ричард Гвин
4. Сината лисица - Сјон
5. Што носат брановите - Карен Гилис
6. Ако Бог не постои - Лешек Колаковски
7. Бладањата на филозофите - Ал - Газали
8. Центурија - Џорџо Манганели
9. Рулет - Лада Жиго
10. Дон Сегундо Сомбра - Рикардо Гвиралдес.
11. 12 years a slave - Solomon Northup
12. Вртоглав лавиринт - Адан Фолдз
13. МЕШ - Ричард Хукер
14. Растроена жена - Јулија Франк
15. Рашомон и други раскази - Рјиносуке Агутагава
16. Пропаста на лагата - Оскар Вајлд
17. Мирисот на дамата во црно - Гастон Леру
18. Ненасловената месечева соната
19. Миленик - Кирсти Блом
20. На незнајниот јунак - Сретен Угричиќ
21. Блаже Конески - збирка поезија
22. Проповед за падот на Рим - Џером Ферари
23. Срамота - Џ. М. Куци
24. Заблудите на питомецот Терлес / Соединувања - Роберт Музил
25. Поезија - Гијом Аполинер
26. Невидливи градови / Замокот на вкрстените судбини - Итало Калвино
27. Жртвено јагне - Ели Амир
28 . - Next- Алесандро Барико
29. Животописот на Црно - белото јагне - Томаш Змешкал
30. Кралството на овој свет - Алехо Карпентијер
31. Копилето од Истанбул -Елиф Шафак.
32. Атлас на облаците - Дејвид Мичел
33. Правек и други времиња - Олга Токарчук
34. Светлина - Торгни Линдгрен
35 - Крај на светот во Бреслау - Марек Крајевски
36 - Дневникот на заводникот - Сорен Кјеркегор
37 - Заминување и враќање - Ѓерѓ Конрад
38 - Стари мајстори - Томас Бернхард
39. Сон за љубовта и смртта - Филип Давид
40. Ерусалим - Гонсало М. Тавареш
41. Отворено писмо - Елизабета Шелева
42. Писма до еден германски пријател - Албер Ками
43. Ноќва снегот мириса на тебе - Јосип Ости
44. Оживува мртвата гранка - Јосип Ости

И чаша Faust. Одам пак во петок.

Охохо буржоазија :)
 
Во каталогот не пишуваше автор затоа мислев дека се од Рембо. :)

Инаку, „Дневникот на Заводникот“ од Ѓурѓа ја зеде?

Не купувам од Ѓурѓа. :) Од ПНВ публикации.
 
@ЈуријАркадиевич сеа пријави се на предизвикот за читање книги со над 40 HiScore. :D
Иначе од вториот бран зедов 3
Ремарк - Рај нема место за миљенике (од оние пред влезот. Имаа и цела колекција негова ама 1500 немав да одвојам)
Курејши - Интимност (од Или-или)
Госпоѓа Елза (и други новели) - Шницлер (од Магор)

Се` на се`... 14тина комада.
Се сконцентрирав оваа година на пократките новели/книги со кратки раскази. Како што стареам, се помалку имам живци изглеа да читам романи од по 500-600 страни.
 
Мојата корпа од книги :) :

1. The Fault in Our Stars - John Green
2. A Tale of Two Cities - Charles Dickens
3. Сјаење - Стивен Кинг (Арс Либрис)
4. Резервен живот - Лидија Димковска (Или-Или)
5. Читачот - Бернхард Шлинк (Или-Или)
6. Растроена жена - Јулија Франк (Или-Или)
7. Да се убие птица подбивница - Харпер Ли (Магор)
 
еве ме и мене по добра берба. разни книги за разни потреби. ај прво со сликовниците и бајките.
од феникс: гуски-лебеди, мачорот во чизми, волшебната флејта, Х.К.Андерсен-најубави светски бајки 1 и 2
од ѓурѓа: ерих фром-психоанализа и религија, албер ками-странецот, ниче- антихрист и воља за моќ, фројд-психологија на сонот
табернакул: bhagavad gita, bodihicaryavatara, и книгата која ептен ми прави ќеф, лесна за читање особено за деца е грчки митови од роберт грејвс
три: тибетска книга на животот и смртта од согјал ринпоче, моќта на мислите од свами шивананда
магор: неугодното во културата од фројд.
и како за крај, за мераци во куќа и кујна од детска радост - македонска кујна. видов одлични рецепти, да се освежи менито, нели?
се на се, за мене 11 книги, доволни да ги читам и анализирам во следните 3 години. а би сакал да ги земам и уметноста на среќата и книга на мудроста на далај лама од магор, страстите на душата од декарт исто магор, жената и родот во исламот од лејла ахмед од слово, божици, курви, сопруги и робинки од сара померој од слово, корените на османлиската империја и османлиска империја пак од слово, од мурасаки шикибу-приказната за генџи, умберто еко-фуково нишало, sutta nipata, психологија и алхемија од јунг, и како шлаг да ми биде историја на верувањата и на религиските идеи (1000ден)
 
Се вратив од првиот улов и си зедов поприличен број на книги, меѓу кои To kill a mockingbird од Harper Lee, Томас Мор - Утопија, две од Барико и Метаморфозис од Кафка. Воглавно сум задоволен од саемот, пристојни цени горе доле, помалите издавачки куќи изненадија како и секогаш, Табернакул со напумпани цени, па и овој пат ги прескокнав (жалам ама така политика не се гради). Воглавно Магор, Антолог, Или-или, Темплум, Кавказ, Бегемот и за дивно чудо Блесок (неки нови клинци). Академска книга подобра од Икона (цени), за Ѓурѓа, Матица, Култура ги скокнав, Ниче македонски , Хабардов центар на испрани мозоци, неколку квазипатриотски издавачки куќи се` прашувам зошто и се појавуваат на саемов кога никој не им иде... На вториот бран ќе идам искључиво за одредени автори што ми се на Bucket листата.

Ами шо ќе ти е? Имаат све. :D
Ај да те прашам и од каде ја зема To kill a mokingbird и по која цена? Одамна сакам ја читам. Претпочитам на англиски да биде. :)
 
Ај да те прашам и од каде ја зема To kill a mokingbird и по која цена? Одамна сакам ја читам. Претпочитам на англиски да биде. :)
Академска книга за 299 денари, на англиски.
Ако сакаш ја има и на македонски од издание на Магор за 250, но ради култноста на книгата, дував и на маштеница.
 
Академска книга за 299 денари, на англиски.
Ако сакаш ја има и на македонски од издание на Магор за 250, но ради култноста на книгата, дував и на маштеница.
А класиците им се по 100 или 120? :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom