Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не сме имале таков однос со Миленко така како што мислиш. Најмногу заедничко присуство на бунтови пред се околу името. Имам непроверена гласина дека работел на омаловажување на нашето делување. Но и да е вистина благодарен сум му на се што стори во тие кризни моменти за неменување на името како и неговиот антиглобалистички придонес.
А Бетмен Велит го познаваш?
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Со кој и против кој ќе се бореш?
Големи зборове не значат големи дела, македонски брат.

И јас се борам секој ден со грутките, ама некак ја губам битката. Они стануват се поголеми, јас се погрбав. Накрајо ќе ме затрупат со 3 кубика грутки. Џабе сам ги пуцал цел живот.... :(
Зошто така мислиш братче. Јас би се гордеел на твое место. И кога имам таква работа сум посебно исполнет.
--- надополнето: 25 септември 2013 во 19:34 ---
А Бетмен Велит го познаваш?
Нели пишав само се знаеме. И толку, ништо повеќе од тоа.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.663
Поени од реакции
59.712
Чек сега, дечково е припадник на некаква организација...?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Луѓето се релативна и чудна категорија и знаат да дадат плод над очекувањата кога најмалку си очекувал. И овие овде што се исмеваат со Македонија, во дадена прилика може да сторат се што е во нивна моќ за доброто на Македонија.
Важно да го исполниш својот долг, за да ти биде убаво со себе. А за тоа кога ќе се оплоди, не е наша работа.
Епа оди во Сахара посади грав во песокот да те видам колку ќе никни.
За некои работи кога се нема услови, се нема и крај.
Во Македонија општата маса е на незамисливо низок степен на свесност и култура.
И не можиш да очекуваш ти таа маса народ со ниска свест и култура да поседува критичко размислување и објективност во согледување на работите.
А од муабетиве шо ги чкрапаш на форумов добивам впечаток дека и ти не ги поседуваш тие карактеристики за да се одвоиш од општата маса на народ.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Чек сега, дечково е припадник на некаква организација...?
Да се придружам во прашањево, поп некој е?
Со кој и против кој ќе се бореш?
Големи зборове не значат големи дела, македонски брат.

И јас се борам секој ден со грутките, ама некак ја губам битката. Они стануват се поголеми, јас се погрбав. Накрајо ќе ме затрупат со 3 кубика грутки. Џабе сам ги пуцал цел живот.... :(
Како бе против кој? Па против грчките шпиони и против предавниците кои сакаат да ја распарчат библиска Македонија и лавовите патриотски во неа!!
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.663
Поени од реакции
59.712
Зборат поназад за некакво Македонско братство, па ги замешаа Миленко, онаа несреќата што се избрука со колумната, попара направија не ми се чита, па би сакал на кратко да знам чии ставови ги застапува членот.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зборат поназад за некакво Македонско братство, па ги замешаа Миленко, онаа несреќата што се избрука со колумната, попара направија не ми се чита, па би сакал на кратко да знам чии ставови ги застапува членот.
Стар член од Кајгана, ако ти текнува беа екипа Еди ребел, огледало, битушанец своевремено, Мисирков и уште некој. Дотичниов е член на Македонско Братство кое се формираше кога беше инцидентот за името на Пела. Главна икона во таа екипа беше Миленко. Миленко како што си го дал Господ лицемерно одвратно створење им го сврте грбот. Братството имаше резултат 0. Дрндаа што дрндаа имаше и попови членови, некои и се тргнаа и јавно ги плукаа. Предвесник на ова братство имаше овде на кајгана акција за формирање на невладина организација. Од кога се случија почетоците каде бев и јас член првата дискусија беше: Да се приклучиме на вемеро ќе бидеме појаки. И тука заврши се.

Многу од нив се дел од политичката кампања на владава. Дел од нив се приклучија на Достоинство и му подадоа рака на БЦ. Дел фанови на бугарон Љупчо. На крај испадна дека политички беа секако активирани. Под превезот на патриоти, сите си го пикнаа гзот некаде. Дел се попови во Македонска Архиепископија. Останаа чисти еден двајца, беа организатори за протестине за Министерот за одбрана. Која започна со ќотек врз еден од организаторите. Небитно да не должам. накратко овие луѓе ги заборавија ликовите кои го организираа Пела, ги заборавија оние рамо до рамо кои стоеја на сите протести и дојде ред да не наречат тиквари и дезертери. Оние кои длабоко паднаа под стапалата на Миленко и Мирка.

Толку е мала државата што се знае кој и како дише. Небитно, секој со совеста.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.663
Поени од реакции
59.712
Добро, фала. Да знам да не влегувам во дискусија воопшто.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Добро, фала. Да знам да не влегувам во дискусија воопшто.
Ич. Кампањата кажав и претходно е започната, ќе видиме како ќе се справиме овој пат. За некој ден и битушанец очекувајте го.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Да се приклучиме на вемеро ќе бидеме појаки.
Myth busted.
Сега е јасно од каде тој недостаток на интелигенција и логика кај дотичниот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
Оној кој трајно заминал од Македонија, тој е дезертер од македонскиот народ.
Израел, Ирска, Ерменија. Три држави кои најверојатно не би постоеле на картата на светот ако не биле нивните „дезертери“. И интересно, три држави со слична историја на оспорување од соседите и многу лимитирани ресурси како нас.

За една работа би се согласил со тебе. Тие што заминуваат во странство, заминуваат поразени. Кои пред 50 години заради политички прогони, кои денес заради економски пропаст. И тоа е наш најголем проблем. Тие луѓе не сакаат ни да се сретнат едни со други, а не па да соработуваат. Заради гневот кој им тлее откако биле приморани да заминат. А ние не правиме ништо за да ја прескокнеме таа препрека, туку баш напротив, го зголемуваме јазот.

Македонците не ги спасува организирање во границите на државава, затоа што државава нема доволно ресурси да ги задоволи сите. Македонците единствено може да ги спаси организирана и влијателна дијаспора. Барем на нивото на албанската или српската, па нека биде сметана и за криминална ако треба.
 
Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285

Отишол тој воз одавна. Друго е да имаш еден куп гладни Ирски католици или неуки шипои, зошто сите тие емигранти ќе се котат како луди, можеби и после првата генерација. Штом испратиш веќе едуцирани луѓе, нема аир од таа емиграција. Ни ќе може, нит сака да се организира (зошто не гледа поента) и после многу кратко време ќе се стопи со новата средина, оставајќи го ова јуначиштето тука да се бори за македонцките правдини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom