Слабо, многу слабо. Среќа што не играа фластер на Кире, тек тогаш ќе го јадевме. Многу недисциплина, премногу. Манасков катастрофа. Проивање во клучен момент, промашување зцери, слабо во одбрана. Ојлевски мора да биде прв избор на таа позиција и во репрезентација и во Металург, веројатно тогаш ќе му дојде памет на копуков. Георкиевски малку подобар од Манасков, само што не правеше пробивања и играше во одбрана добро. Бранче на негово ниво (катастрофа). Миркуловски добар ама мора шутот да го поправи. Кире на ниво. Пикерите добри, особено Столе. Пецаковски, може многу подобро ама постигна еден клучен гол. Борко многу слабо, многу е тромав. Ако предходната утакмица беше министер за одбрана, денес беше мисир во одбрана. Одбраната на моменти слаба, ама во глобала беше на ниво. 24 гола примени доволно го покажуваат тоа. Она што е лошо е недисциплината на играчите. Па се што има кажа Обрван да не прават, они направија. Им се кажа да му шутираат горе на чехов ама не, они доле му шутираат. Во напад не видов ни една асална акција. Само му подаваа на Кире па ако он даде гол добро, ако не од почеток пак истото.
Сепак на крај и нерешено е добар резултат, со оглед на тоа како играме. Обрван мора да ги стегне, ако треба и нека се развика, нека ги казнува. Па срамота е да не се слуша што ти кажува тренерот. На околу 15 технички грешки на чесите ни имавме само 2 контри и тоа во први 15 минути, ако не се лажам.
Е сега она што е позитивно од утакмицава е тоа што скоро и сигурно ќе се пласираме понатака, ако победиме со Австрија и сигурно. И исто така позитивно е тоа што Злате-пресап не играше (барем не го видов). За со Австрија немам некои очекувања големи. Шансите ни се 50-50, па ќе видиме.