- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.246
ако нешто ми остана од филмот за да го повторам, тогаш сигурно ќе биде нумерата!




Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А овој филм,тој што ќе се осуди да го гледа на камрип,тсрип.... ќе му цркне се живо и диво електронско така да си знае.
ако нешто ми остана од филмот за да го повторам, тогаш сигурно ќе биде нумерата!
Шо му фалеше на филмов бе?![]()
Периодов често се врти Love Actually и мерак ми беше да направам македонски превод.
Нека биде Божиќен подарок од мене за сите филмомани на форумов.![]()
Исто како Донев го изгледав претходно филмот, а линкот до преводот не ти го отвора. Пробај и на титлови.ком постави го. Ќе почекаш малку додека да ти го одобрат, ама мислам подобар сајт е од поднаписи.
зошто различни толкувања?? малиот е шизофреничар, што има тука да се толкува? простор за дискусија остава филмот, не крајот
има неколку нелогичности како пример кога се влечеше самиот, пукањето во глава итн...ама само на хејтери нема да им се свиѓа крајот ради овие небитни мали работи
Тоа дека е шизофреничар, да, факт е и нема простор за толкување. Ама за она што се случи по истрелот може да се создадат еден куп теории:
1. Нараторот се убива себеси и она што се случува во последните секунди од филмот всушност е само неговото замислување пред конечно да му згасне мозокот (нешто како во Stay);
2. Куршумот поминал низ образот, исто како во книгата каде неговото лице е погротескно за разлика од тука и каде Нараторот веќе има дупка од другата страна на лицето како последица на една од тепачките со Тајлер (читај: со самиот себе), иако тука јасно се гледа дека оштетувањето на неговата глава е поголемо од само една дупка во образ;
3. Истрелот е само последен начин на Тајлер да му покаже на Нараторот дека го достигнал дното, затоа и Тајлер исчезнува - веќе не е ни потребен. Или поопширно и од друг агол: преку извршувањето самоубиство, Нараторот покажува дека веќе не се плаши од смртта и од болката (што и всушност Тајлер го учи во сцената кога му става хемикалии кои му ја горат раката), а поради тоа улогата и учеството на Тајлер веќе не е потребно, зошто Тајлер беше создаден во умот на Нараторот за да ја искаже целата таа бунтовност и непромисленост во него која тој толку сакаше да ја потисне;
4. Сосема спротивно на третата терорија - Истрелот покажува дека Нараторот дефинитивно го отфрла Тајлер со тоа што го убива. Приврзаниците на оваа теорија велат дека куршумот всушност поминал низ главата на Нараторот, но бидејќи таму има две личности - Тајлер е убиениот, а не Нараторот (од таму и дупката во главата на Тајлер, а не во главата на Нараторот);
5. Теорија која не ги исклучува некои од другите - нарушувањето во мозокот од кое страда Нараторот (DID) според медицината може да се излечи доколку пациентот доживее трауматичен настан - обидот за самоубиство е de facto траума!;
6. Уште една теорија која не исклучува некои од другите - куршумот поминал низ мозокот на Нараторот, правејќи некој вид псевдо-лоботомија (го отстранил на оној дел на мозокот каде се наоѓала Тајлеровата свест и подсвест);
7. Ниту еден од двајцата не умрел - со истрелот Тајлер и Нараторот конечно стануваат едно;
8. Онаа теорија во која јас најмногу верувам - по истрелот, јасно е дека Нараторот станува комплетно различна личност од тоа што беше. Ете на пример првенствено - држењето на Марла за рака потврдува дека тој престанал да ги порекнува своите чувства кон неа. Дополнително, пред да заврши филмот, накратко се појавува кур на екранот: нели Тајлер беше тој кој ставаше курови како кратки кадри во рандом филмови? Зарем ова не е суптилно наговестување дека Тајлер е се уште жив? Оваа теорија е или поткрепа на седмата, или посебна теорија според која Нараторот е тој кој згаснува по истрелот, а Тајлер е тој кој преживува, па победата ја манифестира преку кадарот со курот вметнат додека го гледа и ужива во рушењето на зградите (читај: поредокот).
Фала на IMDB за некои од теориите.