Македонија - Чешка [ 14.01.2014 - 18:15 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата olaf
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    191
Статус
Затворена за нови мислења.
би го додал и Борко на листава
иначе па којзнае кого го обвинуваат чесите за тоа што не не тепаа :ROFLMAO:
гарант и они викаат пу не ги тепавте мизерниве :sick:
Ја повеќе би го окривил Обрван тука. Тој е тој шо треба да направи измена кога веќе гледа дека на Борко не му оди. Борко за мене не е крив-едноставно немаше ден.
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 21:34 ---
Аман бе го отупевте со тој Кузмановски. Така беше и со Мајнов па кога настапи за репрезентацијата беше камен невиден. Плус нели Кузмановски му беше кум на Кире или така нешо?
Мешаш со Стојановиќ. Ама и едниот и другиот се подобри и од Бранче и од Стојчески.
 
Ако нешто ме радува, тоа е дебаклот којшто им се припрема на Австрија... веќе имаат голема негатива а Данциве не се опуштаат!

Со победа и против Чешка ( што ќе им е најлесниот меч досега..само волја им треба за 3-0-0) и ние имаме 90% шанса за понатаму :)
 
Ја повеќе би го окривил Обрван тука. Тој е тој шо треба да направи измена кога веќе гледа дека на Борко не му оди. Борко за мене не е крив-едноставно немаше ден.
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 21:34 ---

Мешаш со Стојановиќ. Ама и едниот и другиот се подобри и од Бранче и од Стојчески.


Не мешам со никого, знам кој е кој. Кузмановски е среден бек, Мајнов е десен бек. Мислам дека Кире му е кум на Кузмановски. Играат за ист тим и Мајнов е тој што е прв стрелец во екипата. Од овие што не се повикани само Стојановиќ може да направи разлика во оваа екипа, ама сите знаеме зошто не игра и нема потреба повторно истото да се пишува. За тоа што нема повик за ова првенство е и самиот крив затоа што и мене да ме одбие некој кога ќе го повикам на пријателска, како што Обрван го повика претходно, и јас нема повторно да го повикам. Од повредените и Филип и Мојсо ќе направеа разлика, ама тоа е тоа, повредени се. Кузмановски и Мајнов нема да направат никаква разлика. Мајнов беше тотално изгубен на теренот последниот пат кога играше за репрезентација. И Кузмановски мислам дека беше тогаш повикан, ама не ми текнува дали играше.
 
Играме најгрд ракомет шо можи да се види,да не играше Македонија ќе го сменев каналот па и русите повеќе не играат вака бавен и досаден ракомет, со немање осет за контра и полуконтра т.е лесни голови па Чешка имаше 6-7 повеќе грешки од нас и не успеавме да го искористиме тоа. Се зависи од Лазаров, а асолен лев бек немаме за жал од времето на Пепи Манасков. Со таква еднодимензионална игра тешко дека ќе имаме поголем успех и јас ќе бидам задоволен да поминиме во втората фаза.
 
Чесите според мене се една од најдобрите шест-седум селекции во Европа, честитки за добрата игра на нашите противници. Со оглед на движењето на резултатот, може да се каже дека овој нерешен резултат е најреален исход. Овој бод е скоро како победа за нас. Ме радува што во нападот беше поразноврсни отколку против Данска, како и од сите претходни контролни средби. Тоа ни дава уште поголема сигурност бидејќи не сме читливи за противниците. Пак промашивме зицери, треба да поработиме на реализацијата за да бидеме уште попрецизни на следните мечеви. Против Австрија не размислуваме за калкулации за третото место, одиме на победа за да пренесеме два бода во следната рунда. Слободно можам да кажам, Борко ми е пријател и цимер, дека очекуваме поголема поддршка од голманите, денеска остваривме одличен резултат ако се знае дека имавме шест одбрани. Против Австрија ќе ни требаат 15 одбрани од голманите, ако сакаме да стигнеме до посакуваната победа

Кирца бе брат.:facepalm: Чисто ме интересира дали се лаже самиот себе или пробува да мачка очи кај народов.
 
Кире му е кум на Кузмановски,не на Стојановиќ.Добро вели Vinsanity/Air Canada aka Картер.:pipi:
 
Да, ама Раде не му беше кум на Кире?

За него немам поима,за овој имаше по интернет порталиве..:)

Кузмановски правеше некои добри потези ама и тој се упрпа.Полош од Мајнов не беше,ама ништо подобар од Стојчевски.
 
:pos::pos::pos: Да не измеша нешто? :D
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 21:04 ---


Секој освен тебе!

Не е ништо спорно во мојот текст дека Диви не фати ништо и он е крив за поразот , а зашто не фати ништо експертот од тренер наш знае :icon_lol:.

by the way што е работава со Миркуловски читам нешто коленото отечено ?............
 
Играме најгрд ракомет шо можи да се види,да не играше Македонија ќе го сменев каналот па и русите повеќе не играат вака бавен и досаден ракомет, со немање осет за контра и полуконтра т.е лесни голови па Чешка имаше 6-7 повеќе грешки од нас и не успеавме да го искористиме тоа. Се зависи од Лазаров, а асолен лев бек немаме за жал од времето на Пепи Манасков. Со таква еднодимензионална игра тешко дека ќе имаме поголем успех и јас ќе бидам задоволен да поминиме во втората фаза.


Тоа не е од сеа, веќе долго време играме најдосаден ракомет..слично на Лино тактика, кај и да е контра никако одма вика по голманот и тапка со рацете.
 
Се разочарав од ова што го видов денес.Мене ми е јасно и во темата за утакмицата со Данска пишав дека само Кире е ракометарот што е способен да игра на врвно ниво на едно вакво натпреварување ама толку лоша игра од преостанатите ракометари не очекував.Кире ни е 99% од репрезентацијата,а преостанатиот 1% оди кај ракометарот што е најрасположен на денот на утакмицата.Тој 1% на првата утакмица отиде кај Борко,а денес кај Миркуловски кој беше стварно одличен.Треба само малку похрабро да оди на шут и колку-толку да му помогне на Кире.Одбраната денес на чело со Борко во најмала рака беше катастрофална и не смееше да дозволи толку лесни голови,а најтрагично од се е тоа што 99% од головите ги примивме од 9 метри.Со ваква одбрана појака репрезентација да запне ќе ни стегне 40 голови како од шала.

Манасков е играчот што дефинитивно треба да го држат понастрана од репрезентацијава.Ова што ќе го пишам сигурно нема да им е свиѓа на Богородиците на форумов ама малиов е тешка глуперда.Јас мислам дека е еден од најглупите спортисти во цел свет.Гледа дека не иде работата со тоа ‘‘внесувањето‘‘ во голман и упорно скока во нив.Денес покрај тоа што по миљардити пат промаши зицер заработи и едно страшно глупо исклучување кое слободно може да оди на Еуро Спорт во емисијана кај што има смешни инсерти од спортски натпревари.Кепецов ни две ни три му скокна од позади грб на Јиха и му даде лакт/шамар во фаца без никаква причина,а најтрагично од се е тоа што после суспензиајта Обрван наместо да го пушти Ојлевски во игра го врати одново Манасков. :facepalm:

Огромен кикс е тоа што Козла е земен за Европсково,а Темелков не е на списокот.Денес кога морковот промаши два зицера од 6м од авион се гледаше дека треба да биде заменет ама заради тоа што ‘‘бате мора да е во составот или јас не играм‘‘ немаше кој да влезе во игра.До душа крилата кај нас многу ретко се користат и сеуште играме старомоден ракомет ама Темелков за моменталниве крила во напад и одбрана е доктор.

Не сум од оние што се заслепени од најавите на ТВ и што очекуваат финале од оваа генерација ама кога губиме заради некои апла аматерски грешки многу се нервирам.Реално гледано денешнава Чешка е срамота да не ја тепаш со 5 разлика ама заради Х работи ние изигравме едно шугаво нерешено со нив,а загрижува и тоа што тие го имаа завршниот удар и можеа многу лесно и да не победат.Лузерскиот менталитет кој вика ‘‘одлично е и нерешено‘‘ треба под итно да се искорени.Јасно ни е на сите дека не можеме да се надигруваме со Данска или Шпанија,но кога веќе сме на ЕП треба да очекуваме победа и против такви репрезентации и да не се предавме пред време.Нека дадат играчите 200% од себе па и да бидеме поразени не е страшно.Поразот во никој случај не може да биде страшен ако си дал се од себе за да оствариш позитивен резултат.
 
Најмизерна утакмица што некогаш сум гледала у животот.
Австрија како има да ни испее, каде сте македончиња...
Партал ќе не стори, со ваква шити игра од сите оваа вечер. Никој не можам ни да пофалам, сите беа катастрофа. Дај више да не учествуваме на првенства, срамота е ова веќе, нема смисла.
 
Мислам и дека не треба да се заборави крадењето на топка при +2 од страна на манасков по кое место да трча контра ја додава топката и почна да се дере накај клупа ,камерата се префрла накај голот на Чешка нашиве се местат за напад он влетува од страна ја бара топката му ја даваат и се затрчува шпринт директно во цела одбрана на Чешка и прави фаул во напад.

По дијабола понашање на терен од тоа мислам дека ретко може да се види.Не знаев дали да се смеам или да плачам.Уште па Јиха кога го јавна и му даде лакт во глава тоа беше врв.Не знам човекот како се воздржи да не му стане и да го тресне од земја,еј нашол на него да му скока како мајмун на глава без никаква причина па колку и да почитувам дрскост кај спортисти има разлика меѓу дрскост и да бидеш прост,покажи малце почит не биди сељачиште.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom